Нормало бе Маркус дека верувам. Во спротивно, ќе исповедав некоја друга вера.
А секогаш постои едно „..арно ама...„.
Арно ама, она кое се практикува, според запишаното во Писмото, има и свои плодови-резултати-последици. Да беа првославните толкави идолопоклоници како тоа на форумов се прикажува, а притоа мислам на иконите, тогаш и плодовите од таквото идолопоклоничко однеување ќе беа во најмала рака, демонска работа. Она кое се случувало минатите векови, но и она ке тековно се случува во православието па и во Македонија, ја покажуваат токму спротивната состојба-иконите чуда прават а тие чуда не се било какви ексхибиции на претворање на олово во злато, туку чуда кои за последица го имаат доброто дело. Да беа православните идолопоклоници, тогаш такви ќе им беа и чудата-засновани на нешта кои за нашето секојдневно искуство би биле само некаква необичност, туѓа на нашето практично и животно искуство, какви што се необичните и несекојдневни способности од одредени поединци за „лечење„, телепатија, видовитост, канализирање демонска енергија и сл.
А иконите се исцелителни-тие творат чуда на оние кои веруваат во нивната исцелителна моќ, а чудата не се необични, туку се од животна потреба и значење на верните-исцелување од болести, добивање пород, спас од непогоди и и непријател, предупредување до народите дека им следи колективна несреќа и сл. И? Каде е тука идолопоклонството?