Од 2016-та година, Европското првенство со нов формат

  • Креатор на темата Креатор на темата ZIKS
  • Време на започнување Време на започнување

ZIKS

Ај за убо да е.
Член од
26 јануари 2007
Мислења
3.582
Поени од реакции
39
Веб-сајт
sportdenes.com
Легендата на германскиот фудбал, а сега член на Извршниот одбор на Европскиот фудбалски сојуз, Франц Бекенбауер, по денешниот состанок на УЕФА потврдил дека бројот на учесниците на завршницата на Европското првенство во фудбал 2016-та година ќе се зголеми од сегашните 16 на 24. "Постојат неколку причини зошто заклучивме дека зголемувањето на бројот на учесници е добро решение, а уверени сме дека квалитетот на натпреварувањето нема да падне." - изјавил Бекенбауер, додавајќи дека веста за зголемување на бројот на учесници на ЕУРО службено ќе биде објавена во петок.

Европските фудбалски првенства почнаа да се оддржуваат од 1960-та година, па до 1976-та година на нив играа само по четири најдобри репрезентации од квалификациите. Од 1980-та до 1992-та година, на завршницата на ЕП играа по осум репрезентации, а 16-те најдобри европски селекции прв пат настапија дури на ЕВРО 1996-та година во Англија.

Зголемувањето на бројот на учесници на завршницата на Европските првенства е дополнителна шанса и македонската фудбалска репрезентација да се избори за својот премиерен настап.

Извор: СпортДенес.
 
па ако е така имаме шанса да се квалификуваме на ЕП 2016
само треба доро да се гради тимот до тогаш и да не се испуштаат младите таленти и да нема шиткање на натпревари
 
Eвропското Првенство е многу поинтересно од Светското така да за мене е ова очекуван потег од страна на челниците на европскиот фудбал:toe:
 
Од една страна добро е ова, затоа што ќе имаме поголеми шанси да се пласираме, од друга страна ќе се намали квалитетот на првенството, што не е убаво. Ќе видиме, времето ќе покаже има време до 2016 година. :wink:
 
Eвропското Првенство е многу поинтересно од Светското така да за мене е ова очекуван потег од страна на челниците на европскиот фудбал:toe:

Главната причина се судиите. Бидејки на Светско првенство, судии треба да има од секој континент...и претежно има неквалитетни судии т.е неискусни кој прават многу грешки.
Додека на европско првенство, судат најдобрите светски судии.

ФИФА сега треба да ги организира квалификациите. Досега беа 7групи од кој прво и второ пласираните одеа на ЕП. Од 2016-та логично би било и трето-пласираниот да иде на ЕП...а ништо чудно повторно да ги воведат баражите.

Дефинитивно ова ке значи поголеми шанси за нас како репрезентација да се квалификуваме на едно Европско натпреварување.

Од една страна добро е ова, затоа што ќе имаме поголеми шанси да се пласираме, од друга страна ќе се намали квалитетот на првенството, што не е убаво. Ќе видиме, времето ќе покаже има време до 2016 година. :wink:
Нема да се намали квалитетот. Напротив, дополнително ке го зголеми. Овогодинешното ЕП остана само желба за Данска, Србија, Шкотска, Англија, Исрка...репрезентации кој имаат голема перспектива. А верувај дека до 2016 ке се издигнат и други репрезентации кој нестрпливо ке чекаат да заиграат на ЕП- Mакедонија на пример. :)
И секако има некој кој ке се изгубат во фудбалот- Грција на пример. :)
 
Супер одлука,пред се и за нас голема предност да можеме да се пласираме еднаш во завршницата на ЕП.Браво за потегот на Бекенбауер,со ова се добива поголема конкуренција,поинтересно натпреварување.:helou:
 
Да, да супер е ова.
Но имаше верзија дека со ова ќе се укинат кфалификационите групи, ќе се играат три-четири мечеви и толку. Ама ај, да почекаме до утре, кога официјално ќе го објават ова од страна на УЕФА, сигурно ќе го објаснат и начинот на кфалификации. Најдобро би било да има 6 групи и првите четири од секоја група да обезбедуваат пласман на ЕП.
 
Добра одлука.Еднаш и ние да бидеме блиску до радоста.
 
Да, да супер е ова.
Но имаше верзија дека со ова ќе се укинат кфалификационите групи, ќе се играат три-четири мечеви и толку. Ама ај, да почекаме до утре, кога официјално ќе го објават ова од страна на УЕФА, сигурно ќе го објаснат и начинот на кфалификации. Најдобро би било да има 6 групи и првите четири од секоја група да обезбедуваат пласман на ЕП.

Неможе така да биде. Секогаш има домаѓин или ко-домаѓини, кој има(ат) осигурно место на ЕП.
Затоа реков, треба убаво да размислат за поставувањето на квалификациските групи. Сигурно и тоа е смислено, чекаме да се презентира.
 
Има доста начини, само како што пишав, пред некој месец читав дека планот им е целосно да ги укинат групите и да биде нешто како кфалификации за ЛШ.
 
Има доста начини, само како што пишав, пред некој месец читав дека планот им е целосно да ги укинат групите и да биде нешто како кфалификации за ЛШ.

Ми звучи како прекрасна идеја.Само сите репрезентации да почнат од првото коло.
 
Има доста начини, само како што пишав, пред некој месец читав дека планот им е целосно да ги укинат групите и да биде нешто како кфалификации за ЛШ.
Не е тоа план, туку чиста шпекулација која е произлезена од превртени збориви на Платини/Блатер и служи само за реклама на истиве, колку да се гледа дека и они мислат за фудбалот. Има цела тема за тој 'предлог' и е доста анализиран.

Читај тука!

Да, тоа е предлогот, ама многу луѓе би кажале дека се шпекулации и 24 репрезентации на ЕП. Ајде да почекаме до утре, сигурно ќе кажат и начинот на кој ќе се играат кфалификациите.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom