Serpico
Сковинистратор / I'm Batman
- Член од
- 25 јануари 2007
- Мислења
- 11.166
- Поени од реакции
- 691
Eлоквентно.Ама не се знае дали ќе биде а србите имат речено за Македонија дека е јужна србија !!!
Алал вера, партиец :smir: Ме фасцинираш...Собранието донесе одлука да се признае Косово а не самиот Груевски, и сега не значи ако ти сакаш да си го сменеш името дека и другите сакат да си го сменат !!!
Како напишав на една друга тема, не дека немаше да се случи...ама поради осетливоста на ситуацијата, требаше да се одбере подобар тајминг. А синоќа, со паралелното признавање на Косово, ден после "фамозното" гласање во ООН (на кое бевме неутрални) само се покажа дека под директен странски притисок глумевме демократија, парламент, дискусија... па уште овој Мики ќе ми кажува: не е одлука на премиерот, на парламентот е
![Насмевка :) :)](/styles/default/xenforo/smilies/smile.png)
Сакам да поверувам дека ова е добро во сеопшта позитивна конотација за албанците во Македонија, кои ќе се осеќаат горди дека живеат во земја која го направи тоа што го направи - а не дека во иднина ќе се искористи "својот камен по својата глава". Во тоа ќе верувам, дека во друго несакам. А за финансиските реперкусии, нек му ја мислат политичарите (односно, Рикер или кој и да ги пишува изјавите на Милошовски и Ставревски).
И не барајте многу по историските читанки...се е напишано.
Буре Барут е една фина театарска претстава.
Театарска претстава сме и ние.
Лидерството значи дека некогаш треба да се донесуваат тешки одлуки. Така рече Рикер. Пред некој ден.
Која тешка одлука е наредна...тоа е се шо ме плаши. Кој е наредниот иницијален момент на реакција во јадрото и создавање на нат-критична маса, ал аморфна маса?
Дали за стабилноста на Балканот,
ќе се продадеме самите, ако некој не увери дека така е најдобро?
И кој и да зборува КАДЕ СЕ МАКЕДОНЦИТЕ, нека ме праша во лице, и ќе му кажам. Секој муабет на оваа тема е од аспект на иднината на републикава, за тој кој ќе гледа троа подалеку од носот. И за тоа треба да дискутираме.
И сеуште, не можам да сфатам....кој дигнитет го имаат пратениците кои глатко ги отфрлија трите амандмани на опозицијата од кои "нема ништо лошо шо може да ни се случи" како и со признавањето на Косово? Незнаев дека ќе дојде ден да ги бранам Шема и Бучко, ал синоќа беа коректни.