Свирењето не беше од политички цели, туку претераа со вклучувањата од студија.
Сите постови ви ги прочитав... Добро, никој не примети дека босанката рече "Тоше е роден во Македонија, но беше и остана наш"?!?!?!?!!?? МОЛАМ? Ваш?
Можеа да се помачат изведувачите да пеат на македонски. Една песна беше во прашање, не беше страшно тоа. Типката од Албанија се изгуби скрос, не можеше ритамот да го прати на "I will always love you", и гракаше ко луда.
Штета што народот почна да си оди рано. Во секој момент очекував да се појави Тоше на сцена... А песната со Кристијан е нешто неописливо, и најпреубаво.
Сите те сакаме.