Влатко Лозановски

Член од
18 септември 2007
Мислења
2.547
Поени од реакции
33
sekoj sto izlegol od emisija na kolbasarot\pastetarot D.Vucic ne treba da bide na TV
Навистина :tapp: :uvo:?!

Драган Вучиќ е едно, а учесниците во Мак Ѕвезди се друго. Не ги мешај.

За Влатко, Петре и Јане треба да си дунстер за музика за да кажеш дека пејат лошо, а нели за некој да биде пејач треба пред се да ПЕЕ добро.

п.с. Само да се плукало...
 
Член од
1 ноември 2008
Мислења
7.396
Поени од реакции
1.880
sekoj sto izlegol od emisija na kolbasarot\pastetarot D.Vucic ne treba da bide na TV
а нешто посмешно да ми кажеше, па Влатко и пред тоа си беше опасен, а емисијата му дојде еден вид како промоција, а тоа што го одби Вучуч да му биде менаџер па затоа и наместија да не биде прв си е друго, ама затоа денес Влатче е еден од најдобрите и најславните а тој што победи дури и име не му знаеме
 
Sussaro

Southern comfort, southern sun
Член од
27 декември 2005
Мислења
6.175
Поени од реакции
25.962
1. Сличноста со Тоше е преочигледна и најблаго кажано бедна. Да се китиш со имитација на други луѓе е мизерно.
2. Нема лош глас рака на срце.
3. Песните му се што би рекол Јоцо без тебе не можам да живеам, времето да застане, дрндрндајќи.
4. Има некоја скромност и смиреност што го даваат во позитивно светло за разлика од пример Геј Геј и компанија.

Краен резултат џабе ти е и скромност и глас кога ти се крајно промашени песните и стилот.

Next....
 
Член од
22 ноември 2008
Мислења
596
Поени од реакции
99
Гореименуваниот лик е уште еден од новите бајати дечки на нашава естрада. Човек кој што нема свој карактер и ни малку оригиналност туку одеднаш после смртта на Тоше се појави пеејки ги неговите песни и копирајки се што може да се ископира од Тоше па дури и неговите движења и гримаси.

Во животот се знае дека копиите секогаш пропагале, се паметат само оригиналите!
Влатко засрами се!

П.с Не најдов ваква тема модератори средете ако треба да се среди!
Со таквите како него треба да се гордееме, не знам како вакви љубоморни испади можат да опстојат како тема, ама добро, секој си има свое мислење, Влатче си е супер, и многу убаво пее, а дали има карактер или не не можеш да дознаеш ако не го познаваш, така да мислењево ти е без врска и неосновано..:pipi:
 
Член од
1 ноември 2008
Мислења
7.396
Поени од реакции
1.880
1. Сличноста со Тоше е преочигледна и најблаго кажано бедна. Да се китиш со имитација на други луѓе е мизерно.

Краен резултат џабе ти е и скромност и глас кога ти се крајно промашени песните и стилот.

Next....
ни стил му е промаршен ни песни баш се си му е ОК и си му лежат а за тоа си добива и признанија, а дека се кити со имитација на Тоше преиспитајсе малку , оставете го Тоше да почива во мир, а Влатко да си пее па ако не ви се допаѓа не го слушате само не давајте смешни коментари
 
Македон91

Благородник
Член од
21 јануари 2009
Мислења
2.134
Поени од реакции
120
Најдобри сме значи за критика, а никој не знае да го пофали Влатко за неговиот одличен вокал, на кој би му позавиделе и веќе етаблирани ѕвезди од нашава естрада. Ама кога е наше мора да го искритикуваме и секако неминовна е споредбата со Тоше. Па немора бе секој пејач да го споредуваме со Тоше и да се надеваме дека некој воопшто може да се доближи до неговите успеси, секој пејач има нешто посебно од другите, по што е препознатлив. Мене искрено, Влатко не ми пречи, само нека продолжи, ја има мојата поддршка. Човеков има барем вокал и талент, нешто што го имаат мал дел од денешниве македонски пејачи.
 
Sussaro

Southern comfort, southern sun
Член од
27 декември 2005
Мислења
6.175
Поени од реакции
25.962
ни стил му е промаршен ни песни баш се си му е ОК и си му лежат а за тоа си добива и признанија, а дека се кити со имитација на Тоше преиспитајсе малку , оставете го Тоше да почива во мир, а Влатко да си пее па ако не ви се допаѓа не го слушате само не давајте смешни коментари
Види синко ова е отворен форум и отворена дискусија за отворени коментари. Повтори си во себе, продолжи да си го слушаш Влатко и не давај трагични реплики. Аргументирано одбрани го. ОК не е аргументирана одбрана. Оставете го Тоше да почива не е аргументирана одбрана и не го негира фактот дека апла се гледа сличноста и тоа е мислење на многу други членови, оставете го да пее исто така не е аргументирана одбрана. Истражи ги музичките води и чекам квалитетна контрареплика.
 
Член од
1 ноември 2008
Мислења
7.396
Поени од реакции
1.880
Види синко ова е отворен форум и отворена дискусија за отворени коментари. Повтори си во себе, продолжи да си го слушаш Влатко и не давај трагични реплики. Аргументирано одбрани го. ОК не е аргументирана одбрана. Оставете го Тоше да почива не е аргументирана одбрана и не го негира фактот дека апла се гледа сличноста и тоа е мислење на многу други членови, оставете го да пее исто така не е аргументирана одбрана. Истражи ги музичките води и чекам квалитетна контрареплика.
види синко Влатко го знам одамна уште ти појма немаше кој е а и Тоше беше жив
пееше ваму по кафичиве наши а и народ се збираше па секој кичевчанец ќе ти каже дека никого не имитира а тебе како ти одговара така кажиси
 
Sussaro

Southern comfort, southern sun
Член од
27 декември 2005
Мислења
6.175
Поени од реакции
25.962
види синко Влатко го знам одамна уште ти појма немаше кој е а и Тоше беше жив
пееше ваму по кафичиве наши а и народ се збираше па секој кичевчанец ќе ти каже дека никого не имитира а тебе како ти одговара така кажиси
Ќе те носам јас на Сека Алексич па ќе видиш колку народ ќе се збере ако тоа ти е репер а патем речено и она добива признанија. А мислењето на кичевчаните на локал-патриотска база ми е исто толку објективно колку и мислењето на Шема за Бранко Црвенковски. Не се работи за како ми одговара се работи за објективност, Влатко не го познавам така да гледам да сум реален. Малце нескромно може од моја страна ама сметам дека имам бајаги километри на ислушана музика за да сметам дека сум и те како релевантен.

Уште чекам квалитетна реплика да речеме длабочината н неговите текстови, да речеме музикта како композиција, да речеме оригиналност и да речеме настап (ама не од кичевски кафичи). А композиции ала Копров за Некст Тајм и ним сличните ми се лимонада хитчиња што би рекла една другарка наменети за широките народни маси, Пријатно е да ги слушаш дури и да си ги потпевнуваш ама не содржат никаква трајна или уметничка вредност. Се додека не се пробие со сопствен стил со нешто оригинално или со некаква креација од музички аспект ќе заврши како и многуте пред него.

Времето ќе покаже ама да не биде после врати ме на исто место и исто време (од пред неколку години кога бев славен)...
 
не фала за на сека можам и сам да појдам, текстовите на некст тајм се од џеј џеј
стилот си е негов личен и единствен си фура дечкото си победуе на фестивалчиња не оти е има убави песни и го слушаат сите туку дека нема квалитет затоа
 
tomislayer

Елегантно дебел =)
Член од
18 ноември 2008
Мислења
1.482
Поени од реакции
82
Не слушам таква музика... ама типот си пее убаво... неможе он да биде тоше ама не е он крив за ништо нема шо за него да кењате....
 
Sussaro

Southern comfort, southern sun
Член од
27 декември 2005
Мислења
6.175
Поени од реакции
25.962
не фала за на сека можам и сам да појдам, текстовите на некст тајм се од џеј џеј
стилот си е негов личен и единствен си фура дечкото си победуе на фестивалчиња не оти е има убави песни и го слушаат сите туку дека нема квалитет затоа
Репликите ти се се пократки и понеаргументирани. Значи стилот негов и стилот на песните или сум јас слеп, а не сум, личат на оние на Тоше. Друго, победа на фестивали може а и не мора да значи дека песната е квалитетна. Многу побитен критериум е да биде певлива да биде пријатна на уво и да биде прифатена од ширкоките народни маси. Низ музичаката историја и вакви песни биле хитови и тоа мега-хитови

па немаат врска со никаков квалитет туку едноставно се заразни и певливи. Има многу други имиња од Македонската музика кои не настапуваат на Мак-Фест, Мел-Фест и Тетовски Филиграни а што креираат музика како опус, како уметност, како уникат.
 
Член од
1 ноември 2008
Мислења
7.396
Поени од реакции
1.880
џабе ќе те цитирам џабе ќе ти пишувам имате во главата зацртано да плукате по некого па повелете, али сакале или неќеле, ви се допаѓало или не вистината е поинаква од тоа што го кажуаш па прифатил не прифатил исто ти се фаќа Влатко си тера во нагорна линија народот си го прифати квалитет каков таков за нашиве македонски простори и повеќе од добар а тебе ми те оставам со твоите сфаќања кои нити имам намера нити можам да ги променам па и секој си има право на свое мислење али едно ќе повторам доколку не ви се допаѓа Влатко немора да го слусаште или коментирајте едноставно праветесе како да не постои и фурајте си понатака а тој секако дека ќе си има кој да го слуша
 
Благодариме за повлекувањето и за конечно разумниот одговор што следи за истото. Најискрено, уживај во музиката на Влатко важно е тебе да ти е пријатно дур ја слушаш само еден совет има разлика од пријатно за слушање и квалитет тоа што се обидувам да го доловам цело време. Еве и мој скромен придонес за твое задоволство...

Kajgana Shop

На врв Bottom