Живеење заедно без брак

Член од
8 октомври 2009
Мислења
821
Поени од реакции
301
е тоа е друго веќе кога ке сме верени..па и сега така сите прават ке се верат и по 2-3 месеци ке се венчаат

Аааа јок брате. Што се 2-3 месеци:toe: Јас заеднички живот под 6 месеци не признавам

Да му ги научам навиките. Не е исто кога си живееш заедно и кога си во врска. Да бидеш со некого по цел ден ( односно да живееш заедно ) е голем предизвик. Тек тогаш ќе почнеш да го запознаваш партнерот. До тогаш ни 20-30% не познаваш
 
Член од
12 декември 2010
Мислења
10.491
Поени од реакции
11.440
Аааа јок брате. Што се 2-3 месеци:toe: Јас заеднички живот под 6 месеци не признавам:pos:
Да му ги научам навиките. Не е исто кога си живееш заедно и кога си во врска. Да бидеш со некого по цел ден ( односно да живееш заедно ) е голем предизвик. Тек тогаш ќе почнеш да го запознаваш партнерот. До тогаш ни 20-30% не познаваш
сакам да ти кажам незнаеш какви ги има...ке биде најнежниот и најдобриот што го познаваш се дур не се венчате е тек послем ке се променат работите...ме разбираш? а ако планирате да се верите нема тоа да се слуши освен ако не се познавате добро и добар дел да некажам сите од паровите што одат долго се постојано заедно така да и често заедно спијат кај едниот од партнерот така да одприлика се се знае ))
 
Член од
8 октомври 2009
Мислења
821
Поени од реакции
301
сакам да ти кажам незнаеш какви ги има...ке биде најнежниот и најдобриот што го познаваш се дур не се венчате е тек послем ке се променат работите...ме разбираш? а ако планирате да се верите нема тоа да се слуши освен ако не се познавате добро и добар дел да некажам сите од паровите што одат долго се постојано заедно така да и често заедно спијат кај едниот од партнерот така да одприлика се се знае ))

Ааа да да. Кога ќе го донесам потенцијалниот зетко дома, мајка ми ќе ми рече: Браво ќерко, кога свадба?!? Татко ми ќе рече, кој е овој бе?!? Од улица ли го собра да преспие?:pos::pos:
Сакам да кажам, не сите партнери си преспиваат по дома. И да речеме дека ќе дојде кај мене и ќе преспие. Еднаш, два пати, дваесет пати...
Да не стане да избрише прашина, да ми помогне да исчистам, да оди по леб, да направи ручек?!? Па, па, па...Никад не би. Се додека не се одделат партнерите од дотогашното живеалиште, каде што нема да има тато носи, мама меси ( односно се на готово ) нема да го познаваш баш така добро партнерот.
Муабетот ми е дека таквото преспивање едни кај други не наметнува скоро никакви обврски. Која ќе бидете сами, свои на своето, тогаш ќе се почувствува каква е иднината на заедничкото живеење.
Всушност ова е само мој став и не мора никој да се согласува со мене. Сепак јас така гледам на работите, не значи дека и другите го мислат истото:smir:
 
Член од
8 ноември 2010
Мислења
54
Поени од реакции
6
Да, дефинитивно. Најдобар пример за тоа се Vanessa Paradis и Johnny Deep :bravo:
 
S

Sagan

Гостин
Според мене, најчист вид на односи меѓу еден маж и една жена.
Љубовта и грижата еден за друг (и децата евентуално) им се доволни за да се заедно.
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.829
Поени од реакции
8.850
Немам против ништо заедничкото живеење без брак, баш напротив ми се допаѓа.Еве јас неколку месеци веќе како заедно живеам со дечко ми.Ме иритира тоа што поголем процент од луѓето на тоа гледаат негативно, имаат ептен традиционални сваќања во врска со тоа. Еве на мене една повозрасна колешка постојано ми вели ајде, ајде колку време сте заедно, па заедно и живеете, ајде на свадба да ви играме, па така и родителите ќе ги успокоите. Аман бе луѓе, од кај ви правото да се мешате секаде кај што не треба. Добро ми е вака, тој лист хартија и не ми значи премногу, позначајно е да има разбирање меѓу себе, инаку и брак и се ти е џабе...се во свое време.
Срцка ич уво да не ти чуе :) Јас се надевам дека кога ќе дипломирам и ќе работам, со брзина на светлината ќе ја смаглам од дома, да живеам сама, а ако уште идам со дечко ми тогаш, заедно ќе живееме. Бракот мене и не ми е нешто привлечно и нешто што го чекам со душа, па така не верувам дека во наредниве 2 год. нешто ќе се промени. Ќе се промени тоа што ќе си ја сменам адресата, и што ќе имам секс без да се секирам дали татко ми станал, да не му биде непријатно ако слушнал нешто :) Уживај си и не му се замарај... твој живот - твоја работа, а другите.... кои беа тие? :)
 
Член од
4 мај 2009
Мислења
2.476
Поени од реакции
5.545
Симпатични ми се теориите за брак, бидејќи се само тоа -- теории. Ќе напишам неколку збора од сопствено искуство. Неопходните компоненти за брак се: љубов, почит, зрелост, компатибилност, несебичност (освен љубовта, редоследот на останатите компоненти е рандом). Доколку сите овие компоненти постојат, речиси сосема е релативно проведеното време заедно, иако не го препорачувам брзото стапување во брак. Од друга страна, познавам многу парови кои биле во долга предбрачна заедница и пукнале (пред да стапат во брак или откако се венчале). Многу мажи и жени мечтаат за идеални партнери а не работат воопшто врз себе. Еве јас што би препорачал за убава врска и брак: работете врз себе и бидете одличен партнер. Ама правете го тоа искрено и со љубов, трпение и почит. Бидете се` она што го посакувате од другиот. Останато само по себе ќе си дојде.

Ако зашибав оф топик, бришете ме слободно.
 
Член од
15 јуни 2011
Мислења
409
Поени од реакции
304
A jas ne sfakam koja e razlikata da ziveam zaedno so decko mi i da se omazam so nego....koga veke ke ziveeme zaedno zosto da ne se zememe?????
 
Луси

extreme
Член од
17 септември 2008
Мислења
6.838
Поени од реакции
20.304
A jas ne sfakam koja e razlikata da ziveam zaedno so decko mi i da se omazam so nego....koga veke ke ziveeme zaedno zosto da ne se zememe?????
Разликата е во тоа што ако не ја бива двајцата ќе можете да се разотидете без последици и судски трошоци и плус трошоци на адвокати, брак е комплексна работа и кој нема муда јас со 10 прста потпишувам да си ужива во заеднички живот без пемпеле, има еден паметен му го забораив името вика: најтешкото нешто за човек е да престане да биде егоист, а егоизам во брак не функционира.
 
Член од
15 јуни 2011
Мислења
409
Поени од реакции
304
ako ne ja biva vrskata ke mozete to da go videte i ako ne ziveete zaedno...ne oprvduvam ziveenje zaedno pred brak
 
С

Сатори

Гостин
A jas ne sfakam koja e razlikata da ziveam zaedno so decko mi i da se omazam so nego....koga veke ke ziveeme zaedno zosto da ne se zememe?????
Затоа што ако живеете заедно а не сте во брак нема да можеш како вонбрачен партнер ништо да наследиш според законот за семејство и законот за наследување.Освен тој мал детал и попатно фактот дека ќе ти биде многу полесно да бараш издршка при евентуално разделување, нема апсолутно никаква разлика.

Јас од лично искуство можам само да кажам дека да живееш со некој и да не си во брак е погрешна инвестиција, освен ако не сакаш да си го заштитиш наследството.Настрана правните аспекти, бидејќи не сум голем поборник за разводот, уште помалку за абортус и сите тие слични пост-модернистички срања, би влегла во брак само ако сум 100% сигурна дека ќе биде траен и дека тој човек сакам да го гледам секој ден до крајот на мојот живот.Ако не најдам таков човек, зошто воопшто би играла улога на домаќинка за некој друг со кого не сакам да влезам во брачна заедница.
 
Член од
10 август 2011
Мислења
1.930
Поени од реакции
7.811

Ќе можеш да наследиш исто ако си живеел повеќе од една година со вонбрачниот другар, или точно кажано ако сте живееле во " трајна животна заедница" . А најчесто луѓето што не се решаваат да стапат во брак поради икс причини, а живеат заедно, тоа го прават подолго време. Така да исто ти се фаќа.

Во врска со темата, денеска бракот е само чисто официјализирање на врската и веќе чиста формалност, барем во најголемиот дел од државите. Правните последици се скоро исти, и останува само онаа традиционалната страна на бракот, како некоја свеченост и официјалност што и се придава на односот. Уствари се сведува на тоа што сакаат двајцата.
 
leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Ќе можеш да наследиш исто ако си живеел повеќе од една година со вонбрачниот другар, или точно кажано ако сте живееле во " трајна животна заедница" .
Дали ова важи и за хомосексуалците?
 
Kajgana Shop

На врв Bottom