Роналдо: Фановите на Јунајтед ми простија
Кристијано Роналдо вели дека фановите на Манчестер Јунајтед, веќе му простиле поради обидите ова лето да се пресели во Реал Мадрид
Португалскиот интернационалец ова лето беше мета на Кралскиот Клуб, и неколку пати јавно кажа дека сака преселба на Бернабе.
Сепак, Алекс Фергусон не сакаше да слушне за продажба на Роналдо, и на крајот играчот се сложи со останување на Олд Трафорд и во следната сезона.
“На дуелот со Виљареал кога се вратив на терените, бев полку нервозен бидејќи ја очекував реакцијата на фановите.” – рече Роналдо.
“Фала му на Господ, работите се одвиваа добро.”
“На тој натпревар се покажа дека фановите не ги заборавиле убавите моменти поминати заедно, и тоа ме прави многу среќен.”
“Сега сакам да ја повторам минатата сезона и да продолжам да прикажувам добри перформанси.”