Руфи Османи се враќа во политиката

  • Креатор на темата Креатор на темата Quark
  • Време на започнување Време на започнување
Незнам што се буни Руфи Османи за својата кандидатура кога ако законот вели неможе сега тој да измислува топла вода само затоа што тој имал желба да се кандидира или дека од народот имал подршка. А законот нели има подршка од поголем број на народ? Па нели сакаме правна држава, нели во правна држава треба да се почитуваат законите. Зошто голем број луѓе кои на овој или на оној начин желни за власт поради лични и колективни причини секогаш се издигаат над законот само заради тоа што мислат дека без нив политиката не бива. Кога ќе сфатиме дека без секого се бива и нетреба од секого да правиме идол.
 
N e e do toa ne znae kako da go prashuva Amdi Bajram kako go otkri taa topla voda pa mu frla kamen nemu
 
Руфи мислам дека не би ја добил така лесно битката со ДУИ. ДУИ е голема партија со ограноци, штабови и сл. Едно е ваков муабет на форум, а друго е работа на терен. Треба да се излезе и да се одработи кампањата. И тука е разликата помеѓу (не ме сфаќајте буквално) еден човек и голема партија.
Плус, во албанскиот гласачки кампус повеќе од било каде се гласа според правилото - "ќе гласаш ја како ќе ти кажам", односно прилично дисциплинирано се гласа за поголемите албански партии.
Вие можете да си го идеализирате колку сакате во главите, но верувајте, во реалноста тешко ќе ги победи ДУИ.
Е сега, реков тешко ќе ги победи. Што значи, дека возможно е да им ги помати сметките во еден од големите центри каде што градоначалник (ќе) е Албанец.
Затоа, неговата кандидатура правно виси. И зад тоа е ДУИ (100%). Верувам дека тоа уште повеќе го изнервирало (покрај сите срања што ги претрпел од сите).

Имаме човек кој за веење знаме на туѓа држава (на јарболи од државни институции), лежел затвор.
Денес, тоа знаме се вее на тие (и на други) државни јарболи.
Зошто Руфи да не може да биде рехабилитиран, а морони кои правеле човечки злосторства дури да се амнестирани? Имајте го тоа во увид, дека многу различна правна тежина имаат зборовите рехабилитација и амнестија. Првото е далеку, правно полесна работа.
 
Зошто најквалитетните луѓе како Руфи Османи и Љубе Бошковски се на секој чекор опструирани.

Кој ли тоа се плаши од нив?
 
Onie istite koj sakaat da kazat deka nekoj navistina se plashi od niv,ama tie ne se tie tuku popaj bil
 
Незнам што се буни Руфи Османи за својата кандидатура кога ако законот вели неможе сега тој да измислува топла вода само затоа што тој имал желба да се кандидира или дека од народот имал подршка. А законот нели има подршка од поголем број на народ? Па нели сакаме правна држава, нели во правна држава треба да се почитуваат законите. Зошто голем број луѓе кои на овој или на оној начин желни за власт поради лични и колективни причини секогаш се издигаат над законот само заради тоа што мислат дека без нив политиката не бива. Кога ќе сфатиме дека без секого се бива и нетреба од секого да правиме идол.


Така е прав си 100% ,но во случајов постои едно големо ЗОШТО законов да важи за него?Пази ситуација, бивш осуденик им седи во парламент а они глумат лудило на правна држава:uvo:
 
Руфи Османи останува во трката за градоначалничката фотелја за Гостивар. Управниот суд го поништи решението на Општинската изборна комисија која ја оспори неговата кандидатура поради затворската казна за гостиварските настани пред 12 години.
Управните судии оцениле дека Комисијата со одлуката го повредила законот на штета на тужителот, повикувајќи се само на одредбата од Изборниот законик дека кандидатот не смее да е во затвор или да е осуден на неусловна казна затвор подолга од 6 месеци, а ги заборавила одредбите од Законот за амнестија.
Османи, всушност го спасија само пет дена, бидејќи Законот за амнестија, кој беше донесен за екс градоначалниците на Гостивар и Тетово, Османи и Демири, стапил во сила на 4 февруари 1999 година.
На 4 февруари 2009 година изминаа 10 години неопходни за да се избрише од казнената евиденција затворската казна од 7,5 години за Османи.
Кандидатурата за градоначалник ја поднесе на 9 февруари, вчера се жалеше дека одлуката била од политички причини и под политички притисок на ДУИ, денеска може да биде задоволен.
Управните судии вели за „А1“ претседателот на Управниот суд Розалија Кочковска, темелно ги разгледаа сите прописи и документи и донесената пресуда е законска и конечна.
Руфи Османи во Гостивар силите ќе си ги одмери со Невзат Бејта од ДУИ и Газменд Алиу од ДПА.




http://a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=104368
 
Руфи мислам дека не би ја добил така лесно битката со ДУИ. ДУИ е голема партија со ограноци, штабови и сл. Едно е ваков муабет на форум, а друго е работа на терен. Треба да се излезе и да се одработи кампањата. И тука е разликата помеѓу (не ме сфаќајте буквално) еден човек и голема партија.
Плус, во албанскиот гласачки кампус повеќе од било каде се гласа според правилото - "ќе гласаш ја како ќе ти кажам", односно прилично дисциплинирано се гласа за поголемите албански партии.
Вие можете да си го идеализирате колку сакате во главите, но верувајте, во реалноста тешко ќе ги победи ДУИ.
Е сега, реков тешко ќе ги победи. Што значи, дека возможно е да им ги помати сметките во еден од големите центри каде што градоначалник (ќе) е Албанец.
Затоа, неговата кандидатура правно виси. И зад тоа е ДУИ (100%). Верувам дека тоа уште повеќе го изнервирало (покрај сите срања што ги претрпел од сите).

Имаме човек кој за веење знаме на туѓа држава (на јарболи од државни институции), лежел затвор.
Денес, тоа знаме се вее на тие (и на други) државни јарболи.
Зошто Руфи да не може да биде рехабилитиран, а морони кои правеле човечки злосторства дури да се амнестирани? Имајте го тоа во увид, дека многу различна правна тежина имаат зборовите рехабилитација и амнестија. Првото е далеку, правно полесна работа.

Руфи vs Бејта = слон vs глушец
никој не го сака Бејта,најкретен нема.
знаеш колку повеќе потписи доби Руфи од Бејта?
Кој сака нека се кандидира за градоначалник пак Руфи ќе победи,сите го сакат
 
Руфи vs Бејта = слон vs глушец
никој не го сака Бејта,најкретен нема.
знаеш колку повеќе потписи доби Руфи од Бејта?
Кој сака нека се кандидира за градоначалник пак Руфи ќе победи,сите го сакат

Добро, ќе видиме.
ДУИ нема којзнае какви кадри на било која позиција, а овој им е еден од ретките кои штрчи над подпросекот.

Само, малку не ти е на место паралелава слон/глушец, бидејќи постои (да го наречам) мит, дека слоновите имаат уплав од глувци.
 
Само едно ќе ти кажам...верувај ми во тоа што ти реков.
 
Во интервјуто за Утрински весник Руфи Османи покрај другото го даде и следниот коментар:

Зборувате за нова партија?


„Да, тоа би била сосема нова политичка партија со нов профил на чие чело, според сите претпоставки, би требало да застанам јас.„

Цело интервју: http://utrinski.com.mk/?ItemID=386CD444D234F84AA6EC69B9FCC287C2


Мислам дека со овој човек македонската политичка сцена ќе добие на квалитет...
Прочитајте го интервјуто има многу силни моменти...
 
Mene se nekako mi se cini deka nekoi strukturi generiraat i iniciraat cistki vo politickata scena i postavuvanje na novi lica, ama isto taka smetam deka pogresija so procenkata za edniot od novite. :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom