И јас го велам истото, се губи убавината на фудбалот со овие казни, комисии, поништувања на картони и разноразни глупости. Или ќе им се поништат картоните на сите по мечот, или на никој?
И каков е тој критериум кој одлучува чиј картон ќе биде поништен а чиј картон ќе биде дополнително анализиран и казната ќе биде продолжена? Има нешто записник, кодекс? Зошто во јавност не кажат кои картони би биле поништувани и не ги стават на официјалната страница на ПЛ каде што се правилата? Баш ме интересира. Се плашам и Премиерлигава да не стане боранија како Калчото.