Леле што солзи имам пролеано за основното ми школо! Ах 11 јуни, 1995 чинам беше, кошмарно, трагично лето за сите соштрбњаци првооделенци! Гром го мавна пусто школо, пепел се стори! Имаше масовни плачки и длабоко допрени и погодени првачиња! Јас лично температура качив од плачење мислејќи дека тоа е најтрагичната работа што на едно седумгодишно детуле желно за наука и копање по страниците на букварот, може да му се случи! После некое време сватив дека ит уоз нат уортед! Ужасни кифли од Жито Вардар, ластик на голем одмор, страв од музичарот, налудничав и крајно неспособен кадар на чело со мутав директор и педагог познат како "црната" , класен со недоволно развиен IQ и пар натпревари и дипломички ми се асоцијација за основно!
Средно, Гимназијата велешка! :helou:! Знам дека во 3та доживеав преродба и целосна трансформација! Ги сакав одморите во Младински и на скаличките во делот на хемиска на врнежливи денови! И
City од карши а богами после и
Баба згодни беа! Трчање по автобус, шлаење низ град кога имаш време и класниот млад, неискусен се секако убав спомен!
Факултетот, незавршена приказна! Кога ќе заврши незнам мајке ми! Кога ќе се приберам и ќе ја седнам задницава на столчето пред бирото во студентското станче карши железничка! Во меѓувреме неможам а да не ги сакам скалите и вкусното млечно макијато, моите кафемат лингвисти, клупата пред зграда, пијанки сред сесија, кафе млечно, циметно на тераса, сладолед од Тобако2, студентски беден пазарлук од Тедико, дечкото на пазаршето доле, плачки за дома(да да и тоа се дешава кога си заглавен у велики прљави град месец дена) испитите во 7.30 сабајле не смеам а да не ги спомнам! Поубаво денот неможе да започне! Мкнење торбици и тегли , диско ламбата во лифтот, патот позади МРТВ кога каснам на предавање и лезетско враќање од напред, книжевност, албански навечер додека оџите се слушаат од џамиите а маглата ја обвива сивата зграда со налудничави кули и конструкција во магична мистичност...и како да не го сакам факултетот после? Го љубам! I truly do!
Тука го љубам Канак професорот англишанец и Дионисио од Португалија
Секако и фонтаната под палмите посебен кеиф ми праи!