Не,зато и јас не излегов на протест. Не гледам причина поради која би протестирале се додека Уставниот Суд не донесе одлука. Башка,тотално е неорганизиран штрајкот, ни Унија на средношколци не го поддржа, ни професорите ( барем јавно не ). Се е само за да се изгубат часови зошо некој паметен не научил за денес,па ајде на штрајк.
Ок, јасно ми е, само ти велам искрено да не се надеваш на Уставен Суд, затоа што тој случај не е за на Уставен. Не спорам јас дали треба или не треба да ги правите тестовите, во тоа не навлагам, ама со оглед на моето познавање (делумно) на институциите во Република Македонија, мислам дека можам да кажам дека не треба да се надевате на отфрлање на законот, затоа што тоа не е обичен суд како другите, не е дај случај па ако е касно ќе го избришеме законот. Не оди тоа така.
Башка ако Уставниот Суд не го отфрли законот (што е најверојатно, со оглед на тоа што едноставно нема причина за да го отфрли, со оглед на улогата на истиот), џабе ќе ви се протести, затоа што одлуката на Уставниот Суд е конечна, единствена и неповратлива, а и нема начин да поднесете жалба.