Уште малку за “братската љубов“ од српските говна: “Во книгата Кирил Прличев за српскиот терор во Македонија, објавена во 1917 година и заснована на податоци на Извештајот на Карнегиевата комисија за балканските војни, наведува дека во Кавадаречка општина вкупно биле убиени 195 души, а силувани 15 жени. Само во Кавадарци биле убиени 25, а во селата Ваташа 37, Бохула 45, Сирково 26 души итн. Во Неготинска општина биле убиени 331, а 488 куќи биле изгорени. Само во Неготино биле убиени 117 души, а во селата Прждево 37, Бистренци 39, Бесвица 28, Куријата 20 итн.
Поголема е бројката што ја соопштуваат некои сведоци и учесници во Тиквешкото востание. Блажо Видов тврди дека вкупно во Тиквешијата биле убиени повеќе од 1.200 души, од кои во Кавадарци 363, во Неготино 263 и во Ваташа 89. Во Кавадарци биле изгорени над 60 куќи, а во Неготино една третина од вкупниот број куќи во градот. Најмногу настрадале селата Мрзен Ораовец, Фариш, Глишиќ, Ваташа, Марена, Куријата, Паликура, Рибарци, Манастирец и Шивец каде што имало и најмногу изгорени куќи. Според Васил Сеизов, вкупно во Тиквешијата биле изгорени повеќе од илјада куќи, околу 500 души, мажи, жени, деца и старци биле убиени, заклани и живи изгорени, околу 750 куќи во Неготино биле опожарени, а вкупно во Неготинска општина биле убиени околу 500 души, од кои само во градот Неготино 280 души.“