ZIKS
Ај за убо да е.
Легендата на германскиот фудбал, а сега член на Извршниот одбор на Европскиот фудбалски сојуз, Франц Бекенбауер, по денешниот состанок на УЕФА потврдил дека бројот на учесниците на завршницата на Европското првенство во фудбал 2016-та година ќе се зголеми од сегашните 16 на 24. "Постојат неколку причини зошто заклучивме дека зголемувањето на бројот на учесници е добро решение, а уверени сме дека квалитетот на натпреварувањето нема да падне." - изјавил Бекенбауер, додавајќи дека веста за зголемување на бројот на учесници на ЕУРО службено ќе биде објавена во петок.
Европските фудбалски првенства почнаа да се оддржуваат од 1960-та година, па до 1976-та година на нив играа само по четири најдобри репрезентации од квалификациите. Од 1980-та до 1992-та година, на завршницата на ЕП играа по осум репрезентации, а 16-те најдобри европски селекции прв пат настапија дури на ЕВРО 1996-та година во Англија.
Зголемувањето на бројот на учесници на завршницата на Европските првенства е дополнителна шанса и македонската фудбалска репрезентација да се избори за својот премиерен настап.
Извор: СпортДенес.