Фан Клуб: Манчестер Јунајтед

  • Креатор на темата Креатор на темата Apokalipto
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
ке биде интересно вечер.очекувам победа со минимум 2 гола разлика!!! :toe:

хаха руни на сликата.прав ѕвер
 
Вечер ке биде жустро,ке има фудбал,ке пагат голови ама во мрежата на Алмунија:)ама да не летаме многу ке видеме вечер што ке ни спреми Ферги,не се сомневам во него воопшто...

Она за непостоечкиот пенал е минато,да го оставиме зад нас и да се сконцентрираме на натпреварот вечерва:vozbud:грешката е направена ама важно си додадовме уште три бода на табелата.
 
Доколку одбраната си изигра на ниво и не кикснува како неколку пати до сега нема да примаме.И секако ВДЦ да брани како што треба.

Доколку се фокусират на Роналдо да го сопрат овде се Руни и Тевез и Берба...тие ке претставуват опасност.

Мислам дека на овој меч Ферги ке му даде шанса на Парк во стартните 11.
 
Вечерва очекувам вистински спектакал на Олд Трафорд...каде очекувам дека нашите момци ќе ги натераат колегите од лондон да зажалат што не загубиле службено (што дошле на олд трафорд) !

Мислам дека мотивацијата да “се лежи“ англиски тим , во европски куп е навистина голема....така да очекувам бескомпромисна борба на секој дел од теренот, очекувам тврд и можеби донекаде изендачен натпревар на два тима со одличен среден ред!

Сепак Јунајтед е најдобар тим на светот...па овој натпревар е “само полуфинале“ за нас...пречка што треба да ја минеме за да играме во финалето...не миправи никаква разлика кој тим ни е противник...вечерва победуваме за да дадеме јасна изјава на останатиот дел од фудбалска европа кој е кој во фудбалот !!

Поздрав до сите наши навивачи , уживајте во фудбалот вечерва!
 
Ете неколку работи поврзани со натпреварот

*Арсенал игра мошне слабо на гостински терен во оваа сезона. На досегашните пет натпревари оствари само една победа, и тоа против Фенербахче со 5:2 во третото коло од фазата по групи.

Арсенал и Манчестер Јунајтед имаат вкупно 204 досегашни дуели во сите натпреварувања. Од нив, 82 доби Јунајтед, 77 Арсенал, а 45 завршија нерешено.

Арсенал има доста слаб ефект како гостин на Олд Трафорд. На 96 досегашни натпревари остварил само 17 победи со 24 нерешени резултати.

да те надополнам..

Факти за натпреварот

*Манчестер Јунајтед се уште има шанса да стане првиот тим што ќе ја одбрани титулата во Лигата на шампионите од нејзиното формирање пред 17 години.

*Арсенал е само вторпат во полуфиналето од ЛШ. Првиот беше пред три години кога успешно го мина Виљареал. Манчестер Ј. е еден од најуспешните, ова му е единаесто полу финале во Лигата на шампионите.

*За разлика од Арсенал, Јунајтед само еднаш досега се сретнал со англиска екипа во Лигата на шампионите, и тоа во ланското финале кога го совлада Челзи.

*Алекс Фергусон и Арсен Венгер се тренери со најдолг стаж во моментов меѓу елитните клубови во светот. Фергусон е на клупата на Јунајтед од 1986 година, а Венгер од 1996 во Арсенал. Досега имаат 37 меѓусебни дуели во сите натпреварувања со 14 победи на Венгер, 13 на Фергусон и десет реми.

*Манчестер Јунајтед се уште ја држи најдолгата низа без пораз во Лигата на шампионите. Нема пораз од мај 2007 година кога загуби од Милан, а од истиот клуб една година претходно беше последен пат совладан на домашен терен во ова натпреварување.

Досега овие 2 екипи немаат играно една против друга на Европските натпреварувања

Манчестер Јуантед оваа сезона на 7 натпревари во ЛШ се без примен гол(најмногу од сите)

Од екипите што останаа во ЛШ,Јунајтед има примено најмалце голови,само 5

Гостинскиот тим само на еден натпревар нема примено погодок од Јунајтед во последните 8 натпревари измеѓу нив

Aрсенал во последните 4 обиди немаат победа над англиска екипа во ЛШ

Арсенал имаат само 3 победи на нивните претходни 13 натпревари кои ги играле на гостински терен во ЛШ

Арсенал досега биле најмногу пати фатени во офсајт оваа сезона во ЛШ-42

Јунајтед не се победени на последните 20 натпревари на Олд Трафорд

Манчестер оваа сезона од 10-те натпревари во ЛШ имаат само 4 победени
 
Вечер типујем на вас.Резултат 1-0 или 2-1 :helou::helou::helou:
 
да те надополнам..

*Манчестер Јунајтед се уште ја држи најдолгата низа без пораз во Лигата на шампионите. Нема пораз од мај 2007 година кога загуби од Милан, а од истиот клуб една година претходно беше последен пат совладан на домашен терен во ова натпреварување.

Досега овие 2 екипи немаат играно една против друга на Европските натпреварувања

Манчестер Јуантед оваа сезона на 7 натпревари во ЛШ се без примен гол(најмногу од сите)

Од екипите што останаа во ЛШ,Јунајтед има примено најмалце голови,само 5

Јунајтед не се победени на последните 20 натпревари на Олд Трафорд

Се надевам дека вечерва ке ги продолжиме овие факти...Јунајтед го може тоа,тие рушат рекорди и поставуваат нови.

Омилен фудбалер на Ферги
http://www.24fudbal.com.mk/Default....-4f69-8ff1-85a002d48a14&ln=3&typeBack=default

Леле само нека дојде

Вела и свинскиот грип: Венгер сепак го носи на Олд Трафорд

http://www.netpress.com.mk/sport/vestiimages/6049/Carlos_Vela 333.jpg Мексиканскиот фудбалер на Арсенал Карлос Вела ќе се најде во составот на Арсен Венгер за првиот полуфинален натпревар од Лигата на шампионите на Олд Трафорд против Манчестре Јунајтед.
Младиот левоног напаѓач кој помина 24 саати во карантин во понеделник ги преплаши клупските лекари дека играчот би можел да го пренесе вирусот и на остатокот од екипата. Вирусот на Вела се мисли дека му го пренел неговиот пријател од Мексико кој го посетил пред една недела. За негова среќа неговите соиграчи не се заразија.
“Се исплашивме дека во понеделникот ни објаснија дека не смееме да го пуштиме на теренот зашто вирусот е многу заразен“, изјави тренерот на Арсенал.
“Среќата покажа дека се е во ред и во вторник ќе се појави на тренингот“
 
Бидејки Ферги изјави дека примарна цел да не се прими гол, јас овој состав го очекувам

--------------------ВДС----------------------

О’Шеј---------Фердинанд--------Видич-----Евра

Роналдо------Карик-----Сколс\Андерсон---Парк

----------------------Гигс----------------------

---------------------Руни----------------------
 
На местото на О'Шеј би го ставила Рафаел.
 
Ако игра Рафаел сигурно примаме гол. За овој натпревар е потребно искуството на О’Шеј.

Ама и Ошеј киксира некогаш,а што се случи па со Браун,нели се врати од повредата?
 
Бидејки Ферги изјави дека примарна цел да не се прими гол, јас овој состав го очекувам

--------------------ВДС----------------------

О’Шеј---------Фердинанд--------Видич-----Евра

Роналдо------Карик-----Сколс\Андерсон---Парк

----------------------Гигс----------------------

---------------------Руни----------------------

На Олд Трафорд играме, нема шанси да играмо само со Руни како шпиц. Мора да се постигне гол, минимум 2 напаѓача :)
 
На Олд Трафорд играме, нема шанси да играмо само со Руни како шпиц. Мора да се постигне гол, минимум 2 напаѓача :)
Точно,дома играме зашто да се мучиме на гости?Плус Арсенал не е Порто па Роналдо од пола терен голови да им дава и имаат неколку првотимци повредени.Иначе ја појќе би го играл Руни крило како против Тотенхем и против Вила ако не се лажам.Не е нормален какви топки дава и плус може да влезе во 16-ник и да шутира од далеку.Така од одбраната треба и на него да се концентрираат и на Роналдо и Тевез и така се отвара простор.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom