Живеење заедно без брак

Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.689
Венчање во црква не кошта, освен што треба на попот да му платиш. Кошта фештата што ја правиме по ресторани.
Еден мој другар навлезен во 30 ти години живеел со девојка му во стан и ми вика нема никаква разлика дали си венчан на лист или не, исто ти е штом си под ист покрив. Јас не се согласувам целосно со ова, ама се зависи колку ти значат формалностите и свеченоста. Јас на пример задолжително сакам венчавање во црква. Без тоа, ми нема смисла. Ама тоа си е моја работа и мое размилсување. На кој како му е мило така нека си живее, негово право си е.
Супер кажано... Башка, доволно е да се соберат најблиските роднини татко/мајка/брат/сестра и да се озваничи. Немора да се прат фешти и да се канат 500 луѓе кои за првпат ќе ги запознаеш на свадбата еднаш и толку. Никогаш повеќе нема да ги видиш.

Од друга страна, заедничкото живеење без да се официјализира има неколку негативности. Неможиш да живееш во заедница, а да не инвестираш нешто (можиш месец-два-три најмногу, се понатаму е бесмислено). Се што е створено во брак (купено стан/куќа кола, намештај и тн) без разлика на кого се води, ако дојде до развод се дели 50-50 (освен со некој договор ако е кажано поинаку). Со неофицијализирањето, идиме до моментот ако дојди до недај боже разделба, едниот да остани со прстот в уста... цел живот работел инвестирал во нешто заедничко, а тоа му останува на другиот. Нефер е. Ако таквиот пар има деца? Тоа дете мора да има некое презиме... по автоматизам презимето го зема од мајката, освен ако мајката се сложи таткото да биди старател, па детето да го има презимето од таткото. Шо значи, му го препушта детето него. И пак идиме до моментот ако се разделат, детето да остани со таткото, иако пример станот и сите глупости се водат на мајката...

Зато измислиле брак... не е ништо страшно да се склопи, не е ништо страшно да се растури. Поарно така, бар знајш женет/мажена или разведен/а... долгото живеење без официјализација е ни ваму ни таму.
 
Член од
22 август 2007
Мислења
550
Поени од реакции
16
Според мене и не е толку битно дали ќе се стапи во брак побрзо или подоцна. Не гледам причина да мора двајца да се земат по некое одредено време во врска колку добро и да им оди. Сепак тоа зависи и од луѓето, се рабира треба и на двајцата да им одговара...
 

Факе

Highbury–the Home of Football
Член од
6 март 2010
Мислења
9.484
Поени од реакции
10.220
За мене живеење без брак е глупо.Зошто?Ова е Македонија бре луѓе,пусто турско јеботе.
 

iksimkd

ШшшШшшШ...
Член од
31 јули 2007
Мислења
5.000
Поени од реакции
2.184
Почитувам живеење заедно без брак. Мислам дека со тоа ќе се види дали двајца во врска би можеле да живеат заедно и кога би биле во брак. А и плус ќе се има поголема слобода, никој од страна нема да ти се меша.:toe:
 
Член од
13 август 2010
Мислења
956
Поени од реакции
1.100
Немам против ништо заедничкото живеење без брак, баш напротив ми се допаѓа.Еве јас неколку месеци веќе како заедно живеам со дечко ми.Ме иритира тоа што поголем процент од луѓето на тоа гледаат негативно, имаат ептен традиционални сваќања во врска со тоа. Еве на мене една повозрасна колешка постојано ми вели ајде, ајде колку време сте заедно, па заедно и живеете, ајде на свадба да ви играме, па така и родителите ќе ги успокоите. Аман бе луѓе, од кај ви правото да се мешате секаде кај што не треба. Добро ми е вака, тој лист хартија и не ми значи премногу, позначајно е да има разбирање меѓу себе, инаку и брак и се ти е џабе...се во свое време.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.792
Поени од реакции
12.274
Вака нешто имаше (а можда уште има) кај ромите -невеста на проба. Ја викаа невенчана сопруга. Месец-два негде беше пробата па ако ја бива, ја бива. Ако не, назаТ.
 

Стефус-Рефус

Jesus Loves Macedonia
Член од
30 август 2009
Мислења
3.452
Поени од реакции
1.210
Јас живеев 2 години со заедно со девојка ми а сега жена ми. И многу паметна работа беше. Нема везе тоа и се земавме па бевме живеевме па си заедно но, сега живееме некој период одвоено поради службени обавези. :tapp: Наравоучење за помладите брак ти е само еден добра изговор за организрање на журка-свадба. :toe:
 
Член од
12 декември 2010
Мислења
10.491
Поени од реакции
11.440
Венчање во црква не кошта, освен што треба на попот да му платиш. Кошта фештата што ја правиме по ресторани.
Еден мој другар навлезен во 30 ти години живеел со девојка му во стан и ми вика нема никаква разлика дали си венчан на лист или не, исто ти е штом си под ист покрив. Јас не се согласувам целосно со ова, ама се зависи колку ти значат формалностите и свеченоста. Јас на пример задолжително сакам венчавање во црква. Без тоа, ми нема смисла. Ама тоа си е моја работа и мое размилсување. На кој како му е мило така нека си живее, негово право си е.
мислам дека разликата е тоа што кога ке си венчан ке осеќаш поголема одговорност не би можел туку така да заминеш...вака штознам исто како во долга врска да си ..
 
Член од
8 октомври 2009
Мислења
821
Поени од реакции
301
мислам дека разликата е тоа што кога ке си венчан ке осеќаш поголема одговорност не би можел туку така да заминеш...вака штознам исто како во долга врска да си ..

Некои луѓе без разлика дали се венчани или не, не се одговорни. Тој збор за нив апсолутно ништо не значи. Утре ако им текне, ќе си ги соберат парталите и ќе си одат.

Бракот е само лист хартија што ги прави сите претходни работи официјални. Добро е за стабилноста. Се што ќе створиш е заедничко, но не секогаш има големо значење:smir:
 
A

Auditore

Гостин
Баш е топ, но замаранција, кулеранција, премногу мрчење чао доминџења..
Плус може да се надоде на ова и дека тоа ти доаѓа ко тест, чисто да видите колку ке издржите заедно ко би сте биле у брак..ммм..
 
Член од
12 декември 2010
Мислења
10.491
Поени од реакции
11.440
Некои луѓе без разлика дали се венчани или не, не се одговорни. Тој збор за нив апсолутно ништо не значи. Утре ако им текне, ќе си ги соберат парталите и ќе си одат.

Бракот е само лист хартија што ги прави сите претходни работи официјални. Добро е за стабилноста. Се што ќе створиш е заедничко, но не секогаш има големо значење:smir:
е не е така дур немаш црно на бело исто ко у врска да си...вие мислите за џабе дека бракот е измислен ааааа? море 3 деца набрзинка и да видам дали ке се разведеш така )))) :smir:
 
Член од
8 октомври 2009
Мислења
821
Поени од реакции
301
е не е така дур немаш црно на бело исто ко у врска да си...вие мислите за џабе дека бракот е измислен ааааа? море 3 деца набрзинка и да видам дали ке се разведеш така )))) :smir:
А што, да не не се разведам?!?
Ако секојдневието ми е пеколно, доколку има насилство во брачната заедница, доколку наидам на големи несогласувања..Секако дека ќе се разведам. Подобро развод, отколку трауми :)
Таквите луѓе за мене се неодговорни. Не ја почитуваат брачната заедница. Па да, ќе седам да ме понижува..Абе ајде:pos:
 
Член од
12 декември 2010
Мислења
10.491
Поени од реакции
11.440
А што, да не не се разведам?!?
Ако секојдневието ми е пеколно, доколку има насилство во брачната заедница, доколку наидам на големи несогласувања..Секако дека ќе се разведам. Подобро развод, отколку трауми :)
Таквите луѓе за мене се неодговорни. Не ја почитуваат брачната заедница. Па да, ќе седам да ме понижува..Абе ајде:pos:
абе ке ти клепне гзот кај ке одиш:pos: според мене несакаат да се венчаат само оние кои што шврљаат наоколу па што за година две ке бидат откриени и ке треба по судови да се бафтаат:pos:
бракот е убава работа според мене и ни поид разно не би живеел со некоја а да несум венчан ))
 
Член од
8 октомври 2009
Мислења
821
Поени од реакции
301
абе ке ти клепне гзот кај ке одиш:pos: според мене несакаат да се венчаат само оние кои што шврљаат наоколу па што за година две ке бидат откриени и ке треба по судови да се бафтаат:pos:
бракот е убава работа според мене и ни поид разно не би живеел со некоја а да несум венчан ))
Не би живеел ни за проба? Пред брак? Да речеме верени сте, па живеете заедно додека планирате свадба.. Ни тогаш?!?
 
Член од
12 декември 2010
Мислења
10.491
Поени од реакции
11.440
Не би живеел ни за проба? Пред брак? Да речеме верени сте, па живеете заедно додека планирате свадба.. Ни тогаш?!?
е тоа е друго веќе кога ке сме верени..па и сега така сите прават ке се верат и по 2-3 месеци ке се венчаат
 

Kajgana Shop

На врв Bottom