ок,го копира тоше(тое е факт),но дали гласовните и пеачките способности му е тапа,фалш,или не знаее да пее????????или само го критикувате поради тоа што го копира тоше.........па добро де значи после тоше кај нас не треба да има човек што ќе сака да пее "подобро" од него(малку звучи нереално)...може тоше му е идол,личност од која сака да учи,...бидете малку оптимисти оставете го човекот да се покаже-истото беше и со тоше кога почнаа да пее,ваков бил онаков бил,ова имал,она имал---------А ВИДЕТЕ КОЛКАВА КАРИЕРА НАПРАВИ СЕКОЈА МУ ЧЕСТ
Секоја чест за постот!
Ах брее.Се музички експерти, и музички филозови на форумов.Го искритикувавте човекот, ко да сте вистински стручњаци, со големо музичко педигре, ко џанам низ вашите раце да прошле а воедно и сте создале голем број на музички имиња.Страшно.
Влатко има фантастичен глас.Поседува голем број на квалитети , од кои може да стане вистинска ѕвезда.Проблемот е што се родил во погрешно време и погрешна земја.Дека кај нас, се што е ново или не се прифаќа или треба долг процес да се сфати дека некој е подобар од нас.И да секако нали од музички експерти ко на форум.
Е ај сега.Личел на Тоше.Епа ај и ја ке се ишишам ко Тоше ке пуштам брадичка, и шо, треба да не ме саакат дома дека личам на него?
До некаде многу наивни размислувања се тие дека го копирал Тоше.
Знаеме дека Тоше беше еден и единствен, незаменлив.Ама Тоше исто така претставуваше голем идол и на нас обичните смртници, и на неговите колеги, кои до некаде се угледуваа на него.
Што има лошо ако ги превземе кај себе некои од особините било на Тоше, било на Џастин, било на Енрике, или која и да е друга позната музичка ѕвезда.Ништо.Само ке научи повеке и ке стане поуспешен.
Влатко е скромен човек, кој залсужува почит.Барем тој тоа го заслужува.Единствено не ми е јасно што бара во ПЛАН Б продукција кај Џеј Џеј.Се надевам дека ке разбере дека му е грешка и дека ке премине во некоја друга продуцентска куќа, впрочем ако има каде, дека нели кај нас освен Авалон, План Б и М2 нема други продуцентски куки, или има ама неможат да дојдат до израз од погоре споменатите окупатори на македонската музичка сцена.
И никогаш нема да разберам, дали ке има некој да се појави на нашата музичка сцена и да биде поддржан од сите?Мислам дека тој филм во наредниот живот ке го гледам.