ВМРО-ДПМНЕ: Претседател да се бира без цензус

  • Креатор на темата Креатор на темата DimceY
  • Време на започнување Време на започнување

DimceY

Jimmy
Член од
20 ноември 2007
Мислења
5.926
Поени од реакции
5.891
Цензусот за избор на претседател се укинува за да нема полнење на кутии, само за да се достигне предвидената излезност од 51 процент, уверува премиерот Груевски.

Со измените на Уставот, кои ќе се најдат пред пратениците на 16 октомври, за претседател ќе биде избран кандидатот со најголем број гласови во вториот круг.

За владината иницијатива, Груевски деновиве добил позитивен став од в.д. претседателот на СДСМ, Зоран Заев, од владиниот партнер Ахмети, како и од повеќе меѓународни претставници. Позитивен одговор очекува и од Тачи, со кого требало да се сретнат попладнево.

„Битно е државата да има успешни избори, во спротивно ќе се случи, согласно Уставот, претседателот на Собранието да ја преземе улогата на претседател на државата, да се распишат повторно избори со целата неизвесност дали повторно нема да се случи истото“, изјави премиерот Груевски.

„Нема потреба од влегување во такви политички кризи, во трошење нови пари“, рече Груевски.

Владата засега не планира други промени на Уставот.Груевски објави дека неговата ВМРО-ДПМНЕ има уште неколку идеи, но дека времето до изборите е прекратко за тие да се остварат. Процедурата за промена на Уставот трае најмалку три и пол месеци.

За да се заштедат пари од буџетот, власта ќе ги организира локалните и претседателски избори во ист ден. Спикерот Вељановски денеска соопшти дека тие ќе се одржат на 15 или на 22 март, идната година.

извор
 
Мислам дека е подобро барем пари ќе се заштедат, а ако може во Парламент да се бира уште подобро ионака кај нас Претседателот е Британска кралица
 
Мислам дека е подобро барем пари ќе се заштедат, а ако може во Парламент да се бира уште подобро ионака кај нас Претседателот е Британска кралица

Идејата за укинување на цензусот е добра, како најпрво да се избегнат инцидентите кои повеќе од јасно е која етничка националност ѓи режира.

А за бирање на претседател во Собрание тотално не се согласувам, бидејќи тој е за народот, а доколку се бира во Собрание, мнозинството пратеници (моментално Вмро) ќе предложи свој кандидат и без проблем ќе го изгласа.
 
Зашто? И онака претседателот нема некоја важна функција и треба да се согласува со владата! значи и да не е од власта секогаш можат импичмент да му направат! најдобро е собранието да го гласа и да му се намали мандатот!!
 
[acko]®;1696149 напиша:
Зашто? И онака претседателот нема некоја важна функција и треба да се согласува со владата! значи и да не е од власта секогаш можат импичмент да му направат! најдобро е собранието да го гласа и да му се намали мандатот!!

Супер е идејата ке се намалат трошоците а ке се одбегнат инцидентите кои секои избори ни се случуваат баш поради тој цензус

[acko]® - Тебе така ли те учат за демократија,дека секој треба да се согласува со владата инаку одма аут? :tapp:
 
[acko]® - Тебе така ли те учат за демократија,дека секој треба да се согласува со владата инаку одма аут? :tapp:

претседателот треба да се согласува не секој. сега пример не се согласуваат и општ хаос е во дипломатијата! кога би се согласувале секогаш ќе има еден виновник!!
 
Порано и СДС биле за ваков предлог, а сега знаејќи ги, мислам дека ќе бидат против.
 
Порано и СДС биле за ваков предлог, а сега знаејќи ги, мислам дека ќе бидат против.
За воља на вистината, СДСМ беа за намалување на цензусот а не за негово укинување.
 
HAHA SO 1/4 OD IZBIRACI DA SE BIDE PREDSEDATEL PA TOA GO NEMA NI VO BURUNDI I SAOTOMEIPRINCIPE:pos2::pos2:KOJA ISTRESKANA GLUPOST.
 
:pos2::pos2:HAHAHA A KOJA E RAZLIKATA :tapp:HAHAAH

Аман, помалку со тие смајлињата.
Ми стварат илузија дека му одговарам на некое дете од 15 години.

Инаку разликата е во легитимитетот на избраниот.
Не е исто еден Претседател на држава да биде избран со 80 илјади гласови, или со 300 илјади гласови.
До легимитетот е...капиши ?

HAHA SO 1/4 OD IZBIRACI DA SE BIDE PREDSEDATEL PA TOA GO NEMA NI VO BURUNDI I SAOTOMEIPRINCIPE:pos2::pos2:KOJA ISTRESKANA GLUPOST.

Аууу дечко.
Ти веќе имаш веќе проблем со разбирање на термините.
Алоооо.
ДПМНЕ е за укинување на цензусот.
Што знаши дека може да биде избран дури со помалку од четвртина гласови.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom