Искрено според мене треба управата убаво да ги репне по џебот играчите на работнички, она што ни се случи на нас првиот натпревар ви се случи на вас сега. Едноставно премногу лежерно влегоа во натпреварот, демек со копиљаци играме доволно е да одиме по теренот и ќе победиме сигурно... уште на подготовките во анталија чкрипеше нешто во тимот, а се покажа тоа и сега, освен вандаир сите други беа далеку под нивото :smir:
Абе толку ни е капацитетот и нас...шо викаш у анталија изгубивме 5/5, мада се очекуваше многу повеќе од Работнички во остатокот од сезонава, некои стручњаци велеа и дека не биле недостижни бодовите на Македонија за Работнички и повторно да стигнеме на тронот, ама ете не демантираа вчера. А згора на тоа па и вие имате поише навивачи така да џабе грло ми се откорна мене кога сепак не се слушаше нашата поддршка доле. :pos2::pos2: А тоа шо не штима мислам дека е Бобан Бабунски !