Фан Клуб: Манчестер Јунајтед

  • Креатор на темата Креатор на темата Apokalipto
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Манчестер на натпреварот со Порто ќе биде во мисија да стане првиот англиски тим кој што победил кај Порто на гости освен ако натпреварот не заврши 3-3 или нерешено со повеќе голови. Навистина тешка задача, но познавајќи го Манчестер, ништо не е невозможно. Со среќа.:smir:
 
Ако смета шо постирам вака слики, шо го кочам фан-клубов кажете само :)
Да смета?Зошто бе?Па ако уште некој се расправа со пентиум 3 негова работа :)
п.с Некоја слика со Рафаел на тренингот најде?:pipi:
 
Фергусон го сака Виктор Валдес 14.04.2009.
valdess2.jpg
Голманот на Барселона, Виктор Валдес, е првата желба на менаџерот на Манчестер Јунајтед, Алекс Фергусон, како достојна замена за ветеранот Едвин Ван Дер Сар...
Најавите се дека Фергусон ќе се обиде да дојде до Валдес претстојното лето и дека за тоа подготвува понуда вредна 22 милиони фунти. Валдез во моментов е под договор со каталонскиот тим, кој е со важност до 2010 година. Засега се уште нема најава дека двете страни се подготвени да ја продолжат соработката.
Покрај Манчестер Јунајтед, за чуварот на мрежата на Барселона заинтересираност покажува и италијанскиот гигант Милан.
 
Во годините наназад...рушевме многу рекорди и мнопгу традиции...вечерва е време за нов...вечерва МОРАМЕ да ги победиме Порто, и да се пласираме во полуфиналето..да ја рушиме и таа незгодна традиција на англиските тимови

Вечерва Јунајтед победува против Порто!

Ќе биде тоа прекрасен меч ,на прекрасен стадион...со солиден противник...на кој треба да докажеме дека ние Манчестер Јунајтед сме најдобри на свет !!!
Уживајте во натпреварот на кој ќе настапат нашите момци , пијте по едно пиво од мене :)

Веруваме во Јунајтед!
Одиме ...ПОБЕДУВАМЕ !!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!
 
Уште само 8ипол часа до почетокот :vozbud: одвај чекам да почне. За вечер го сакам овој состав
composition-5.php

И јас мислам дека за вакви натпревари (за прекунување на традиција :)) ќе ни треба искуство. Може Парк не се покажа баш во најдобро светло на последните неколку натпревари ама не може Ферги Нани да го стави на негово место. А и Бербатов дали ќе може да игра, нели излезе повреден на мечот со сандерленд:toe:. Вечер треба да играат како да е финале на ЛШ а не 1/4 финале.

Хелз браво за сликите, одлични се, ама кога го цитирате постот не мора сите слики да се содржат, доволни се 2-3 или тие што највеќе ви се свиѓаат:wink:.
 
Уште само 8ипол часа до почетокот :vozbud: одвај чекам да почне. За вечер го сакам овој состав
composition-5.php

И јас мислам дека за вакви натпревари (за прекунување на традиција :)) ќе ни треба искуство. Вечер треба да играат како да е финале на ЛШ а не 1/4 финале.

Хелз браво за сликите, одлични се, ама кога го цитирате постот не мора сите слики да се содржат, доволни се 2-3 или тие што највеќе ви се свиѓаат:wink:.
Можеше Тевез и Сколс.
 
Дојде и овој ден,денот за одлука,денот кога Јунајтед ке се обиде да прекине традиција за тоа дека англиска екипа нема победено на Драгао,за се има прв пат,Јунајтед рушел рекорди,Јунајтед прекинувал традиции и не гледам причина зашто вечерва не би успеале во тоа...Ферги ке излезе со најдобриот состав и ке продолжи да го атакува повторно европскиот трон како минатата сезона.

Еве и неколку изјави од играчите на екипите:

КРИСТИЈАНО РОНАЛДО (МАНЧЕСТЕР Ј.): Ќе го победиме Порто затоа што Манчестер Јунајтед е подобар тим. Сигурен сум дека сме поквалитетни, но тоа не значи дека не ги респектираме. Целта ми е до крајот на сезоната да ги освоиме Премиер-лигата, ФА Купот и Лигата на шампионите, а во тоа веруваат и моите соиграчи.

МАРИАНО ГОНЗАЛЕС (ПОРТО): Знам дека сега ќе ни биде многу потешко отколку во Манчестер бидејќи противникот мора да победи. Сепак, тие доаѓаат без Рио Фердинанд, а Кристијано Роналдо ќе биде под голем притисок од нашата публика. Ќе бидам задоволен и со реми без голови затоа што сите во екипата сонуваме за елиминација на Јунајтед.

Сепак што и да испадне на крај


LONG LIVE UNITED

 
На тренерот на Порто Хесуалдо Фереира утре нема да му биде дозволено да го води својот тим на натпреварот против Јунајтед. Тоа е поради казна што ка заработи поради некој потег кон судијата на натпреварот против Атлетико Мадрид.
Нема да му било дозволено никаков контакт утре со играчите и пред и за време на натпреварот:wink:

повеќе
Ова е добра вест. Но јас се уште верувам дека Фергусон ќе го реши натпреварот. Ако добро ги постави играчите и одиграат како што треба тогаш пласманот во наредната рунда е сигурен, но ако не ги постави како што треба тогаш мислите нека ги насочат на ПЛ.
 
Абе ако сака и помошник тренерот да не седе ние да си изиграме добро и да се пласираме во понатамошната фаза...Верувам дека Ферги смислил некоја формација за да дојдеме до победа на тој "магепсан"терен за англиските екипи кои немат победа...само главите горе и се ке биде добро...

Ферги повикува на реприза од 1999 против Јуве
http://www.24fudbal.com.mk/Default....-4924-ba27-bda3da57ef65&ln=3&typeBack=default
 
ФАКТИ


- Португалскиот првак победил на седум од осумте дуели во европските купови откако ремизирал на првиот натпревар на гостински терен. Таков беше случајот и со Атлетико Мадрид во осминафиналето од ЛШ оваа сезона.

- Манчестер Јунајтед има делумен ефект кога ремизирал на првиот натпревар на домашен терен во нокаут-фаза. Од осум меча, вкупен триумф оствари на четири, а најпознат од нив е оној против Јувентус во 1999 година во полуфиналето од ЛШ кога на Олд Трафорд беше 1:1, но во Торино англискиот тим победи со 3:2 и потоа стана европски првак.

- Актуелниот шампион загубил на последните четири нокаут-дуели од Лигата на шампионите кога реваншот го играл како гостин.

- Порто има најлоша одбрана од сите четвртфиналисти со 12 примени гола досега.

-Порто нема пораз на домашен терен во ЛШ од Англиски тим

-Ниту една англиска екипа не дала повеќе од 1 гол на Драгао

-Последен пораз на гостински терен на Манчестер Јунајтед во ЛШ,беше пред 2 години на Сан Сиро од Милан(3:0)..Од тогаш на гости имаат 6 нерешени и 4 победи

-После поразот од Милан(3:0) Јунајтед има само 3 пати примено повеќе од 1 гол.

-Јунајтед нема пораз во последните 22 натпревари во ЛШ,но во последните 6 натпревари има само 1 победа(над Интер 2:0)

-Јунајтед во Португалија има 3 победи,2 порази и 1 нерешена

-Порто има само 1 пораз на последните 14 меча на домашен терен во ЛШ(од Динамо Киев 0:1)

-Порто на последните 6 меча успеал 4 пати да не прими гол

-Кристијано Роналдо има најмногу упатени удари кон гол оваа сезона(48),но сепак има постигнато само 1 погодок.




КУРИОЗИТЕТ

Порто никогаш порано на 11 натпревари против англиски екипи не загубил на домашен терен. Шест од нив се одиграле на Драгао меѓу кои и последниот против Манчестер Јунајтед во 2004 година кој заврши со победа на Порто од 2:1 за потоа во реваншот португалскиот тим да се избори за 1:1 и на крајот од сезоната да ја освои втората европска титула. Интересно е и тоа што Манчестер Јунајтед трипати гостувал кај Порто, но ниеднаш досега не успеал да излезе како победник. Ако продолжи оваа традиција, актуелниот првак ќе биде елиминиран во четвртфиналето од овосезонската Лига на шампиони.
 
Абе ако сака и помошник тренерот да не седе ние да си изиграме добро и да се пласираме во понатамошната фаза...Верувам дека Ферги смислил некоја формација за да дојдеме до победа на тој "магепсан"терен за англиските екипи кои немат победа...само главите горе и се ке биде добро...

Ферги повикува на реприза од 1999 против Јуве
http://www.24fudbal.com.mk/Default....-4924-ba27-bda3da57ef65&ln=3&typeBack=default
Големите клубови се гледаат на вакви натпревари.
 
Фергусон го сака Виктор Валдес 14.04.2009.
valdess2.jpg
Голманот на Барселона, Виктор Валдес, е првата желба на менаџерот на Манчестер Јунајтед, Алекс Фергусон, како достојна замена за ветеранот Едвин Ван Дер Сар...
Најавите се дека Фергусон ќе се обиде да дојде до Валдес претстојното лето и дека за тоа подготвува понуда вредна 22 милиони фунти. Валдез во моментов е под договор со каталонскиот тим, кој е со важност до 2010 година. Засега се уште нема најава дека двете страни се подготвени да ја продолжат соработката.
Покрај Манчестер Јунајтед, за чуварот на мрежата на Барселона заинтересираност покажува и италијанскиот гигант Милан.

Според мене ова се само шпекулации...Ван Дер Сар кога ќе се пензионира имаме две замени за него...Кушчак и Фостер(кој во последно време не е многу сигурен) мислам дека КУшчак ќе го замени Ван Дер Сар не ни треба Валдес...
 
Фергусон го сака Виктор Валдес 14.04.2009.
valdess2.jpg
Голманот на Барселона, Виктор Валдес, е првата желба на менаџерот на Манчестер Јунајтед, Алекс Фергусон, како достојна замена за ветеранот Едвин Ван Дер Сар...
Најавите се дека Фергусон ќе се обиде да дојде до Валдес претстојното лето и дека за тоа подготвува понуда вредна 22 милиони фунти. Валдез во моментов е под договор со каталонскиот тим, кој е со важност до 2010 година. Засега се уште нема најава дека двете страни се подготвени да ја продолжат соработката.
Покрај Манчестер Јунајтед, за чуварот на мрежата на Барселона заинтересираност покажува и италијанскиот гигант Милан.
Не фала. Несакам нов Бартез.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom