Фан Клуб: Манчестер Јунајтед

Статус
Затворена за нови мислења.

Јунајтед

Indifferent
Член од
5 јануари 2009
Мислења
3.974
Поени од реакции
1.622
Добра вест за натпреварот во среда е што Флечер е фит.
http://www.manutd.com/default.sps?pagegid=%7BF9E570E6%2D407E%2D44BC%2D800F%2D4A3110258114%7D&newsid=6631014

Пишува дека Керик е неизвесен,но повеќе сер Алекс ќе каже на попладневната прес-конференција.Другите се фит и одморени,па очекувам победа од најмалку 2-0. :smir:

П.С Среќен роденден за Парк и да биде уште подобар до крајот на оваа сезона !
 
Chombe_United

Да ми бричите ташаците!
Член од
14 декември 2007
Мислења
8.809
Поени од реакции
452
Се добро напишано,ама ова болдираното не...како може тим како Манчестер да попушта,не е ова Македонско првенство и Манчестер не е Победа...дај не пишувајте приказни за деца..на Ферги овој куп ако не му е амбиција оваа сезона,ќе испаднел уште во 2-3 коло (како што беше случајот во Карлинг куп лани и полани),а не дошол до полуфинале и сега ќе попушта,дај молим те + ФА Куп е најстаро натпреварување во Светот и не е мала работа да се освои ФА Куп...

Нека му е Среќен Роденден на Парк :pipi:
И јас мислам дека е пуштена ама не во смисла намерно да изгубиле туку намерно ја извади третата постава на терен за да игра знаејќи дека големи се шансите да не се добие натпреварот:toe:

Среќен Роденден Парк:smir:
 
Член од
12 јуни 2008
Мислења
5.227
Поени од реакции
974
Нека му е среќен роденденот на Парк, нека дава многу голови да си ја поправи формата:):)
 
Mlad_man

Sine Qua Non
Член од
20 април 2007
Мислења
3.475
Поени од реакции
207
И јас мислам дека е пуштена ама не во смисла намерно да изгубиле туку намерно ја извади третата постава на терен за да игра знаејќи дека големи се шансите да не се добие натпреварот:toe:

Среќен Роденден Парк:smir:
Па така и е. Ако не ви текнува во фа и кралинг Манчестер никогаш не играше со прв тим ама целосно онака сите првотимци. Секогаш стартуваше Рафаел, Посебон, Еванс па и некои други младинци кои се изборија за до полуфиналето. Ова вчера беше малку повеќе со младинци што и ме изненади ама сепак тоа е. Единствена работа од мечот од вчера што можеше да се види е дека младиве имаат потенцијал и тоа огромен, но поголемиот дел сеуште не се за да добиваат шанси во прв тим. Највеќе ми се допаднаа вчера како играа само Рафаел и брат му Фабио кои добро се држеа, а и Бен Фостер добро бранеше за време на мечот. Друга работа што ме изненади беа шутерите на пеналите ама ај да не се навраќам на тоа пошто почнува и да ме нервира малку па затоа да завршам со заклучоциве.
 
caci_cris7

Red Devil Girl 4ever
Член од
28 октомври 2008
Мислења
294
Поени од реакции
3
Не можам многу да коментирам за играта бидејки не го гледав натпреварот. Но затоа ќе искоментирам други работи.

Прво, составот со кој излезе Ферги на терен........да сакаше Ферги да го освои ФА купот ќе излезеше со најдобрите 11, а не со младиот состав. Не дека младите не се добри, сосем спротивно на тоа, успеаа да одиграат 0-0 со првотимците на Евертон, што докажува дека сите (со исклучок на некои, знаете на кои мислам) имаат многу добра иднина во Јунајтед.

Второ, со кој памет Ферги става дефанзивни играчи како Видич и Фердинанд да шутираат пенали :uvo:. Шутот на Бербатов не го коментирам, ниту нешто друго во врска со него. Точно дека многу пати до сега не има спасувано со неговите голови и тоа нормално дека никој нема да го заборави, ама неговото вчерашно издание (колку што прочитав од коментарите) било за никаде :kesa:.

Сепак мислам дека сето ова е некоја стратегија на Ферги, да ги спушти играчте малку на земја, да не летаат многу во облаци по сите 5 титули, да ги насочи повеќе кон ЛШ и ПЛ и се надевам дека сето овоа ќе резултира со освојување на останатите две титули.:pipi:

Среќен Роденден Парк, да ни биде жив и здрав и да ги тресе противничките мрежи уште мнооооооооогу години
 
Гробар Мкд

Не дамо Титулу !!!
Член од
19 ноември 2008
Мислења
5.335
Поени од реакции
1.442
И јас мислам дека е пуштена ама не во смисла намерно да изгубиле туку намерно ја извади третата постава на терен за да игра знаејќи дека големи се шансите да не се добие натпреварот:toe:

Среќен Роденден Парк:smir:

Манчестер Јунајтед се вика тимот и со прва и со трета постава,кого го интересира дали Манчестер играл со прва или со втора постава,и играчите што добиваат шанса за настап треба да се горди што настапуваат за Јунајтед и на секој натпревар да го даваат максимумот,бидејќи неможе секој играч да настапува за Манчестер Јунајтед...а пеналите се лотарија,таму не се мери јачината меѓу тимовите и ако Ферги мислел да ја пушти утакмицата ќе изгубил уште во регуларниот дел,а не да се е*аваат со продолжетоци и пенали :toe:
 
GavolRulz

hippopotomonstrosesquipedaliophobia
Член од
23 март 2008
Мислења
12.716
Поени од реакции
11.556
Не беше пуштена утакмицата, Фергусон само се надеваше дека може да победи и со ваков состав, а поразот баш и не го трогна многу.

Тој сакаше да победи, ама и не му беше толку важен тој ФА Куп.
 
Член од
21 ноември 2007
Мислења
10.747
Поени од реакции
9.507
Среќен роденден Парк!
Нека му се множат годините, головите и трофеите во Манчестер Јунајтед !
 
N

navivacka

Гостин
Абе си кажа Ферги,нема шанси да се освојат сите титули...тоа е што да се прави:toe:
 
Член од
26 јануари 2009
Мислења
7.602
Поени од реакции
6.382
јасно дека фа купот не му е толку важен на ферги ама ме мачи тоа што стигнаа дури до полуфиналето!значи само утакмици повеке игравме!!!:toe:
 
Член од
17 февруари 2009
Мислења
728
Поени од реакции
60
јасно дека фа купот не му е толку важен на ферги ама ме мачи тоа што стигнаа дури до полуфиналето!значи само утакмици повеке игравме!!!:toe:
Факт е дека не му беше важно да победи. Тоа се гледа и од составот, но кога веќе стигнал до тука, можел да обезбеди пласман во финалето и да вброи уште еден трофеј доколку би го победил и Челзи на финалето. Јасно е дека се оди на премиер лигата и Лигата на Шампиони, но ова финале е после тие натпреварувања. Ако учеството во ФА купот досега не му пречеше поради згуснување на распоредот, немаше ни финалето да пречи, тоа е подоцна. Би сакал да можам да се сретнам и позборувам со Ферги :) да ми каже зошто вака изигра. Во секој случај добро е што главните звезди ќе ни бидат одморени за Среда со Портсмут. Тое е сепак важен натпревар без разлика кој е Портсмут.

П.С. СРЕЌЕН РОДЕНДЕН на Парк.

и уште нешто:

(за оние кои го слават) ХРИСТОС ВОСКРЕСЕ!!!
 
епа шо викам!?кога можевме до тука да стигнеме уште еден натпревар нема толку да им штети :toe:
 
Гробар Мкд

Не дамо Титулу !!!
Член од
19 ноември 2008
Мислења
5.335
Поени од реакции
1.442
Манчестер Јунајтед-Портсмаут директно на А1 во 21:00 часот во Среда...јас мислев само Ливерпул-Арсенал ќе даваат ама се одлучиле и нашите да ги емитуваат...:vozbud:
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom