Хуманитарен концерт во чест на Тоше Проески (05.10.2008)

Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
22 август 2007
Мислења
550
Поени од реакции
16
Земав карти уште пред некој ден. Обавезно одам, не се пропушта тоа! Тоше Те Сакаме!
 
Член од
19 јуни 2007
Мислења
3.422
Поени од реакции
116
Луѓе карти во лептокарија веќе нема. Во југотон попладнево имаше многу малку, а за во аеродром не знам. Затоа побрзајте.
Инаку за сите што прашаа партер = трева. Значи делот за стоеше т.е. теренот е партер :) :helou:
 
Член од
19 јуни 2007
Мислења
3.422
Поени од реакции
116
и уште нешто:
за тие што прашуваа каде ќе биде ВИП делот да ве известам дека тој ќе се наоѓа точно пред бината каде се планира да се постават и столчиња.
се гледаме таму. позз
 

maca_kaka'

тiƒosi јаossoηeјаo
Член од
6 октомври 2007
Мислења
3.515
Поени од реакции
640
Најнови информации за концертот во чест на Тоше

Настапот на сите до сега најавени имиња на пеачите - Калиопи, Симон Трпчески, Синтезис, Наум Петрески, Адријан Гаџа, Леонтина, Биља Крстиќ, Бојан Маровиќ, Владо Георгиев, Жељко Самарџиќ, Гоца Тржан, Тони Цетински, Аки Рахимовски, Маја Татиќ, Виталиј Козловски, и други пријатели на Тоше од сите земји од просторите на поранешна Југославија и Украина е потвден, со исклучок на Тифа, кој како што рече, нема да може да ни се придружи од емотивни причини, како и Ања Рупел, која искажа длабоко жалење и се извини што не може да биде дел од концертот, заради закажаното снимање.

Од друга страна, дополнително, учеството го најави Игор Дурловски кој успеа да ги одложи своите обврски. Игор ќе ја пее - Го лажам секој твој рефрен – јавуваат организаторите на концертот во чест на Тоше!

Заради порано закажаните концерти во Холандија, на концертот нема да може да учествува и Есма Реџепова.

Од пејачите Аки Ракимовски е веќе во Скопје, а останатите, освен Руслана, која доаѓа на 5-ти октомври, пристигаат на 4-ти, кога ќе се одржи и заедничката проба со оркестарот на Македонската Опера и Балет, под диригенство на маестро Саша Николовски Ѓумар, како и бендот на Тоше.

Највената техничка опрема која ќе ја зголеми спектакуларноста на настанот е веќе во Скопје од 2-ри октомври, од кога се работи на нејзино поставување на Градскиот стадион. Сцената е со големина 17 на 12 метри и се користела на белградска Евровизија, како и озвучувањето и осветлувањето. Лед-екраните, со кои ќе се постигне висока резолуција на сликата, а по прв пат се во Македонија, се во големина 100 метри квадратни и донесени се од Загреб.

Воедно, како и за сите претходно концерти на Тоше на стадионот, за да се заштити тревната површина се поставува специјална порта-флор - подлога преку целата зелена површина. Вип делот ќе биде пред самата сцена, каде се планира да се постават столчиња. На организацијата на овој меѓународен хуманитарен концерт во чест на Тоше, ангажирани се над 200 лица, не вклучувајќи ги уметниците.

Комплетната техника е обезбедена од страна на истите фирми со кои соработувале Тоше и неговиот менаџерски тим, а кои учествуваат и со лична поддршка во прилог на успешната реализација на настанот.

Интерсесно е што по испраќањето на понудата за преземање на пренос од концерот од страна на МРТВ до сите членки на ЕБУ, во рок од 15 минути, прва се јавила Кипарската национална телевизија. Инаку на медиумите кои го преземаат преносот им е напоменато дека не смеат да емитуваат реклами за неговото време траење и дека им е дозволен само пренос на 5-ти октомври и една одложена снимка, најдоцна до 6-ти ноември 2008.

Хуманитарната мисија во своите земји, преку отворање донаторски броеви за време на концертот, ја преземаат повеќе медиуми, како хрватската СМС (Croatian Music Canal), босанската ТВ Хајат, Црногорската МБЦ, српските Пинк и Свет плус и бугарската Балканика.

Од босанското радио Зенит, веќе најавиле дека средстават собрани преку бројот за донации ќе ги донираат на Меѓународната Фондација Тоше Проески.

За Македонија, фондот за хуманитарната цел на концерот ќе го сочинуваат средствата од влезниците, како и донациите преку отворените броеви од Македонски Телеком, Т-Мобиле, Космофон и ВИП на бројот 143-100, преку кој граѓаните ќе можат да донираат по 100 денари.

Хуманата цел, за Македонија, во зависнот од вкупниот собран фонд ќе биде одлучена по настанот, од страна на комисија сочинета од претставаници на Меѓународната Фондација Тоше Проески и Министерството за Култура на Република Македонија, во име на продолжување на хуманите начела на Тоше.
 

Vinnetou

Continium Transfunctioner
Член од
15 мај 2005
Мислења
3.513
Поени од реакции
482
Од другар што свири во опера, денес разбрав дека утре ќе снимаат снимка од концертот пред празен стадион, за во случај на дожд да се откаже концертот а снимката биде емитувана на ТВ.
:nesum:
ова не е официјална информација

п.с. земав карта, одам (ако не го откажат)
 

maca_kaka'

тiƒosi јаossoηeјаo
Член од
6 октомври 2007
Мислења
3.515
Поени од реакции
640
не ми е јасно зошто антонија ја нема?
не ја поканиле..одбила понуда...други аражмани или.....


неможам да дочекам да дојде 5 октомври
во 2007 ми беше наjубавата вечер а сеа 2008 најтажната и најдолгата ноќ ке биде во нашите животи. Но сепак ке собереме сили да му го направиме неговото ѕвездено небо и да пееме сите за него зошто тоа го сакаше Тоше, да пееме заедно со него:(
 

GrouchoMarx

Мочко
Член од
26 јануари 2008
Мислења
2.907
Поени од реакции
469
Уште сега се ежам. да знаете кај што има најголем вир таму сум јас:kesa:
 
N

NeMiRnA

Гостин
Од другар што свири во опера, денес разбрав дека утре ќе снимаат снимка од концертот пред празен стадион, за во случај на дожд да се откаже концертот а снимката биде емитувана на ТВ.
:nesum:
ова не е официјална информација

п.с. земав карта, одам (ако не го откажат)
Абе готово,тоа беше сонот на Тоше,да пее пред празен стадион!Нема да се случи такво нешто,макар врнело до поплава!Сигурна сум!Немојте вакви работи,мука ме фаќа.:nesum:
 

Clen 7

Од Форумот
Член од
5 јуни 2007
Мислења
2.843
Поени од реакции
360
и уште нешто:
за тие што прашуваа каде ќе биде ВИП делот да ве известам дека тој ќе се наоѓа точно пред бината каде се планира да се постават и столчиња.
се гледаме таму. позз
Чек чек чек...ВИПот не е тоа ложата на јужна уствари? Имам јас такви карти али појма немам кај треба шо треба.
 
Член од
29 август 2008
Мислења
2.646
Поени од реакции
931
Како што пиша *pumpkin* обавезно идеме, само некако мука ми е што требаше да се случи нешто вакво за да отидам на концерт иако на последниот другарче ме молеше да идеме а јас со резерва ќе има уште еден.:(:(:(:(:(:(:(:(
 
Член од
12 октомври 2007
Мислења
1.482
Поени од реакции
22
И јас земав за јужна од Југотон, а на сите други продажни места имаше за партер и си реков мора да најдам за јужна и најдооов...
 

head

ЧОВЕКОТ СО МАЛО ТЕЛО
Член од
15 септември 2005
Мислења
1.412
Поени од реакции
598
Има некој информација кај може да се најдат карти?
 

Vinnetou

Continium Transfunctioner
Член од
15 мај 2005
Мислења
3.513
Поени од реакции
482
Космофон, југотон..
Не сум сигурен за Чув де чув.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom