Фан Клуб: Манчестер Јунајтед

  • Креатор на темата Креатор на темата Apokalipto
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Има многу фактори за денешниот неповолен резултат. Да не ги повторуваме сега пак, ама треба и да свтите дека Порто ни е незгоден противник. Еднаш не има и елиминирано. И кога во еден кош ќе ги собереме сите околности, со неодмореност, со повредени играчи, со мала криза која сеуште трае можеби и добро е што не изгубивме затоа што ова се тешки моменти за Манчестер. Заморот сите го земате во предвид за играчите. Мислите дека заморот од прентрупаноста на околностите не влијае на Фергусон. Тој е фудбалски генијалец, но не заборавајте дека сепак е "стар човек", кој треба многу да мисли и да внимава да не прави грешки. Незнам дали го забележавте кога Тевез го даде голот. Тој не се израдува како што знае и умее да покажи. Знаете во тој момент јас што прочитав на неговото лице: "Штета што не играше Тевез од почеток, можеби ќе беше поинаку". Најдобар коментар во моментот е "господ да му даде сила на сите посебно на Ферги".
 
море порто притискање
ај не сакам да зборвувам повторно за факторот среќа бидејќи голот поклон на руни, и добрата реакција на руни и тевез на 5 мин пред крајот се повеќе од доволно како показател. не велам дека е нешто лошо, само сум против било кој поголем клуб, па макар бил тоа и мојот омилен, кога игра со помал, и кога го служи среќа. тоа не го трпам и секогаш ме нервира

за втората утакмица што да се каже. прво, роналдо кој иако го ценам премногу поради неговите квалитети, више ми станува неподнослив да го гледам како после секоја одземена топка од него лежи по пола минута гледајќи во судијата, како после секој промашен удар седи на истото место и као демек се чуди како можел да промаши со некоја оскаровска фаца на лицето (додека во исто време тевез веќе се вратил во свој шеснаестерец и брка некого).... како се обидува да ја стави топката на врв на некоја тревка, броејќи назад чекори за на крај да ги рашири нозете.... дури некогаш ми се чини оро ќе заигра од збеснатост. друго ми беше мубаетот, познат е како лесно избувлив особено кога губи и кога му се одзема топката. навивачите на порто секако него ќе го имаат на пик страшно, нормално доаѓа од бенфика, така да во случај на извесно испаѓање на манчестер последните минути во порто, предвидувам црвен картон на роналдо.

ви ги прочитав коментарите, убаво што поголем дел од вас си признавте дека не баш ве бива периодов. порто бил далеку појак како екипа, затоа прашање е дали навистна порто беше многу јак, или нешто друго беше во прашање

иако и јас сум збунет дали ман.у. беше слаб или порто беа феноменални.

на страна заебанции, мислам дека навистина ќе ви треба среќа на драгао.
 
На еден пост имам напишано дека очекував да игра Тевез,кока Чомбе го постира официјалниот состав...ама ете како и секогаш ја започна Тевез играта од клупа иако требаше порано...Тевез е џокерот на Ферги и да не беше тој немаше да биде овој резлутат,се најде на вистинско место во вистинско време по додавањето на Руни..ете зашто не треба да замине Тевез,секогаш треба да имаме џокер во ракавот.
 
ај не сакам да зборвувам повторно за факторот среќа бидејќи голот поклон на руни
А голот на Родригез не беше поклонет?
 
А голот на Родригез не беше поклонет?

не беше баш иста ситуација. ок еве јас сум пристрасен и зборам за инат
тогаш зошто теди шерингам после утакмицата на itv1 изјави дека "голот е чист поклон и манчестер треба да бидат среќни, бидејќи во тој случај прашање би било дали воопшто ќе постигнеа гол. додека порто постигна два убави, а не сакам да зборам дали заслужи и нешто повеќе"

ете не мора со мене да се сложиш, ама барем со вашиот теди ш. би требало :)
 
А голот на Родригез не беше поклонет?
Како можеш тие 2 гола да ги споредуваш кога овој на Руни му ја даде како што неможе ни неговиот соиграч да му даде.
 
Не викам дека не беше поклон, ептен голем подарок ни подарија Порто.
Но, да не беше подарокот на Еванс, Порто немаше да заводат први.

Како можеш тие 2 гола да ги споредуваш кога овој на Руни му ја даде како што неможе ни неговиот соиграч да му даде.
Јас споредувам подарок со подарок, а признавам дека оној од Порто беше "ептен подарок".
 
Ајде малку да ве оттргнам од натпреварот со Порто да се ослободиме сите од нервите. Ако не ме сватите погрешно би сакал да ви дадам една обврска (ако може така да се нарече) на сите кои се во можност тоа да го сторат. Околу 20:00 часот пред натпреварот со Порто, случајно пуштив телевизија "Explorer" и го забележав Ферги наш како зборува нешто. Тоа беше еден прекрасен докумнетарец за Манчестер Јунајтед од пред 60 годинаи па наваму. Зборуваше и Чалтон и Гил, кажуваа нешто како времеплов-биографија за Манчестер. Прекрасен документарец, ама не го фатив од почеток. Би ве замолил сите вас кои повеќе "шарате" низ интернетот, дали е возможно да се пронајде некој линк за да ја даунлоадираме емисијата. Јас би сакал да ја имам во мојата колекција, а верувам и вие! Ако некој успее да ја пронајди, би му бил премногу благодарен.

П.С. Ако некој разбери и за реприза на емисијата на TV Explorer, нека каже, ќе ја снимам од таму.
 
Не викам дека не беше поклон, ептен голем подарок ни подарија Порто.
Но, да не беше подарокот на Еванс, Порто немаше да заводат први.

Јас споредувам подарок со подарок, а признавам дека оној од Порто беше "ептен подарок".

добро ама грешка е едно, а поклон е дурго. за така можеме и вториот гол на порто да го окарактеризираме како поклон бидејќи ошеј му ја префрли со глава, така?

друго е кога грешка се прави под притисок (пр. видич со торес и џерард) бидејќи иако е поклон сепак удел има противнички играч. додека пасот кон руни беше смешен. фудбалерот имаше најмалку две-три лесни решенија наместо тоа што го направи. тоа ми е зборот
 
Најмногу криво ми е за Евра,се изнамучи денес
1000x.jpg

1000x.jpg

1000x.jpg

и на крај ова
1000x.jpg

Иначе мислам дека gerard овојпат е во право.Голот на Руни беше многу поголем подарок него првиот за Порто.

Како и да е да се потсетиме играме со Сандерленд во ПЛ каде што очекувам рутинска победа за да се спремни играчите во среда на реваншот.
 
добро ама грешка е едно, а поклон е дурго. за така можеме и вториот гол на порто да го окарактеризираме како поклон бидејќи ошеј му ја префрли со глава, така?

друго е кога грешка се прави под притисок (пр. видич со торес и џерард) бидејќи иако е поклон сепак удел има противнички играч. додека пасот кон руни беше смешен. фудбалерот имаше најмалку две-три лесни решенија наместо тоа што го направи. тоа ми е зборот
Играчот од Порто не се ни заврте да виде на кој предава.
Ептен голем кикс.

Но и Порто добија поклон, а резултатот беше сосема заслужен.
На Драгао се надевам нема да гледаме бункер од Порто.
 
Играчот од Порто не се ни заврте да виде на кој предава.
Ептен голем кикс.

Но и Порто добија поклон, а резултатот беше сосема заслужен.
На Драгао се надевам нема да гледаме бункер од Порто.
Баш тоа ќе гледате бункер од страна на Порто нема шанси да нападнат први.
 
Реално Порто заслужи најмалку нерешено на овој натпревар. Делуваше многу опасно речиси во секоја ситуација во шеснаесетникот, а одбраната на Манчестер често не можеше да се справи со ситуацијата соодветно. Факт е дека играта во последно време е многу лоша, нема острина во нападот, акциите течат премногу споро и не се создаваат чисти шанси. Далеку од тоа дека е изгубено се, но во наредниве денови тимот ќе треба да се мотивира екстра и да го подигне нивото на игра. Не само за реваншот, туку и за последните 7 кола во Премиер.
 
Нормално дека ќе играат бункер, ама тоа не значи дека нема да имаат шанса да дадат гол. Да завршеше 2-1 ќе беше многу подруго. А вака Порто ќе чека Манчестер тотално да се отвори, и преку контри да ја реши утакмицата, а денеска покажаа дека се многу опасни од контри, и дека имаат перфектен напад.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom