1979 година светски познатата јасновитка баба Ванѓа, по една своја визија, изјавува дека од Египет во (како што вели таа) “нашите земји” кришум било донесено телото на некој голем цар. Било носено во камен ковчег со караван од камили во придружба на робови. Во ковчегот биле сокриени тајни пораки пишувани со непознато писмо во кои биле опишани минатото и иднината на човештвото. Баба Ванѓа тврди дека ковчегот, заедно со тајните исписи, кришум бил закопан на непознато место, а потоа робовите сите до еден биле убиени за да нема сведоци на тој настан. Ова нејзино сведоштво е објавено во книгата за неа, напишана од нејзината внука, која е преведена и на македонски. Да потсетам дека баба Ванѓа беше родена струмичанка, а за нејзината докажана моќ за претскажување нема потреба од дополнителни објаснувања.
Постојат ли други интересни податоци?
Да. Нашата јавност не знае дека во 1989 година пратеник на Ватикан ја посетил Југославија и одржал таен состанок со дел од тогашниот политички врв на земјата. Недолго потоа, единиците на ЈНА стационирани во Македонија, извршиле блокада на дел од планината Беласица. Дали тоа било поврзано со податоци донесени од Ватиканската библиотека, тоа само можеме да претпоставуваме. Истата година тогашните југословенски разузнавачи известиле дека од страна на Грците бил направен обид кришум да се ископа тунел под Беласица од нивната страна на границата. Осум грчки работници загинале за време на копањето, по што проектот бил прекинат. Сите овие податоци ми ги кажа неодамнешен висок функционер во МВР, сериозен човек, кој имал пристап кон тајните документи на поранешната југословенска служба за разузнавање.