- Член од
- 19 јуни 2007
- Мислења
- 3.422
- Поени од реакции
- 116
Фасцинантно остварување – Mercedes Concept Fascination
Како концепт и најава за следната Е Class, Германците го претставија на публиката прототипот Fascination кој ќе го заземе главното место на штандот на Mercedes во Париз во Октомври.
Од овој концепт, посебно од предниот дел, може да се црпи изгледот на новата E Class која ќе биде претставена на саемот во Детроит наредната година, но тој е тука најмногу каконајава за новиот тип на возило од Mercedes, мешавина од купе и караван.
Веќе зборувавме за предностите на ваквиот концепт, но накратко тоа би биле високи спортски перформанси и голем простор како за патниците така и за багажот. Во внатрешноста ќе има четири одвоени седишта кои на секој патник ќе му овозможат супериорно уживање во возењето.
Дизајнот на концептот е сосема различен од тоа што го гледавме од Mercedes последниве неколку години. Спортски остро и налутено, се со цел да се привлечат оние купувачи кои во BMW гледаа спортски автомобил и покрај богатата понуда од тој тип на возила на Mercedes.
Погонот за овој концепт е новиот турбо дизел со зафатнина од 2,2 литри и Common Rail технологија на впрскување на горивото кој развива 204 КС и кој заедно со помош на Bluetec и AdBlue е еден од најчистите дизели во светот на автомобилизмот.
Е за ова стварно не знам што да прокоментирам. Едноставно прекрасно