Верувате ли во чуда?

  • Креатор на темата Креатор на темата *princess*
  • Време на започнување Време на започнување
Зависи што се подразбира под тоа "чуда". Самото настанување на универзумот до ден денес е чудо. И се друго се смета што науката неможе да го објасни се смета за чудо. И првата светилка била нарекувана чудо, но кога луѓето го разбрале принципот на функционирање станала нормална работа. Па така да според мене чудо е се она што науката неможе да го објасни сеуште... Реков сеуште...
 
Непостојат чуда.
Постојат само појави кои нашата свест и интелект неможе да ги објасни.
 
од секогаш сум верувал во чуда и сеуште верувам.
 
На шпанска БОТСКА серија секогаш се земаат добрите-АМОР победува,а лошите или се повредеуваат,одат во затвор,се фрлаат под трактор...

ете тоа е ЧУДО....

Да. И во акционите филмови кога некој фраер со пиштол може да испоубие 20 души, а 20 души со пиштоли не можат да го погодат него.. и тоа е чудо:vozbud:
 
Да. И во акционите филмови кога некој фраер со пиштол може да испоубие 20 души, а 20 души со пиштоли не можат да го погодат него.. и тоа е чудо:vozbud:


Тоа не е чудо...тоа е Американ Глори. :vozbud::vozbud::vozbud::tapp::salut:
 
Не верувам во чуда, коинциденција, натприродни ствари и секогаш барам логично објаснување за нештата.

Многу луѓе, ќе замислат нешто, и ќе им се уврти тоа во глава подолг период, и кога стварно ќе се оствари, тогаш е чудо, praise the lord. Очигледно, заборавајќи ја сопствената преокупација со некое однапред предвидено дејство, го дефинираат тоа како чудо. Тоа не е чудо, Фројд би додал тука дека е дел од нашата потсвест. Исто, и на некои ќе им се случи да сонуваат некој сон кој понатаму ќе се оствари. Тоа не е чудо! Ако сме преокупирани и целите мисли ги посветиме на одредено нешто, сигурно дека и навечер ќе сонуваме нешто поврзано со тоа, што би можело и да се оствари.

Чудото, натприродното, сето тоа е дел од немоќноста на човекот да ги објасни работите кои му се нејасни, а нивниот одговор лежи пред него.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom