Дали со физичка сила се докажува вистинитоста на верата?

  • Креатор на темата Креатор на темата Ag0rA
  • Време на започнување Време на започнување

Дали мислите дека со физичка сила се докажува или се докажувала вистиноста на верата?

  • Вкупно гласачи
    31

Ag0rA

NEBO666
Член од
29 февруари 2008
Мислења
1.667
Поени од реакции
60
На неколку места на форумов побарав докази за вистинитоста на тврдењата на религијата. Добив одговор дека тие се аксиоми, т.е. севистина што не се докажува, поради две причини:
Првата, ако тврдењето е интуитивно и очигледно точно и преку негова практична примена не може да се востанови дека тоа е неточно, т.е. не постои случај кога тоа е неточно. Втората причина е ако тврдењето не е така очигледно и не може да се докаже, но исто така се покажува точно при секој случај.
Но, да разгледаме што се случувало во пракса со доказот за вистинитост на тврдењата на религијата со тоа дека тие се аксиоми:
Доколку за некое тврдење на религијата се најде некој случај или сличко за кое што таа вистина не важи, тогаш таа за верниците не престанува да биде вистина, туку на сцена настапуваат други „докази“, т.е. се измислуваат нови „аксиоми“ ( како при перењето мозок ) и слично ( одно од нив е нешто од типот: „Ако си верник, ти не треба да се прашуваш дали тоа е вистина“, „опседнат си со ѓаволот“ ), моќта на убедување и/или уцени на малцинството ( од типот на „милијарди луѓе го гледаат тоа како вистина, ти се направи паметен и ми кажуваш дека не е“...„ако не си верник, нема да живееш во мојата куќа“ „ каков страм е тоа што не си вернил “ ... и мал милион други).. а кога и овие нешта ќе станат неефектвни, како „доказ“ на вистинитоста настапува физичката сила ( инквизиција, камшиците, сечење раце, претепување... )...

Ме интересира што мислите за ова. Дали се согласувате со него, дали не, и зошто.
 
Прво и основно, раздвој ги физичките од духовните вистини.
Не може гравитационата енергија да биде духовна категорија како што неможе љубовта кон Бога и кон ближниот да се истолкува физикално. Или на пример, емотивните доживувања, кои се секогаш субјективни и речиси неискажливи и непреносливи на други субјекти.

Второ, и она кое е физички доказ, постои затоа што некој веќе го создал физичкиот Свет. Описот од Постанокот, дека Земјата, како планета, стои „..во бездна..„ е исто она кое современата астрономија го тврди: дека Земјата ротира околу Сонцето, но кажано со современ речник. Според тоа, дури и физикалните категории можат да се истолкуваат преку религиозното учење.
 
Прво и основно, раздвој ги физичките од духовните вистини.
Ги поврзува зборот „вистина“.

Не може гравитационата енергија да биде духовна категорија како што неможе љубовта кон Бога и кон ближниот да се истолкува физикално. Или на пример, емотивните доживувања, кои се секогаш субјективни и речиси неискажливи и непреносливи на други субјекти.
Донекаде е точно.
Второ, и она кое е физички доказ, постои затоа што некој веќе го создал физичкиот Свет. Описот од Постанокот, дека Земјата, како планета, стои „..во бездна..„ е исто она кое современата астрономија го тврди: дека Земјата ротира околу Сонцето, но кажано со современ речник.

Тогаш зошто така не мислеле оние кои го запалиле Галилео Галилеј, и се претставувале како слуги господови, како гласници на господа?

Според тоа, дури и физикалните категории можат да се истолкуваат преку религиозното учење.
Некои од нив, да..сите, не.
И Џабе е нивното толкување кога за толкувањето да биде точно потребни се докази, а религијата не ги обезбедува истите.
 
Прашањево може да се однесува не само на верата туку и на науката: Дали со физички категории се докажува вистинитоста на научните тврдења?
 
Прашањево може да се однесува не само на верата туку и на науката: Дали со физички категории се докажува вистинитоста на научните тврдења?
???

Колку што сфатив, мислам дека ова порашање неможе да се однесува и на науката...
Можеби погрешно сфатив?
 
Ги поврзува зборот „вистина“.

Духовната вистина е една (едно прашање-еден одговор) а начуните вистини се повеќе (едно прашање-повеќе/различни одговори и шпекулации).

Донекаде е точно.

Целосно е точно. Како ќе го квантизираш нивото од моето доживување на добрата музика? Или мојот вкус за кафе?

Тогаш зошто така не мислеле оние кои го запалиле Галилео Галилеј, и се претставувале како слуги господови, како гласници на господа?

Галилео го запалија оние кои ја искривија вистината од Писмото. Повеќе пати имам напишано како и зашто...

Некои од нив, да..сите, не.

Кои?

И Џабе е нивното толкување кога за толкувањето да биде точно потребни се докази, а религијата не ги обезбедува истите.

Религијата ги обезбедува речиси сите докази за темите со кои се занимава. Не очекувај од религијата да ти ја објасни структурата од атомот или структурата од субатомските честички. За тоа. ќе се обратиш кај квантните физичари.

.....
 
Духовната „вистина“ е една, која ја менува формата.(пр: со менување на толкувањето на светото писмо )
Научната вистина е една и единствена, и таа станува вистина само кога математички и/или експериментално ќе се докаже. Се останато помогнува за да се стигне до некоја вистина, но тоа не е вистина, тоа се хипотези, шпекулации, претпоставки...

Реков донекаде е точно. А тоа „некаде“ може да биде и крајот, па да следи дека целото е точно.

Ако луѓето еднаш можеле да ја искриват вистината. Тоа можат да го направат пак. Тоа е една од главните причини кои сум против религијата. Тоа е неприватлив ризик. Се искриви вистината на библијата, и од неа дојдоа крстоносните војни, инквизицијата....се искриви вистината од куранот, дојде џихадот, 11 септември, и мн др терористички напади...до кога така? Мораме да престанеме со верувањето. Треба да ја прифатиме онаа вистина која што се докажува, затоа што таа е речиси невозможно да се искриви.

Кои? Мн ги има..пример: темната материја.

Обезбедува „аксиомски докази“?
 
Стивен Хокинг самиот вели дека тероијата на црните јами е најсложен математички (и философски модел) за објект кон никогаш НЕ Е ВИДЕН. Ти текнува? Е па толку од научните вистини.
А постоењето на темната материја е само шпекулација (аналогија на црните јами) а тоа е количнина од материја, лоцирана „некаде„ во Вселената која им недостасува на современите астррономи, преку која истите сакаат да ги докажат своите модели за Вселената ( на пример, моделот на инфлаторната Вселена, кој наводно, вечно би се ширела, оти и недостасува материја која со својата гравитациона енергија , во еден момент од иднината, би го запрела ширењето на Вселената. Наводно, тој недостаток од гравитација се наоѓа во темната материја, а можеби и во антиматеријата...).
 
Дали на мене така ми се чини или верниците ги сметате за луѓе кои се надвор од човечкиот род?
Очигледно дека зад сета неправда која е направена на одредени луѓе било од страна на црквата но дане заборавате еден мал факт?
Фактот маченици? Луѓе кои загинале во страшни маки поради тоа што верувале, зашто ова не го споменувате или не ви одговара на вашите тези за насилната црква?
 
Но тие не биле мачени и убивани од страна на атеисти, туку од страна на следбеници на друга религија. Ете уште една причина зашто сум против религиите. Тие само ги разделуваат луѓето и доведуваат до крвопролевање.
 
Не друже тие биле мачени и убивани од атеисти, не си ја завршил домашната.
 
Не друже тие биле мачени и убивани од атеисти, не си ја завршил домашната.

Ај кажи кои атеисти убивале Христијани. Јас колку што знам најрани вакви појави имало уште од самото појавување на Христијанството, кога првите Христијани биле прогонувани и мачени од страна на Римјаните. А Римјаните не биле атеисти.
 
Што биле? Многу бошци? Сигурно не биле религиозни.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom