Не ни знам дали сме официјално двојазични, важно гледам дека на сите земји им се заблагодариле на нивните официјални јазици и писма (нормално). На нас на бугарски (сега го сменија на македонски) и на албански. Ок, можда не сум у тек со шиткањето национални интереси па сум ја пропуштил таа светла придобивка и албанскиот да е официјален јазик на земјава. Али зошто и на црногорците им се заблагодарија на нивен и на албански јазик. Таму сум сигурен дека официјален јазик не е и албанскиот? И зошто црногорското заблагодарување го пишале на латиница? Црногорците исто како и ние, користат кирилица.
Мислам дека и ние претеруваме, сеа морало на македонски, не требало на бугарски и тн. Да не сакаме случајно и договорот што го потпишавме со нив, за разграничување да го почитуваат?
Точно е, дека е тешко да добиеме полош сосед од другиве, али да не заборавиме дека дечките се трудат цело време, од инвазиичката 2001, па наваму.
И ве молам во име на добрососедството немојте мегаломански да барате Косово да не вика со уставно име, да ги почитува потпишаните меѓудржавни договори (како тој за разграничувањето), да се воздржува од уфрлање на вооружени групи на наша територија, да ни праќа радиоактивни железарии и сл. Зашто со таквите барања се нарушуваат човековите права на Албанците од Косово и Илирида. А тоа е стварно нехумано од наша страна (како и да се вика).
А за правата на Гораните... немаат попаметна работа, со тоа ќе се занимаваат.