Deno прогрешно си ме сватил, јас не викам дека сум разочаран од Бербо, само очекував малку повќе со оглед на тоа дека веќе играше во Премиер Лигата и се покажа како добар голгетер во ова првенство.
Очекував Бербо уште од старт да им ја олесни задачата на Роналдо и Руни кога се во прашање погодоците, (јас не очекувам а мислам дека и ниеден фан на Јунајтед не треба да бара Роналдо да постигне пак 42 погодока, може да се надева ама не да бара) Бербо со 20 погодока и Рони со 20 пак ќе ја комплетираат таа бројка.
Ако не се лажам Бербатов има само еден погодок во Премиер Лигата, а на тоа ако се надоврзе и слабиот учинок на Тевез поради неможноста да игра, тука го гледа слабиот ефект од играта на Бербо. Но ова е само почетоко можно е тој да распали во вориот дел и да ме негира
А бе стрпете се малку,има време за Бербатов,сеуште се прилагодува на играта на Мен Ју.До сега има 5 погодоци,се труди,има снага.Не е промашај,ама треба да добива шанса Тевез.Сепак тоа е тактиката на САФ,кој што ќе ги ротира 3-цата шпицеви во разни периоди од сезоната,зависно од нивната форма.Сега се Руни и Берба,после Тевез и Берба,па Тевез и Руни.Тоа САФ најдобро ќе го направи,кога секој ќе биде во најдобарата форма,да бидат на теренот.Да бидеме сепак реални,Тевез не е во некоја форма моментално,видовте на прошлите мечеви што промашуваше и итн....
Дали заличивме на пред двегодишната игра, ќе покажат резултатите. Ама статичноста на Бербатов, без разлика на различните идеологии и визии за играчи од напад, шпицевите, мислам дека сите АНГЛИСКИ фанови се сложуваат со тоа да сите играчи имаат игривост во нозете, а не како Бербатов, што веќе подолго време го потенцирам, игра некој вид ИТАЛИЈАНСКА игра која ама баш ич не личи на Манчестер, така што топката фактички него го удира за да влезе в гол. Тој така мирен, само крева нога, или пушта сеедно и топката влегува в гол. Значи, не е тоа што би требало да е. Ама сепак, ќе повторам, ќе ги видиме резултатите, дали оваа тактика на Фергусон е добра, или не е, ама мислам дека нема да биде како ланската, каде до израз излегуваа сите играчи, не само поединци.
Види,Бербатов го има тоа што многу играчи во ПЛ го немаат.Рефлес и осет како да постигне гол,кога е најпотребно.Тоа го докажал до сега во Тотенхем,а му претстои да го докажува и во Мен Ју.Имаше фантастични партии сезонава.На неговото деби,кој иако не беше вклопен во тимот успеа да асистира против Ливерпул.Потоа 2-та гола против Алборг,со Челзи исто така беше доста солиден,со ВБА знаеше како да привлече 2-3 играчи околу себе за да се отворат другите,со Хал направи доста одлични потези,вклучувајќи 2 асистенции,со Вест Хем исто така,сетете се на асистенцијата против Вест Хем само.Единствено кај што потфрли е против Арсенал.А тоа Италјанска игра што не личи на Мен Ју не би рекол.Сети се што рече лани Спалети после двомечот со Мен Ју.Ќе го цитирам:"Манчестер е најиталјанската екипа која доаѓа од друга земја"
Не дека сум против Берба да не игра ама САФ заборави колку Тевез придонесе лани за двојната титула,кога лани играше Тевез заедно со Руни паднаа повеке голови отколку сега со Бербатов и Руни заедно,оваа сезона САФ направи многу грешка во врска со составот...како на пример ВДС стар е човекот не е она што беше порано кога бранеше се живо и диво па дури и пенали,во одбраната исто така Невил свака му част на него го цениме ама место Рафа тој го ставил Невил и примаме во последно време многу погодоци што е малку чудно за екипа како Манчестер 10 гола во 11 кола...за средниот ред и немам забелешка многу...Роналдо,Нани,Андерсон,Флечер,а некаде прочитав дека и Сколси се врака против Манчестер Сити,добар е Сколси иако е стар...ми се допага неговата игра...а во нападот Руни Тевез и Бербатов...па сега Фергусон тој дел му е најтежок,не може да се одлучи,ама мислам дека Берба треба(ше)да се избори за таа позиција па после да игра во првите 11
Гледај вака,Тевез е еден од најборбените на теренот,стварно ми се свиѓа неговата игра,ама како што напоменав погоре,не е во некоја форма влезен и знае тоа САФ како да го искомбинира.Не грижи се,ќе дојде и моментот кога Тевез ќе покаже што знае и дека не треба да седи на клупата.Сезоната е долга,имаме премногу мечеви и морат да се прават ротација во тимот.Секој ќе има еднаков придонес во екипата.Јест да лани имаше фантастични моменти,ама лани за лани.И Саха изигра маестрална сезона пред 2 години,а лани покрај повредите беше во сенка на Тевез и Руни.Откако ќе се врати Браун,не верувам Невил да добива некоја шанса.И изгледа му се бројат минутите во дресот на Мен Ју,уште 2 до 3 сезони максимум може да го сметаме како играч на Мен Ју,а потоа во пензија...Вистинска Легенда према лојалноста према фановите и клубот,требаат и другите играчи да се огледаат од него,ама сепак не може да придонесе за тимот колку порано.Во Рафаел гледам достојна замена за него во наредните сезони,уште е млад,треба да се калеми,треба да добива шанса.Затоа не се грижете,сезоната е долга,секој тим си има своја криза во одреден дел од сезоната така да не е ништо ново тоа во светот на фудбалот.И да ве освежам со еден клип на Берба и не се разочарувајте пред време,Мен Ју ќе ве демантира.