Фан Клуб: Манчестер Јунајтед

Статус
Затворена за нови мислења.

The Mummy

The world is not enough
Член од
3 мај 2006
Мислења
5.415
Поени од реакции
181
Очекувам утре Ферги да изведе позатворена формација со засилена средина, во која би играл Сколс за да донесе на искуство, Гигс не верувам дека ќе биде во прв тим, најверојатно Парк. Остатокот претпоставувам ќе биде дополнет со Керик и Андерсон за да има повеќе борбеност на средината.
 
Член од
17 февруари 2009
Мислења
728
Поени од реакции
60
Очекувам утре Ферги да изведе позатворена формација со засилена средина, во која би играл Сколс за да донесе на искуство, Гигс не верувам дека ќе биде во прв тим, најверојатно Парк. Остатокот претпоставувам ќе биде дополнет со Керик и Андерсон за да има повеќе борбеност на средината.
Јас не верувам дека би била позатворена формација утре. Подсетете се на старото добро познато правило дека нападот е најдобра одбрана. Нормално дека не мораме да се силиме, но во никој случај класично бранење. Во првиот натпревар беа изоставени од стратните 11 мина и Сколс и Гигс. Не беше тоа случајно, и можно е и утре да не играат. Најверојатната причина е тоа што Арсенал е претежно млада екипа, па Ферги оди на помлади играчи во средината кои ќе можат да парираат со својата физичка енергија и борбеност. Добро е што сите играчи се на располагање па може Ферги да си прави комбинации. Јас вообичаено се плашам само од лоша среќа или лош ден, затоа што немам причина да се сомневам во квалитетот на екипата. Но, незнам зошто, овој пат го немам тој страв и мислам дека не само што ќе се пласираме во финалето туку и дека ќе победиме. Од арсенал изјавуваат дека за да го победат Јунајтед, треба да го одиграат утре најдобриот натпревар во оваа сезона. Јас мислам дека доколку на Манчестер не му се случи "лош ден и лоша среќа", џабе ќе му биди тој нивни "најдобар натпревар во сезоната". Се разбира никој не гарантира дека тоа ќе се случи баш утре. Очекувам и Бербатов (желката) да почне од клупата, бидејќи Тевез е многу поборбен и повеќе трча, а тоа е она што ќе ни биде потребно против младите момчиња на Арсенал. Нема потреба Руни да биде резерва, тој ни е потребен иако воопшто не одмори во изминатите натпревари. Мора да се научи и мислам дека полека се учи да биде претпазлив со фаулирањето или приговорите кои носат крартони, неиграње и проблеми за клубот. Се надевам дека Фединанд е комплетно фит и дека нема некој полесен дуел да ја (не дај боже) обнови повредата. Најважно е од се, тој и Видиќ да немаат лош ден. Мислам дека ќе доминираме на средината и дека ќе имаме простор за напаѓање бидејќи Арсенал мора одма да започне да напаѓа, затоа што сигурно има сватено дека нема време, особено ако Манчестер постигне гол. Како и да е ќе биде прекрасен натпревар, празник за очите, рај за душата и огромно задоволство на сите фанови на Манчестер Јунајтед. С Р Е Ќ Н О !
 
Член од
21 август 2008
Мислења
5.204
Поени од реакции
953
ajde be koj go ferma morino :D kje tepa manchester i toa ubedlivo pozz a so se odnesuva do barsa so chelsea barsa ako ja ponovi igrata so real mozi kje gi torpedira na chelesea :salut:i so sreka utre:salut:
 

Спасев

Партизан, Мајами Хит
Член од
30 април 2009
Мислења
1.947
Поени од реакции
239
Се враќа Рио и вечерва одиме на ПОБЕДА и ФИНАЛЕ:vozbud::vozbud::helou:
 
Член од
22 јануари 2009
Мислења
382
Поени од реакции
25
Би било подобро да стартува Ошеј,не дека Рафаел не е добар но нема уште доволно искусво за да игра во полуфинале каде една грешка може да биде фатална.
 

ManUtdChampions

Lleyton Hewitt
Член од
5 февруари 2009
Мислења
32.754
Поени од реакции
43.942
Судија Роберто Росети



ПОСЛЕДНИ 6 СРЕДБИ НА КОИ СУДЕЛ РОСЕТИ

Реал - Ливерпул 0:1

Виљареал - Манчестер Ј. 0:0

Арсенал - Фенербахче 0:0

Челзи - Ливерпул 3:2

Манчестер Ј. - Лион 1:0

Ливерпул - Порто 4:1

Како што гледаме во последните 6 меча,ние кога сме играле гости 0:0 сме завршиле,а Арсенал кога играл дома пак завршиле 0:0,па ајде и овој меч нека е 0:0,,:)

ОВА МОЖЕБИ НЕ СТЕ ГО ЗНАЕЛЕ

*Арсенал нема примено гол вкупно 514 минути на домашен терен во Лигата на шампионите.

*Јунајтед не примил гол на последните четири натпревари како гостин во нокаут-фаза во Лигата на шампионите. Последен кој му дал гол е Лион во сезоната 2007/08.

*Арсенал бил елиминиран на последните четири настапи во нокаут-фаза од европските купови откако на првиот меч како гостин имал негатива од 1:0.

*Од друга страна, Јунајтед изборил прогрес на сите пет дуели на кои по првиот меч на домашен терен имал каква било предност.

*Јунајтед се уште нема победа на новиот стадион на Арсенал. Последен пат го совладал овој тим на Хајбери на 1 февруари 2005 година со 4:2.

*Јунајтед никогаш порано не бил совладан од Арсенал во полуфинале. Тоа се однесува за англиските купови затоа што ова е нивен прв двомеч на европска сцена.


После ќе додадам уште некој факт..Поздрав ѓаволи!
 
N

navivacka

Гостин
Малеееееееее Роберто Росети...ни судил против Виљареал и Порто...здодевните натпревари.

Ајде вечерва со срека,смислил Ферги нешто...како кај Kanal89 што го нема стравот и кај мене го нема,сигурна сум во пласман наредната фаза...


Гигс го знае рецептот


http://www.netpress.com.mk/sport/vestiimages/6195/gigs-solo.jpg Рајан Гигс, сега веќе легендата на Манчестер Јунајтед смета дека рецептот за успех на неговиот тим во реванш мечот од полуфиналето во Лигата на Шампионите со Арсенал се состои во тоа да неговиот тим ја повтори играта од првото полувреме на натпреварот одигран на "Олд Трафорд".
"Нема да имеме проблеми ако ја повториме играта од првото полувреме на мечот одигран пред недела дена. Сепак, мораме да бидеме внимателни бидејќи Арсенал во своите редови има неколку играчи кои се способни сами да го решат натпреварот. Затоа првенствено ќе мора да ги затвориме патиштата кои водат до нашиот гол, но истовремено да го диктираме темпото, бидејќи и ние имаме одлични играчи" - изјавил Велшанецот.
 
Член од
15 јули 2007
Мислења
12.406
Поени од реакции
545
Просто кажано - само гол да дадеме вечер, после тешко дека 3 ќе ни дадат.
А бранење на водството нема смисла.
 

Тимче

HULK!
Член од
4 јули 2008
Мислења
4.537
Поени од реакции
238
Натпреварот ке го изгубите, а за пласман незнам дали ке се пласираате вие или Арсенал:vozbud:
 
N

navivacka

Гостин
Натпреварот ке го изгубите, а за пласман незнам дали ке се пласираате вие или Арсенал:vozbud:

Да да ке изгубиме исто како што и велевте на првиот натпревар...честито пласман
 

Тимче

HULK!
Член од
4 јули 2008
Мислења
4.537
Поени од реакции
238
Добро. Честито нека им е на Арсенал победата ондак.
Да да ке изгубиме исто како што и велевте на првиот натпревар...честито пласман
Јас не сум рекол дека на првиот натпревар ке загубите:toe: сега мое мислење е дека Арсенал ке тепа а дали ке е доволно то а за пласман ке видиме....П.С. сакам пеналиии:vozbud::vozbud:
 

pain_killer

Invictus
Член од
27 јули 2007
Мислења
4.539
Поени од реакции
2.229
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom