Фан Клуб: Вардар

  • Креатор на темата Креатор на темата gerard
  • Време на започнување Време на започнување
Veruj nikad nema da ispadneme vtora liga kako taka ke se skrpi i ova i ke se najde nekoj nov asalen sponzor koj stvarno ke saka da vlozi u Vardar a trifun use ednas pokaza deka e najgolemo pederce
 
"ПЛАНЕТ М" НАЈАВУВА МОЖНОСТ ЗА ПРЕЗЕМАЊЕ НА НАЈТРОФЕЈНИОТ МАКЕДОНСКИ КЛУБ
Мишо Поповиќ денеска со понуда за Вардар!
* "Преговорите со двата колективни члена во клубот се во интензивна, завршна фаза. Утре официјално ќе ја доставиме нашата понуда до канцеларијата на клубот", ни изјави вчера Сашо Тасевски, адвокатот застапник на "Планет М" која и во мај 2008 понуди 6.300.000 евра за четиригодишен период
Вчерашниот ден придружен со официјалното писмено повлекување на Трифун Костовски од најтрофејниот македонски клуб, за ФК Вардар донесе и најава од страна на компанијата "Планет М" за можност за преземање на тимот од "Градски".
Српскиот бизнисмен Мишо Поповиќ кој стои зад компанијата со регистрирано седиште во Малта, вчера преку својот адвокат застапник Сашо Тасевски и со официјално известување дека во текот на денешниот ден до канцеларијата на "вардарци" во писмена форма ќе ја достават новата понуда за преземање на Вардар.
D77C19DE97A2AD41B50F06425729CEC9.JPG
"Утре официјално до канцеларијата на клубот ќе ја доставиме нашата понуда за финансирање во ФК Вардар. Понудата е максимално сериозна со намери вистински да се инвестира во клубот кој несомнено заслужува подобра иднина", ни изјави вчера Тасевски, притоа допрецизирајќи колкави се реално можностите за нивни влез во клубот.
"Мислам дека сега веќе шансите се навистина реални. Релациите секако се двата колективни члена кои останаа во клубот, а со кои посакуваме и очекуваме соработка. Преговорите се во интензивна, завршна фаза", вели Тасевски.
Како што е познато "Планет М", односно Мишо Поповиќ, уште во мај минатата година достави понуда за вложување во Вардар во период од следните четири години од вкупно 6.300.000 евра, или во првата година буџет од 1.200.000 евра, во втората - 1.500.000 евра, и во третата и четвртата година по 1.800.000 евра, меѓутоа поради одредени недоследности беше одбиена од страна на комисијата за избор на финансиер на ФК Вардар.
Во понудата на "Планет М" се гарантира изградба на две помошни игралишта, мини хотел за потребите на првиот тим, модерна медицинска установа за младинските селекции и купување на деловен простор на име на ФК Вардар на новата Северна трибина од "Градски", при што сите овие ветување би биле осигурани преку писмен договор. Според тој договор Поповиќ би бил согласен доколку не испочитува барем едно од ветувањата веднаш да биде прекината натамошната соработка.
Меѓутоа, низ актуелната понуда од "Планет М" истакнуваат дека во моментов како единствен услов го поставуваат останувањето на актуелните фудбалери во тимот.
"Тешко е во зимски период да се преземе клуб без фудбалери. Затоа нашиот единствен услов, е со исклучок веќе на одредените заминувања, сите останатите актуелни фудбалери да останат во клубот, т.е во моментов да не се дозволи слободно заминување. Меѓутоа, верувам дека околу тоа брзо би се договориле", вели Сашо Тасевски.
Што значи од "Планет М" официјално ќе ја достават својата понуда, меѓутоа сепак останува неизвесноста колку истата ќе биде прифатена од актуелните носители на Собранието на клубот. Околу Вардар с$ уште опстојуваат неколку варијанти за пролетен организациски изглед, па останува наредниве деновиве да го дадат конечниот одговор.
В.Булатовиќ

ПРОЗИВКАТА ОДЛОЖЕНА ЗА НЕКОЈ ДЕН
Прв пат во историјата - последни
И додека се кројат најави за нови финансиери, клубот с$ уште чека за својот старт на зимските подготовки. "Вардарци" уште еднаш рушат рекорди, овој пат поради фактот да прв пат во својата историја последни од македонските прволигаши стартуваат едни свои подготовки.
Како што вчера објавивме, шефот на стручниот штаб Милко Ѓуровски првично прозивката ја закажа за денеска, меѓутоа таа ќе биде пролонгирана за некој ден. Ѓуровски во текот на утрешниот ден од Словенија треба да допатува во Скопје, по што ќе биде разговарано и со фудбалерите околу натамошниот статус.

Фудбалерите добиваат документи, тренерите слободни...
Од сега веќе досегашните раководители на Вардар најавата дека и фудбалерите кои со нив во пакет од Работнички дојдоа во летниот преоден рок минатата година ќе може да добијат слободни документи за заминување од клубот. Сепак, понатака од самите фудбалери ќе зависи дали и натаму ќе останат во клубот, бидејќи може да имаат разговори со новите раководители. Индивидуално секој понатака би одлучувал за својата "судбина".
Исто така и тренерите во младинските школи кои дојдоа по доаѓањето на Костовски на "Градски" ќе може според сопственото убедување и договор со новите раководители да заминат или останата во Вардар.

ВЧЕРА КОЛЕКТИВНИОТ ЧЛЕН "ГОФИ ДООЕЛ" ОФИЦИЈАЛНО СЕ ПОВЛЕЧЕ ОД СОБРАНИЕТО НА ФК ВАРДАР

Трифун и со писмено ЧАО!


Во текот на вчерашниот ден со писмено известување до останатите Колективни членови на Собранието на ФК Вардар, Иницијативниот одбор за спас на клубот како и "Мода и спорт", третиот колективен член (кој број 15 члена) кој низ изминатите шест месеци го водеше најтрофејниот македонски клуб "ГОФИ ДООЕЛ" и официјално потврди дека заминува од "Градски".
2FBF78AE238406488E4C0CF8C4FCD19C.JPG
Писмени оставки и до канцеларијата на "црвено-црните" заведени на 12 јануари 2009 поднесоа и претседателот на Собранието, Трифун Костовски, како и претседателот на Надзорниот одбор, Славко Секулов.
"Со оглед на новонастанатата ситуација во ФК Вардар би сакале да ја известиме македонската јавност и колективните членови од Собранието на Вардар во име на досегашната раководна структура претставувана од страна на претседателот на клубот, Трифун Костовски, и колективниот член од Собранието на ФК Вардар, претставуван од страна на групацијата ГОФИ ДООЕЛ дека конечно и дефинитивно на денешен ден депонирани се оставки од страна на претседателот на клубот, Трифун Костовски, и воедно доставена е и одлука за истапување на колективен член од Собранието на ФК Вардар претставуван преку ГОФИ ДООЕЛ и истите се доставени до ФК Вардар и до останатите два колективни члена.
На наше големо жалење, раководењето со нашиот најголем фудбалски колектив заврши. Сакаме да напоменеме дека како и претходно и на самиот крај сакаме да бидеме максимално коректни и фер и во тоа име ја прифаќаме обврската која ја посакува Иницијативниот одбор за спас на ФК Вардар, клубот да се врати во првобитната состојба пред нашето преземање. Тоа значи дека с$ што ние како главни финансиери инвестиравме во развој на клубот и покривање на некои обврски кои беа наталожени и пред нашето доаѓање искрено веруваме дека се инвестирани на места каде што само придонело за извлекување на клубот од лошата состојба во која го затекнавме и воопшто не жалиме за секој денар кој е вложен затоа што и ние самите сме големи љубители на најголемиот фудбалски колектив, ФК Вардар.
Веруваме дека и покрај тоа што нашиот престој во ФК Вардар беше прекраток за да покажеме дека сепак можеме да го вратиме Вардар на старите патеки, дека клубот со некоја нова раководна структура сепак ќе успее да го достигне својот вистински сјај на кој и ние ќе бидеме горди", се вели во вчерашното соопштение од страна на Трифун Костовски и групацијата "ГОФИ" до медиумите и раководните структури на "вардарци".

Парите добиени за пуштените фудбалери на сметка на Вардар
Меѓудругото во вчерашното соопштение досегашните финансиери на Вардар потенцираат дека единствено нешто кое не можат да го вратат во првобитната состојба на клубот пред нивното доаѓање е враќање на суспендираните фудбалери кои беа пуштени, меѓутоа средствата за нив ќе бидат вратени на жиро-сметката на Вардар.
"Единствено нешто кое не можеме да го вратиме во првобитаната состојба се суспендираните играчи кои подоцна од наша страна беа трансферирани во друг клуб, меѓутоа би сакале да ве известиме дека сите средства кои се добиени од истите фудбалери ќе бидат вратени на жиро сметката на ФК Вардар", се вели во соопштението на досегашните финансиери.
Што значи дека на сметката на Вардар ќе останат 70.000 евра, наменети за доизградба и реконструкција на помошното игралиште, колку што беше договорот за ослободување на суспендираните фудбалери.
 
Би требало сега да му дадат шанса на Србинот...којзнае можеби ќе не извади од дупката :toe:
 
Би требало сега да му дадат шанса на Србинот...којзнае можеби ќе не извади од дупката :toe:

Се сложувам, кога веќе нема трет нека му се даде него шанса, тоа што го ветува воопшто не е лошо.
 
Колку само знаев дека ќе се случеше ова со костовски големо педерче е уште кога се појавија шпекулациите бев против неговото доаѓање и од кога го зема вадар неотидов на утакмица педер жив е тој сигурно направил некоја далавера со кладилницата што ја имаше но не се секирам вардар ќе трпи ама пак ќе биде таму кај што заслужува НА ВРВОТ!
 
Си ги испра парите Трифун и толку не му треба Вардар више.Само јаже за вакви:tapp:
 
Значи читам постови и се смеам :) едно нешто ме интересира само. Како можи некој што НЕ ГО САКА тимот да жали шо пропаѓа?! Оти вие го МРАЗИТЕ вардар. Како можи не сваќам.. на трибините вардар вардар, 1-1 во Кичево и ги отепавте играчите. То сакање е?! Влегоја комитите во управата украдија то шо можеше да се укради и нормално не сакат да бегат. Фудбалот фала богу кај нас не дојде до такво ниво да пропаѓа тимот, ама ракометот дојде. Чкембарите го презедоја и со СОПСТВЕНИ пари го задржаа во живот.

Значи прашањето ми беше: Како можи да го сакате клубот кога фрлате со камења по играчите?!
 
Значи читам постови и се смеам :) едно нешто ме интересира само. Како можи некој што НЕ ГО САКА тимот да жали шо пропаѓа?! Оти вие го МРАЗИТЕ вардар. Како можи не сваќам.. на трибините вардар вардар, 1-1 во Кичево и ги отепавте играчите. То сакање е?! Влегоја комитите во управата украдија то шо можеше да се укради и нормално не сакат да бегат. Фудбалот фала богу кај нас не дојде до такво ниво да пропаѓа тимот, ама ракометот дојде. Чкембарите го презедоја и со СОПСТВЕНИ пари го задржаа во живот.

Значи прашањето ми беше: Како можи да го сакате клубот кога фрлате со камења по играчите?!
pa ti znaes delijete sto im napravija na igracite na zvezda i od togas pocnaa da igraat kako so treba....
 
Значи прашањето ми беше: Како можи да го сакате клубот кога фрлате со камења по играчите?!
Ако јас го сакам клубот, не мора да значи дека треба да ги сакам и играчите во кои играат во него. Како може да сакам некој играч, кој што не го дава максимумот за тимот кој што јас го сакам?
 
Се навива за дресот, а не за тие што го носат дресот...

Не обрнувајте внимание на ситни битолски риби. Тие со нивното екипиче нека играат втора лига и нека ќутат, нека не се мешаат у туѓа манџа.
 
Значи прашањето ми беше: Како можи да го сакате клубот кога фрлате со камења по играчите?!
како да не фрламе?100 пати имаше предупредувања до нив, на тренинзи имаше комити за да ги мотивираат,уште ветуваат дека ќе го дадат максимумот,Трифн им вети по 1000 евра за секој играч ако тепаат и тие пак ништо 11 утакмици по ред без победа,па не се трпи веќе
 
Значи прашањето ми беше: Како можи да го сакате клубот кога фрлате со камења по играчите?!

Вашата верност кон клубот ја видов кога Пелистер беше во Втора лига, на стадион имаше дури по 30 души.

Убаво ти кажаа сите погоре, се навива за клубот и за дресот, не се навива за играчите.
 
Да се навива за дресот а не за играчите.. и лани навивавте за дресот кога изгубивте од милано со 9-0.. младинскиот состав кој ги знај.. дресот .. кој дрес која утакмица кога знајте дека ќе изгубите..
 
Да се навива за дресот а не за играчите.. и лани навивавте за дресот кога изгубивте од милано со 9-0.. младинскиот состав кој ги знај.. дресот .. кој дрес која утакмица кога знајте дека ќе изгубите..

По твојава логика треба да се навија за тимот само кога тој ќе победува...:toe:

Епа ај сите за Манчестер да навијаме ако не...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom