А за кое “такво“ го избиравме премиерот бе,за да се слика пред камери?Мислам дека не веруваш оти Гвујо е најличен Македонец за сликање,или можеби мислиш дека поличен нема?Или очекуваш да си седнеме и да си плачеме над нашата судбина.Па кој треба бе да дискутира за името,кој треба да изнесува ставови по тој горлив проблем,кој треба да каже каква е нашата определеност и под какви услови?Ете Бранко ја заеба работата до кочан,овој треба да ја дозаебе?Кој продава демагогија кога вели дека нашата цел е НАТО и ЕУ ама може и да не биде,во зависност од тоа дали ќе не оставеле на рајат и личните имиња да ги користиме.Ете тоа е демагогија,кога се пикаш во нешто за што немаш мадиња да го кажеш отворено пред јавноста,особено не пред избори.Кога не би било така,треба премиерот на оваа држава да излезе во јавност и да каже свој став зад кој ќе стои додека е премиер,а не да ми мафта со “црвени линии“,аспирации или портокалови преродби.Едноставно излегува јавно како што знае да излезе многупати со “свитата“ и да рече:
-Македонија ќе го смени името!
или:
-Македонија не го сменува името!
Толку е едноставно,што има тука да не врти по тавани,па не сме деца ебаго,во оваа држава има и возрасни на кој не им е до заебанција,има луѓе кој сакаат да ја знаат вистината.Грците си го кажаа својот став,останува уште нашите да го кажат,ете Бранко бил за смена на името под некакви останувања на идентитетот кој според мене не се можни,зошто
идентитет без име не опстојува,останува уште и Гвујо да го слушнеме по ова прашање,само без прикриени “црвени линии“ или “жолти семафори“.