Влатко Лозановски

S

stefi

Гостин
Така ништо не се решава, и тоа не е поентата.

Цело време само слушаме жалопојки за нашава сцена, за недостатокот на квалитет итн. Е па Влатко е една од причините поради тоа, и доколку вас ви е сеедно мене не ми е-а верувам има и други. Така да јас ќе ја искористам секоја дадена можност да го искажам своето мислење и ако постои било каков начин да ги одтргнам таквите "фацки" од нашата сцена.
Ако сакаме да не сакаат другите треба првин сами да се сакаме, ама не по цена да се циганчиме на се што лета. :)
Ova boldiranovo ne ti beshe ok, nema sho da reshavash tuka.... I Verica Pandilovska nema glas pa sho pak e peachka, Vlatko Lozanovski barem ima ubav glas za razlika od nekoi....:helou:
 
Член од
13 април 2008
Мислења
3.998
Поени од реакции
1.086
од денешен ВЕСТ

[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif]Влатко Лозановски на евровизиски виртуелен фестивал[/FONT]
[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif]Поп-пејачот Влатко Лозаноски, со евровизиската песна "Блиску до мене", ќе биде македонски претставник на евровизискиот виртуелен фестивал "Втора шанса", каде што обожавателите од европските земји преку Интернет ќе ги праќаат своите гласови. Влатко доби најмногу гласови од евровизиските обожаватели од клубот ОГАЕ - Македонија, кои имаат право да пратат свои претставнички песни на виртуелниот фестивал. Таму може да стигнат изведувачи што учествувале на националниот избор, но не победиле. По Влатко, второто место според фановите го освои Наде Талевска со песната "Дали мислиш на нас", а третото му припадна на Даниел со "Сила на љубовта". На Интернет-фестивалот "Втора шанса" учествуваат песни од сите европски земји. [/FONT]



:vozbud:Колку повеќе ги слушам Блиску до мене и Сонце не ме грее, се повеќе ми се допаѓаат, одлични песни
 
Член од
13 април 2008
Мислења
3.998
Поени од реакции
1.086
Колку повеќе му ги слушам песните, толку повеќе ми стануваат омилени и воедно тој како пејач почнувам се повеќе и повеќе да го сакам и почитувам.
Обичен без тебе, Сонце не ме грее, Блиску до мене - преубави песни.
Сега имаше интервју на Ексклузив, момчето навистина изгледа и е скромно, не сака да го експонира приватниот живот во јавноста и затоа секоја чест
 

burn84

Говорете Македонски
Член од
4 февруари 2006
Мислења
6.579
Поени од реакции
1.500
Ova boldiranovo ne ti beshe ok, nema sho da reshavash tuka.... I Verica Pandilovska nema glas pa sho pak e peachka, Vlatko Lozanovski barem ima ubav glas za razlika od nekoi....:helou:
Болна точка ми е влатче бе...
Се во врска со него е лажно, па и таа скромност на која што жениве сечат вени.

СЕЉАК!
 

/gone/87

+++FOR CLEAN SKOPJE+++
Член од
30 март 2009
Мислења
1.769
Поени од реакции
119
ок,го копира тоше(тое е факт),но дали гласовните и пеачките способности му е тапа,фалш,или не знаее да пее????????или само го критикувате поради тоа што го копира тоше.........па добро де значи после тоше кај нас не треба да има човек што ќе сака да пее "подобро" од него(малку звучи нереално)...може тоше му е идол,личност од која сака да учи,...бидете малку оптимисти оставете го човекот да се покаже-истото беше и со тоше кога почнаа да пее,ваков бил онаков бил,ова имал,она имал---------А ВИДЕТЕ КОЛКАВА КАРИЕРА НАПРАВИ СЕКОЈА МУ ЧЕСТ
 
Член од
15 март 2006
Мислења
95
Поени од реакции
5
Епа затоа цела МАКЕДОНИЈА го мрази, затоа што е само обичен имитатор и ништо повеќе
Никогаш нема да биде популарен, никогаш!!!
Многу брэо и лесно менуваш мислење, нели??
 

Fackasta

Ама друже .. ЗАШТО ?!
Член од
2 мај 2009
Мислења
120
Поени од реакции
13
Е шо му фали на Влатко? Не е тој крив шо има сличен глас како на Тоше..
ДЕчково е со стварно добри квалитети и јас мислам дека него требаше да го испратиме на Евровизија и дека ќе не претставеше во многу добро светло.. Како и да е.. Добар е Влатче Само напредд!
 
Член од
2 април 2009
Мислења
1.405
Поени од реакции
177
Баш убаво пее дечково и времето ќе покаже дали е како вие што викате „бледа копија на Тоше“.Сега за сега,убави песни има и како што пишуваше во претходниот пост не е он крив што има слична боја на глас како на Тоше...Така да,одјебете има време,па послем ќе го вреѓаме и сл.:smir:
 

VeS

.
Член од
16 мај 2008
Мислења
4.749
Поени од реакции
2.355
Од Влатко само ја поштувам "Сонце не ме грее"
некако почнува Тоше да го имитира(не зборувам за гласот,знам дека тој е сличен, но по потезите што ги прави и говорот...)
 

rossoner stefan

Модератор
Член од
5 декември 2007
Мислења
1.770
Поени од реакции
192
ок,го копира тоше(тое е факт),но дали гласовните и пеачките способности му е тапа,фалш,или не знаее да пее????????или само го критикувате поради тоа што го копира тоше.........па добро де значи после тоше кај нас не треба да има човек што ќе сака да пее "подобро" од него(малку звучи нереално)...може тоше му е идол,личност од која сака да учи,...бидете малку оптимисти оставете го човекот да се покаже-истото беше и со тоше кога почнаа да пее,ваков бил онаков бил,ова имал,она имал---------А ВИДЕТЕ КОЛКАВА КАРИЕРА НАПРАВИ СЕКОЈА МУ ЧЕСТ
Секоја чест за постот!

Ах брее.Се музички експерти, и музички филозови на форумов.Го искритикувавте човекот, ко да сте вистински стручњаци, со големо музичко педигре, ко џанам низ вашите раце да прошле а воедно и сте создале голем број на музички имиња.Страшно.
Влатко има фантастичен глас.Поседува голем број на квалитети , од кои може да стане вистинска ѕвезда.Проблемот е што се родил во погрешно време и погрешна земја.Дека кај нас, се што е ново или не се прифаќа или треба долг процес да се сфати дека некој е подобар од нас.И да секако нали од музички експерти ко на форум.
Е ај сега.Личел на Тоше.Епа ај и ја ке се ишишам ко Тоше ке пуштам брадичка, и шо, треба да не ме саакат дома дека личам на него?
До некаде многу наивни размислувања се тие дека го копирал Тоше.
Знаеме дека Тоше беше еден и единствен, незаменлив.Ама Тоше исто така претставуваше голем идол и на нас обичните смртници, и на неговите колеги, кои до некаде се угледуваа на него.
Што има лошо ако ги превземе кај себе некои од особините било на Тоше, било на Џастин, било на Енрике, или која и да е друга позната музичка ѕвезда.Ништо.Само ке научи повеке и ке стане поуспешен.
Влатко е скромен човек, кој залсужува почит.Барем тој тоа го заслужува.Единствено не ми е јасно што бара во ПЛАН Б продукција кај Џеј Џеј.Се надевам дека ке разбере дека му е грешка и дека ке премине во некоја друга продуцентска куќа, впрочем ако има каде, дека нели кај нас освен Авалон, План Б и М2 нема други продуцентски куки, или има ама неможат да дојдат до израз од погоре споменатите окупатори на македонската музичка сцена.
И никогаш нема да разберам, дали ке има некој да се појави на нашата музичка сцена и да биде поддржан од сите?Мислам дека тој филм во наредниот живот ке го гледам.
 
Член од
1 ноември 2008
Мислења
7.396
Поени од реакции
1.880
Влатко не е во план Б продукција
а за тие што незнаат план Б продукција се подели си заминаа Џеј Џеј и компанија во Јован продакшн
е сега кога сме кај Влатко засега соработува со Република мислам дека така беше истите со кои соработуваат ДНК
 

rossoner stefan

Модератор
Член од
5 декември 2007
Мислења
1.770
Поени од реакции
192
Влатко не е во план Б продукција
а за тие што незнаат план Б продукција се подели си заминаа Џеј Џеј и компанија во Јован продакшн
е сега кога сме кај Влатко засега соработува со Република мислам дека така беше истите со кои соработуваат ДНК
Абе договор куќа гради, ама кај пулените некако тешко иде тоа.До вчера заедно кафе пиеја сега како конкуренција ке си бидат по фестиваливе.Свашта.Ај кој знае поубаво дали е Влатче во Република или План Б и кој ке се грижи за песните, нека каже.
 
Член од
1 ноември 2008
Мислења
7.396
Поени од реакции
1.880
Абе договор куќа гради, ама кај пулените некако тешко иде тоа.До вчера заедно кафе пиеја сега како конкуренција ке си бидат по фестиваливе.Свашта.Ај кој знае поубаво дали е Влатче во Република или План Б и кој ке се грижи за песните, нека каже.
јас де ти кажувам дека е во Република оти знам само не бев сигурен баш дали така се вика продукцијата
 

rossoner stefan

Модератор
Член од
5 декември 2007
Мислења
1.770
Поени од реакции
192
јас де ти кажувам дека е во Република оти знам само не бев сигурен баш дали така се вика продукцијата
Ок.Фала на информацијата.Уште да ми кажеше кои ''композитори '' се таму, ке биде добро.
 
Член од
20 мај 2007
Мислења
1.139
Поени од реакции
153
Е ај сега.Личел на Тоше.Епа ај и ја ке се ишишам ко Тоше ке пуштам брадичка, и шо, треба да не ме саакат дома дека личам на него?
Одлично кажано... Едноставно, тоа е стилот на Влатко. А замислете во некој друг свет и друго време Влатко да се појавеше прв на музичката сцена, пред незаменливиот (факт) Тоше, и пак да ги имаше истите вокални способности, движења, однесувањето на сцената... Тогаш, на кој ќе личеше, кого ќе копираше?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom