Во повеќе постови забележав дека повеќе го критикувате Роналдо за неговата лоша игра.Вчера сите лошо изиграа со исклучок на ВДС,Евра,Видиќ.
ВДС не спаси да не загубиме.
Видиќ неможеше сам против целиот напад на Порто.Се гледа дека има повеќе сигурност и стабилност кога игра со Рио.
Евра се трудеше мислам најмногу од сите.
А за Роналдо ако не приметивте повеќе пати мораше да се враќа до средината,да прими топка и тој да почне напад,а таа работа требаше да ја вршат Сколс,Керик па и Флечер.Средната во целост потфрли.И баш поради тоа повлекување на Роналдо,Руни остануваше сам и нормално дека тој не е учен да игра сам во напад без подршка така да немаше голем ефект.А за тоа дека губел топки Роналдо,сите знаеме дека не е во форма,па нормално е да изгубиш топки кога ти одат 2-3 противнички фудбалери.Не дека го оправдувам Ронало,gerard убаво објасни во еден пост погоре за однесувањето на Роналдо кое и мене не ми се допаѓа,но тоа е тоа.
Според мене најголем виновник за вчерашната слаба игра е заморот.Во рок од 7-8 дена играчите имаа по 2 натпревари за репрезентациите,натпревар против Вила,исцрпувачки,и по ден ипол натпревар против Порто.Играчите се иститте од лани кои освоија 2 титули и кои годинава освоија светски куп и Карлингтон Куп така да квалитетот е тука само треба да излезе на површина и да се вратат во форма сите.
Многу ни фали Вес Браун.Лани на местото од Невил изигра најконстантно и супер.Невил треба полека да почне да ја грее клупата,а О’Шеј сепак е универзален играч кој не е 100% подготвен да игра за бек,поготово офанзивен бек,и мислам дека тој може да дава добри игри ако не игра повеќе натпревари во серија,туку со паузи.А баш во овој период игра повеќе натпревари во серија и формата му падна.
И на крај Порто заслужено го имаат овој резултат,а на Драгао ќе биде многу тешко,но не и невозможно да ги победиме.Тие статистики дека ниедна англиска екипа нема побда таму паѓаат во вода кога топката ќе почне да се тркала.
Сега во Сабота одиме кај Сандерленд и се надевам дека нема да имаме уште една разочарувачка утакмица.