Јас сум осмооделенка и ние осмооделенците би требало тестовите да ги правиме од 20-30 мај. Ама како ќе ги правиме кога сеуште не сме го завршиле матријалот. Географија не сме изучиле дури 16 лекции, Хемија -6, Физика-5, Биологија и Историја-4:uvo:. А не сме ги изучиле затоа што секој петок губиме часови професорите одат на семинари. Во петок ни е патрониот празник и ние што учествуваме во приредбата цела недела сигурно ќе излегуваме од часови ќе свириме, глумиме и тн. Целото училиште е во хаос, инспектори секој втор ден доаѓаат се уморивме глумејќи на часовите.
Имаме 6 класа од 5 до 8 ако треба да ги оценуваат сите професори значи ние би требало да полагаме по 2 предмета а некои од поголемите училишта 1(што не е фер).:nenene: Прв јазик ни е француски а не англески и учиме англески со книги од кои во некои училишта учат седмооделенци и сега што ќе се случи ако ние полагаме англески ќе ни дадат прашања од други книги и ние ништо нема да направиме.
Не ми е јасно што ќе се случува а во понеделник ќе ни кажат кои предмети полагаме. Професорите и директорката знаат помалку за тестовите одколку ние.Уставниот суд кога мисли да ја соопшти одлуката кога веќе ќе ги направиме тие тестови?? Со штрајк мислам ништо нема да постигнеме,подобро би било доколку ги оставиме празни тестовите. Неможе некој што ќе дојде 45 минути и ќе ти даде тест да ти стави реална оцена. Професорите убаво знаат кој каков е и што заслужува. Некои ќе полагаат на 10 јуни ...? Кој тогаш размислува за учење? Незнам точно колку полуматуранти има ама кога ќе ги прегледаат тестовите на сите ? Нас ни започнуваат уписите на 17-18!!!! Ќе успеат ли до тогаш да ги прегледаат тестовите, да им симнат на професорите од плата (ако има такви случаи), да им намалат оцени на учениците, да напишат сведителста??