Нова олигархија се создава

  • Креатор на темата Креатор на темата realen_07
  • Време на започнување Време на започнување
НАТО и ЕУ ќе попричекаат додека Груевски ја заврши домашната задача, а таа, богами, може единствено да се одработи ако Македонија е во самизолација. Треба да се завршат некои мачни и валкани работи затоа Македонија мора да биде далеку од очите на Европа и демократскиот свет. Груевски ја остварува дамнешната идеја на Љупчо Георгиевски да се создаденова класа, нова олигархија која директно извира од десницата. Тоа треба да се направи со нови револуционерни закони како во времето на комунизмот со експропријација и со национализација, да им се одземе имотот на сегашните олигарси за кои поради начинот на приватизацијата во јавноста е создадена негативна слика. Груевски ја презема улогата на балкански Путин и во негов стил ги меша правдата и правото. Големите неправди што се направени во Македонија со приватизацијата кога на голем дел од граѓаните им беше оневозможено да учествуваат во распродажбата на државниот имот, се користат како параван за сега да се направат потези со цел да им се одземе дел од имотот на сегашните олигарси, што наводно ќе биде предмет на нова поправедна распределба. Со тоа ќе се создаде правна несигурност и големи штети за компаниите во подем.

ВМРО-ДПМНЕ и Груевски влегуваат во фаза кога веќе се одбрани бизнисмени кои влегуваат во вмровскиот естаблишмент и кои ќе раководат со партиските пари преку привилегирани државни бизниси кои почнуваат агитпроповски и акцијашки со садење милиони дрвца и градење на училишта и фискултурни сали, а завршуваат со изградба на брани, термоцентрали, големи земјоделски чифлици, латифундии... Во наредните четири години Груевски ќе подели близу десет милијарди долари кеш само буџетски пари, а тој износ најверојатно двојно ќе се зголеми преку разни концесии за изградба на автопати, за експлоатација на рудно богатство, изградба на брани и термоцентрали, аеродроми, се очекуваат и дополнителни пари од натамошна доприватизација, која не е завршена. Значи, преку дваесет милијарди долари ќе има Груевски на располагање да дели до наредните избори. Тоа е огромен капитал за респект дури и во развиениот свет. За да се оствари овој амбициозен план, четири години е кус период за создавање нова класа за што по еволутивен пат во историјата се потребни децении. Затоа се впрегнати сите сили за создавање брза неприродна симбиоза меѓу десницата на ВМРО-ДПМНЕ и крупниот капитал. Се игра грубо со донесување нови закoни за национализација и експропријација по итна постапка. Затоа во овој период мора судството да биде под контрола во сите инстанци од Основен суд до Врховен, од Судскиот совет до Апелационите судови и Уставниот суд, до Јавното обвинителство и се' што значи судство и процесно право. Поделбата на оваа огромна сума пари под закрила на закони кои се во директна спротивставеност на европските права има единствена цел да создаде нова бизнис-елита и нов културен и научен естаблишмент. Тоа е најголемата операција која Груевски ја почнува поамбициозно од неговиот претходник Љупчо Георгиевски. Затоа, македонската Влада и судството нема да се занимаваат со огромен број пропаднати претпријатија како последица на нивното обезврднување и сомнителна приватизација чиј имот едноставно го снема во лавиринтот на хипотеките и на грабежите, туку ќе се занимава со ревизија на приватизацијата кај големите и успешните компании. Подготовките за тоа се завршени. Во јавноста одамна има негативен одиум спрема македонската приватизација. Таа претстава подеднакво ја создаваа сите власти. Во секој случај, Груевски и коалиционите партнери успеаја и медиумски да се засилат за овој голем потфат како што е создавањето нова класа, па од 25 национални телевизии, најмногу во светот по жител, 24 се под контрола на партиите во власта. Во стотици локални радио и телевизиски станици контролата е речиси стопроцентна, со еден или два исклучока, а во приватните весници за неполни две години се сменети сите клучни главни уредници, преку сопствениците на медиумите и под директен притисок на Владата.

Во ваков амбиент секое приближување кон ЕУ и кон НАТО или кон какви било светски демократски стандарди се смета за опасност од нарушување на историската мисија. Затоа Нимиц ќе дава се' нови и нови предлози кои ќе ги слушаме со молчење, а ќе ги обвинуваме гласно сите за заговор против Македонија, ќе блефираме дека сме многу јаки и можеме сами, додека нашиот „Путин“ не ја испили новата вмровска олигархија. Првите примероци старо-нови олигарси веќе пропеаја на вмровското буниште. Се чекаат следните петли на Груевски.

ИЗВОР

Se e chista "vistina" a "realen",koga Erol ja potvrduva tezata na Frchkovski .Da plachesh ili da se smeesh.

Болниот од Балканот
Дефиниција на она што ни се случува е дека нашата демократија е пред колапс - соочена со корпоративна држава, авторитарни методи на власт и меѓународна изолација. Првото искушение на овој мал наш монструм ќе биде наесен. Ако се одлучи за изолација, без решение за името: системот, иако не признавајќи, ќе се делегитимира
9502F686A4890B43BDA043171B4CE546.jpg

Како што на почетокот на дваесеттиот век Турција беше означувана како „болниот на Босфорот“, така на почетокот на 21 век Македонија почнува да ја означуваат како „болниот на Балканот“. Како се случи тоа ? Уште повеќе, со што го заслуживме тоа?Има една теорија за тоа зошто се вмро-овциве (од овој нов ков) толку ступидно упорни во одбивањето на евроатланските интеграции. Секако дека е наивно да се верува во плитката реторика дека е тоа заради уцените за името (посебно во светло на добрата формула што е на маса за негово разрешување).Значи, без претензии за конспиративни рефлексии, ќе си дозволиме неколку цртички анализа на можните мотиви за оваа суицидалност на лидерството.

ВМРО очигледно сака да создаде своја „буржоазија“!

За тоа му се погодило лошо време бидејќи, ако влеземе оваа година во НАТО и подоцна во ЕУ, нема доволно време за таква крупна промена на сопственичките соодноси.Наместо партиско престројување, ќе влезе вистински свеж капитал и развитокот ќе отиде во друг правец. Затоа според стрвниве вмровци потребно е да се добие време надвор од тие контролни механизми на „меѓународната“. Имено тие сметаат дека не треба да брзаме со влез „следните 4 години“ во ништо што импонира вистинска контрола на норми однадвор на дивата власт однатре.Таа програма на изолација проследена со вмровска експропријација внатре, треба, според нив, да се остварува со агресивна пропаганда на „исполнување на критериуми и бенчмаркови“ за прием во тие организации (кои всушност ги избегнуваат). Тоа е незадолжителна игра што ги покрива валканиците на грубата контрола што се спроведува во стварноста.

Техниката на владеењето, во кое има систем (со орнаменти на глупоста и грубост) е убиство на „владеењето на правото“. Ако досега тоа беше слабо, сега е конечно пред клиничка смрт. Техниката со која тоа се убива е ПРЕНОРМИРАНОСТ. Се создава мрежа од конфликтни закони и уредби во секоја точка на системот на социјални односи: во бизнисот, невладиниот сектор, судството, образованието, здравството. Секаде намерно постојат неколку истовремено важечки правила и закони што се преклопуваат и се контрадикторни. Последица од тоа е дека системот е непредвидлив и несигурен. За која било акција не можете да се потпрете на предвидлива норма што јасно ве води до целта, туку на интервенција од некој од власта. Ако одбиете таква интервенција, може да ве „закачи“ некоја од контрадикторните норми и вие сте во секој момент ранлив.

Тоа е основната технологија на владеење денес во Македонија. Наспроти овој развиен систем, власта - како што напоменавме - користи реторика на божемно поедноставување на системот на норми? Имено, пропагандно зборува нешто сосема спротивно на операцијата што е во тек.Тоа медицински се дефинира со недостаток на витамин Б-15 кај личноста или Корсаков-синдром: наречен поинаку патолошка или восочна ЛАГА (Konfabulacia Cerea).

За да успее операцијата на опишаното државно рекетирање потребно е воспоставување строга контрола врз протокот на пари преку тендерите и државните услуги. Затоа власта тврдо се пресметува со ситната корупција во пониските ешалони (со медиски спектакли на апсење), за тоа време крупната централна корупција ја разви до невидени размери во Македонија, се' во рацете на партиската „фамилија“. Тие направија и за себе и за партијата пари, а остана и за капење пари до слоевите на население што постојано се корумпира со ситна помош. Државата е сеприсутна со своите мрежи на рекет - тоа се нарекува корпоративистичка деформација на демократијата. Втор услов за оваа операција да се одвива мазно е онеспособување на улогата на независното судство. Повторно под реторика на спроведување европски реформи, судството е пред партиски диктат и растур-систем од невидени размери досега. Како е возможно под превез на реформирање кон ЕУ судството да е позависно и помалку способно за неутрална просудба од кога било во македонската историја? Ова е наша државна трагедија со долгорочни последици. Втора трагедија што ја сметам за смртоносна е скоро комплетната партизација на државната администрација.

Кога во мултикултурно општество, единствената неутрална оска за сервис кон различните културни сегменти и граѓани се партизира - тоа е знак за распад, не за развој. Страничните удари кон медиумите, универзитетот, здравството и слично се само втори колосеци на основната КОРПОРАТИВИЗАЦИЈА на државата во партиски раце. Дефиниција на она што ни се случува е дека нашата демократија е пред колапс - соочена со корпоративна држава, авторитарни методи на власт и меѓународна изолација. Првото искушение на овој мал наш монструм ќе биде наесен. Ако се одлучи за изолација, без решение за името: системот, иако не признавајќи, ќе се ДЕЛЕГИТИМИРА. Неговите 100 чекори лежат на општ консензус за два чекора: НАТО И ЕУ. Ако тоа стане далечна иднина, оваа власт треба да си оди што побрзо. Нема ништо повеќе што таа може да понуди.
Љубомир Д.Фрчкоски
http://www.dnevnik.com.mk/default.asp?itemID=7BAA9D52AE5B24498785FA903AA9274A&arc=1
 
Со задоцнение ја прегледав темата, и од сите четири страни, впечаток ми остави овој коментар:

објективност и Ерол имаат допирни точки, колку што имаат магаре и музика..

За realen_07: веќе еднаш ти спомнав дека е штетно за здравјето премногу да се занимаваш со тоа што го пишува Утрински. Без разлика на која страна си, последиците од голтањето ваква дрога се подеднакво разорни.
 
тоа ти доага како ЗМИЈА ДА ТЕ КАСНЕ ИЛИ МАГАРЕ ДА ТЕ Е..Е ништо ново за они колку толку што пратат политика....олигарсите немаат боја ниту партиска припадност ..инаку немаше да се изгласа закон за работни односи од грујо кој е по мерка на олигарсите...нив ги интересира профит и тоа по секоја цена ....плановите на грујо и компанија(фамилија) се до 2018/2020 год,за исцицат Македонија до последната капка после може еу и нато... и втора варијанта така исцицани и дотепани да побараат спас во мајка блгарија ,ништо ново во неговата политика(дпмне) само продолжување на политиката на менторот љубчо... па и синокешната изјава дека ако не било името еу пак ке најделе нешто за да не почнат преговори ...как да ние ги исполнивме сите услови ==== па ако е и од грујо многу е бре брате,,како мало учениче е кога вели учителот ме мрази... едноставно човекот си има агенда зартана од неговите ментори и треба да ја исполни ако може до крај ,а крајот е безна во која македонија ке влезе и тешко ке излезе ..... па драги мои не Буш, не Меркел ,не Рен ,кој сака нека збори и соли памет ...грујо и фамилијата ги заболе за народот и државата ........
 
Se sekavam na oslednovo intervju na BC na alfa li bese mislam taka nesto.. i pazi mnogu jako .. veli edna glavna greska i maana na segasnovo SDS bilo sto se obidelo da igra na terenot na VMRO.. e koj e toj teren mrtov laden odgovara patriotizam i nacionalna svest.. eeeeeejjj meri mu mozokot ama toa e .. sepak ima podrska od nekoj debilcinja megju narodov :(

Sto ukazuva toa sledno???

Se ke prodade samo da se vrati na vlast.. znaci nee vazno ime patriotizam, nacionalna svest i ostanato.. vazno e da se ima podrska od narodot i da se bide na vlast.. zavrsena storija.. the end konec filjma..

I sega sto u stvari nie pravime muabet tuka??? demek se stvaraat novi oligarsi dodeka starive zivurkaat???

Ili se ide na varijanta ako ne go dademe imevo (so epten dobrata formula sto stoela na masa - frcko znae neli?) smak sveta????

Ma jas neznam ni sto voopsto se zamaram da pisuvam navistina.. ja gledav poslednata anketa pred nekoj den napravena od institutot.. i toa me tera nedvosmisleno da se obratam kon onie od SDS-to ili uste podobro opoziciono orientirani na forumive.. lugje takvi storii ne pominuvaat .. nekako navistina i narodov i drzavava stanuvaat i polnoletni i zreli! Ako sakate da bidete navistina opozicija togas NAVISTINA imate potreba od nov stil na razmisluvanje , na pristap i na dejstvuvanje.. dosta veke so papata izliteni se, bez kapacitet i sto e najvazno procitani potpolno .. nasiov narod znae sto saka! Ovaa teza demek balkanski putin uste edna pogresna totalno.. pak kontra efekt ke s imate .. ama aj d vidime sto e odi..

P.S Pa ne e nitu nekoja filozofija sega dazborime ova ili ona navistina so sila glupi li se pravime ?? Bez ogled izjavata na Gruevski, Grcija nedvosmisleno zastana protiv amerika vo NATO! Koj idiot bi mozel da pomisli deka istoto nema da go napravi i vo EU??? Neka si ja sednat EU Grcija neka si ja discipliniraat pa posle neka zemaat stapot i neka mi maftaat dali sum ja napisal domasnata.. koja se pisuva mnogu brzo..
 
1.бц е истрошена приказна
2,и по логиката на нештата според анкетите:pos2: на институтот на дпмне е ..добро за дпмне тој да биде претседател на сдсдм =логично
3.нови оигарси има и тоа е тенденција на грујо=закон за работни односи =направен по мерка на олигарсите(мислиш штерјо го пишал)
4,народот ги избра затоа што ветија нато и еу а не изолација
5,нека дпмне=грујо не окривува никој (освен за името) нека седне да си ја напише домашната а не како мало дете да плаче (
професорот го мразел)
6,народот наградува ама и казнува многу брзо огледалце огледалце може да му каже дека рејтингот му е нула
 
Што сакал писателот Ерол во оваа прикаска да каже?
Дека врз пепелта на една олигархија ќе се родела друга?
Сега сите како него треба да жалиме за сегашнава?
Ха.

Писателот само се поклопува со дел од моите размислувања и сомнежи.

Има толку многу работи кои се совпаѓаат, за да цела ова приказна биде само еден обичен текст на комунистот Ерол.
Има толку многу испрани мозоци, за да неможе да се согледаат неколку работи кои се толку многу очигледни.

Ајде прво да почнеме со спорот За името.
Премиерот и министерот негов, пред некој ден ја почнаа најновата кампања, која одприлика вели:
Mожеме ние уште четири години !
А после четири....или ќе дојде некоја нова влада...па нека му ја мисли.
Или пак економски бедниот народ, сам ќе почне да бара каков било компромис.
А во меѓувреме....посакуваната ситуација...статус кво.

Но да видиме кому највеќе му одговара ова ситуација.
Се разбира, најмногу на грците.
Нивниот план за самоуништување на Македонија, во наредните 4 години само ќе добие на континуитет.
Надвор од цивилизацијата....надвор од правилата на игра.
Се' поблиску до целта.
А они....среќни и весели.

Груевски...конечно ќе ги добие четирите толку посакувани години, грејс период.
Четири години беззаконие и играње по правила кои само нему му одговараат...се разбира и блиските нему.
Четири години во кои успешно ќе се пресмета со секој неистомиленик поединечно.
Создавање на нова бизнис олигархија.
Создавање на нова интелектуална елита од типот на Латас и Томиќ.
Со еден збор, создавање почва за непречено владеење во наредниве дваесет години.

Затоа.
Или решавање на спорот со компромис.
Но компромис во кој ќе биде зациментирано прашањето за идентитет...јазик, култура....
Компромис со кој ќе им се остави можност на нашите пријателски држави, да не ословуваат како што ним им одговара.
Компромис со кој на некои идни, поумни генерации, ќе им се остави барем најмала можност за рекомпонирање на компромисот и исправање на историската грешка.........и тортура врз еден народ,која трае веќе 17 години.

Или.
Прекинување на преговорите, и јасно давање до знаење дека Македонија е само Македонија и ништо повеќе или помалку од тоа.
Со тоа проблемот во наредните четири години, нема да го има, па така ќе може енергијата да се троши продуктивно.
А ЕУ...можеби во тие четири години ќе разбере дека си нема проблем со нас, туку со нивното нацизоидно галениче.
Но со тоа ќе падне во вода и алибито дека сите освен "мене" се криви.
И дека во иднина за сите "мои" неуспеси, нема крив да биде Трајко или Петко...туку единствено "Јас".

Со тоа и ќе треба да се преземе и одговорноста за иднината на еден народ и една нација.

Значи.
Ситуацијата е или или.
Статус кво, на сите по малку им одговара...
Но намалку на Македонија.
За двете "или" опции...треба да има лидер со визија.
Што и да одбере...за мене ќе биде прифатливо.
Не би сакал и наредните години, да ги поминам како и последните 17, во кои зборот перспектива и иднина, се повеќе го губи своето значење.

:raz:Значи немало стара олигархија, имало нова...Кој ги запусти сите фабрики?Кој е одговорен за ТАТ, за сите промашени зделки и штетно потпишани договори досега?Кој го шитна Фершпед за без пари народски кажано?Кој ја направи најматната приватизација во Македонија, која приватизација допринесе за енормно збогатување на одредена мала клапа на шизици, кој денеска милуваат да ги наречат олигарси?Сигурен сум, дека Штерјо кога ќе се слушне и види на ТВ за него и олигархијата, се гордее на моќта која ја поседува..Јас не сум ни за нова ни за стара олигархија..Јас мислам дека би било во ред, и чесно (барем, кон оние кои останаа на улица поради таквата приватизација), да се испитаат барем 90 проценти од сите матни зделки потпишани досега и да се амортизира колку што може повеќе штетата од таа мрачна Македонска приватизација, мислам дека оние оштетените, би биле минимум задоволни ако гледаат дека тие што му го зеле лебот одговараат пред законот, и дека всушност постои правна држава...Треба да се сечат пипците на Октоподот, и да се почни да се работи за државата.

И јас би сакал да е така.
Ама не е така.

Што всушност гледаме денес ?
Создавање на нова олигархија, под изговор на борбата против старата олигархија.
За да се спроведе тоа, треба да се има контрола врз судството, и институциите на системот.
Што прави денес ДПМНЕ.
Наместо да департизира...продолжува со партизација, невидена досега, која слободно може да се нарече вулгарна препартизација.
Наместо еден Штерјо, сака да направи друг Штерјо.
Наместо да и се даде шанса на интелигенцијата...
Се дава шанса на партиски потрчковци, братучеди, жени, сестри шуровци и швалерки.
Наместо да се отворат случаите на исчезнатите фирми, кои беа гиганти едно време и да се лоцира одговорноста...
Се отвараат случаи на добростоечки фирми кои успешно работат, и придонесуваат за економијата и невработеноста во Македонија, со единствена цел.
Превласт во истите.
Пропаднатите...и не се толку интересни.
Затоа што немаат капитал.
Затоа што од нив, и неможе да се ќари нешто.

Знаеш ли колку фирми поседува ДПМНЕ ?
Додуше под притисок на уставниот суд, си ги распределија на истакнатите членови, па така мислат дека ќе ја прикријат трагата на нивниот криминал.
И.
Каде гледаш ти решителна борба против корупцијата, криминалот и олигархијата ?
Во апсењето на неколкумина кои се рангираат во ситна боранија.
Па тоа е само мачкање очи пред наротот....ништо друго.

Ова што се случува денес, е борба за ПРЕВЛАСТ.
А превласта може да им донесе добро само на партиите и нивните блиски.
Никако на Македонија и на Македонскиот народ.
 
Создавањето нова олигархија се темели на основите од старата веќе “испукана“ комуњарска олигархија.Старите олигарси ги вметнаа потенцијалните нови во редовите на ДПМНЕ а Гвујо им послужи само како “скала“ за стекнување со “ДПМНЕ бекстејџ“,иако до вчера беа типични комуњарски деца,веќе денес имаме “окорели патриоти“ кој не се интересираат за ништо освен за тоа што ќе измислат за нивните новосновани фирми да победат на тендерот,за градба,за реновирање или за “шминкање“,со што би ги оправдале несразмерно потрошените средства кој пак со финта секогаш се кажуваат во денари оти помалку болеле,а пак буџетот се кажува во евра оти не знаат ни да ја напишат сумата во денари.:toe:
 
Писателот само се поклопува со дел од моите размислувања и сомнежи.

Има толку многу работи кои се совпаѓаат, за да цела ова приказна биде само еден обичен текст на комунистот Ерол.
Има толку многу испрани мозоци, за да неможе да се согледаат неколку работи кои се толку многу очигледни.

Ајде прво да почнеме со спорот За името.
Премиерот и министерот негов, пред некој ден ја почнаа најновата кампања, која одприлика вели:
Mожеме ние уште четири години !
А после четири....или ќе дојде некоја нова влада...па нека му ја мисли.
Или пак економски бедниот народ, сам ќе почне да бара каков било компромис.
А во меѓувреме....посакуваната ситуација...статус кво.

"realen",dali si se "zaprashal" ,zoshto Rizaov ili Frchkovski ili bilo koj drug od "nezavisnite" novinari od Bihakjka ne progovorija za dosegashno nereshavanje na spoot.No za vasha nesrekja progovori chovekot koi tvoite go iskoristija i go frlija kako potrosheno knizno shamivche.Eve delovi od negovoto intervju:

"Малески: Уште во годините кога бев министер 1991-1993 се залагав за компромисно решение коешто не беше прифатено. Правењето компромис околу вакво емотивно прашање за кое некогаш народите и гинеле, е работа на една смирена расправа. Сегашнава надворешна политика ја гледам практично како продолжение на политиката која се прифати некаде од 1993 година. Тоа е да учествуваме во овој наметнат спор, но не и сериозно да бараме решение. Тоа ни беше тактиката. Одевме на разговори, преговори, што ги нарекувавме разговори во Њујорк, но не со намера да најдеме решение. Она што јас како професор по меѓународни односи постојано го укажував е дека на крајот од патот не чекаат Грците, во сојузите во кои ние сакаме да влеземе. Тоа се НАТО и ЕУ. И дека првото правило на сојузите е да ги штитат интересите на своите членки. И дека постојат инструменти тие да ја наметнат својата волја без оглед на фактот што другите евентуално не би се согласувале со тоа.

Но да видиме кому највеќе му одговара ова ситуација.
Се разбира, најмногу на грците.
Нивниот план за самоуништување на Македонија, во наредните 4 години само ќе добие на континуитет.
Надвор од цивилизацијата....надвор од правилата на игра.
Се' поблиску до целта.
А они....среќни и весели.

Dali samo na Grcite -koga ke si odgovorish zoshto edna drzava za ambasador vo Makedonija prakja direktor na sluzbata za razuznavanje,prashanjeto okolu interesite samo po sebe ke ti se odgovori.

Затоа.
Или решавање на спорот со компромис.
Но компромис во кој ќе биде зациментирано прашањето за идентитет...јазик, култура....
Компромис со кој ќе им се остави можност на нашите пријателски држави, да не ословуваат како што ним им одговара.
Компромис со кој на некои идни, поумни генерации, ќе им се остави барем најмала можност за рекомпонирање на компромисот и исправање на историската грешка.........и тортура врз еден народ,која трае веќе 17 години.

.

ВЕСТ: Значи, ние постојано преговараме само за нашето меѓународно име, односно да го смениме БЈРМ?
Малески: Тоа е темата на дебатата. Тоа е јазолот, тоа е проблемот - меѓународното име, кое велам на инсистирање на Грција се сведува на барање дистинкција со нивната покраина Македонија. Е сега зад тоа барање има многу историја, балканска, стравови од иредентизам, експанзионизам, итн.

Малески: Па прво за двојната формула. Не е лошо да истражите кој ја измисли таа двојна формула. Тоа е наша измислица. Во Времената спогодба, а времена е затоа што финалната спогодба ќе дојде со разрешувањето на главниот проблем, сме се согласиле да бараме заемно прифатливо решение за името, ама јасно е дека се мисли за меѓународна употреба. Кој е тој генијалец што ја измисли таа двојна формула, а после сите како папагали повторуваа, не знам. Јас се обидов еднаш двапати да кажам дека тоа е наша измислица, што никој надвор не ја прифаќа. Ниту Грција, ниту другите. Бидејќи сите знаеме што е проблемот. Проблемот на почетокот беше како со меѓународното име да се направи дистинкција со грчката покраина Македонија. Тоа беше почетокот, сега има некои други барања, но тоа е друга тема. Значи никогаш не било проблем како тие да не викаат нас, туку како да се направи во меѓународните односи дистинкција, и тоа е вистината. Сега нам може не ни се допаѓа вистината, и бидејќи не ни се допаѓа ние си измислуваме двојна формула и луѓето една деценија ја бладаат таа двојна формула

http://www.vest.com.mk/default.asp?id=156887&idg=8&idb=2473&rubrika=Revija

И јас би сакал да е така.
Ама не е така.

Што всушност гледаме денес ?
Создавање на нова олигархија, под изговор на борбата против старата олигархија.
За да се спроведе тоа, треба да се има контрола врз судството, и институциите на системот.
Што прави денес ДПМНЕ.
Наместо да департизира...продолжува со партизација, невидена досега, која слободно може да се нарече вулгарна препартизација.
Наместо еден Штерјо, сака да направи друг Штерјо.
Наместо да и се даде шанса на интелигенцијата...
Се дава шанса на партиски потрчковци, братучеди, жени, сестри шуровци и швалерки.
Наместо да се отворат случаите на исчезнатите фирми, кои беа гиганти едно време и да се лоцира одговорноста...
Се отвараат случаи на добростоечки фирми кои успешно работат, и придонесуваат за економијата и невработеноста во Македонија, со единствена цел.
Превласт во истите.
Пропаднатите...и не се толку интересни.
Затоа што немаат капитал.
Затоа што од нив, и неможе да се ќари нешто.

Знаеш ли колку фирми поседува ДПМНЕ ?
Додуше под притисок на уставниот суд, си ги распределија на истакнатите членови, па така мислат дека ќе ја прикријат трагата на нивниот криминал.
И.
Каде гледаш ти решителна борба против корупцијата, криминалот и олигархијата ?
Во апсењето на неколкумина кои се рангираат во ситна боранија.
Па тоа е само мачкање очи пред наротот....ништо друго.

Ова што се случува денес, е борба за ПРЕВЛАСТ.
А превласта може да им донесе добро само на партиите и нивните блиски.
Никако на Македонија и на Македонскиот народ.

Dali ti ,Rizaov,Frchkovski go krenavte glasot koga se stvarashe oligarhijata ,za Rizaov i Frchkovski znam deka zdusho ja pomagaa ,za tebe neznam i zatoa ke kazam deka tie nemaat pravo deneska nekogo da go obvinuvaat bidejki nivnite "obvinuvanja" se so cel da se SOCHUVAAT POZICIITE nivnite oligarsi.Za obichnite gradjani e seedno,mozebi ke ima i neshto dobro.Vo kriminalnite presmetki ima zrtvi i na dvete strani.
 
Прво за ,,интелектуалецот,, Љ.Ф. човекот кој денес јаде бурек по медиумите за ситуацијата во која се наоѓа нашата земја, а кој во нејзиното 17 годнишно постоење како независна држава министер беше 7 години.
Тоа е скоро половина.
И во неговите напади тој себе си се изклучува од одговорност. Како да бил некој нем посматрач, а не министер 7 години.
Па што работел во неговото министерување за да не сме во таква ситуација?
Како министер за внатрешни да ги апсеше кримосите од тоа време немаше да бидеме на ова дереџе.

За аналитичарот и тинк танкот Денко, исто важи ова. Ин он не беше некој водоводџија тоа време туку министар па баш за по-надворешни.

Создавање на нова бизнис олигархија.
Создавање на нова интелектуална елита од типот на Латас и Томиќ.
Со еден збор, создавање почва за непречено владеење во наредниве дваесет години.

Еве ја познатата комунистичка теорија. Токму поради нивното владеење изминатите 60-тина години.
Повторно ќе го повторам прашањето:Каде е старата олигархија и кој ја создаде? Онаа кој остави армија од 300.000 луѓе на улица. Онаа поради која сме на ова дереџе.
Токму затоа премиерот треба да се пресмета со неа. Доколку не се пресмета ништо работа.

Па зар само тие мислат дека се инетлектуална елита? Само неВладиниот Владимир, Орданот, Дане Тале, Фрчолината, Ѓунерче, Давитков, Денко, уф колку ли ги има а неможе да ми текнат. Само тие мислат дека се новинари, Тричолината, Герополос, Еролче, безброј...
Зарем според нив неможе друг за себе да вели дека е интелектуалец и новинар? Само тие можат за себе тоа да го велат-друг:Никако!

Ова е нешто слично на она со судството.
Како судството ни се партизирало. Па поБогу не сме знаеле дека до сега ни беше непартиско!
Од каде сме знаеле дека Ленка била непартиски кадар нумеро уно...проста маса ништо не си дива. Она е професионалец. Друг професионалец не смее да има?

Тоа беа Маркизите, Дјуковите, Војводите, Ерловите, Марк-Грофовите и обичните Грофови на комунизмот. Тоа беше црвената буржоазија. Освен тие и нивните потомци со плава крв други не смеат така да се нарекуваат ниту пак да биднат.
 
Автор: Мирка Велиновска
mirka.jpg
Вистинско изненадување ни приреди динамичниот и инвентивен француски претседател Саркози кога од Москва порача дека „и ЕУ има принципи до кои држи“. Не ни е познато дали рускиот претседател му поверувал, но повеќе од јасно е дека најпрво новинарите, а потоа и сите оние кои имале можности да ја видат ЕУ во акција на одбрана и доследна примена на славните европски принципи, веројатно цинично ја искоментирале оваа небулоза. Принципи? Кои принципи?

Македонија и нејзината меѓународно инспирирана голгота низ која минува од денот на независноста можеби најдобро може да испее епови за т.н. европска принципиелност. Да го земеме како пример мигот кога ЕУ им постави „принципиелен“ услов на државите произлезени од распадот на југословенската федерација да конкурираат за независни држави пред славната Бадентерова комисија. Неопходен „бенч марк“ беа новите устави. На конкурсот на ЕУ условите ги исполнија само Словенија и Македонија. И што се случи? Принципиелната ЕУ очигледно не го бендиса резултатот, па го урна овој принцип, воведувајќи нов. Македонија остана непризнаена, а Хрватска беше експресно признаена со германска протекција. ЕУ почна на секои шест месеци, преку своите фамозни извештаи, да го одложува, цевчи, попречува меѓународното признавање на Македонија. Исклучива и строга кон едни и попустлива и флексибилна кон други. Денес не е мало чувството на навреденост кај Македонците што и крај толку очигледното грубо кршење на меѓународните норми, Косово полесно ја доби својата независност отколку што тоа се случуваше со Македонија. Својата славна принципиелност, ЕУ потоа ја пренесе во Советот за безбедност и во ООН. Македонија е единствената земја на која светот ѝ го одзеде името и ја ословува со референца.

Македонија од принципиелната ЕУ доживеа вистински шок кога под претседателство на Португалија во 1992 година доби порака дека земјите членки ќе ја признаеле Македонија како држава само откако ќе престане да биде Македонија. Од нас се бараше да се обезимениме тотално. Тогашната власт на СДСМ одби да го прифати таквото барање, иако јасно, од устата на лордот Овен беше сликовито објаснето што се ќе ни се случува, односно, која ќе биде казната. Да. Македонија беше меѓународно изолирана. Грција ни воведе тотално ембарго. ЕУ тоа молчешкум го оправда. Како и сега, кога повторно Грција како прва борбена линија ни ги диктира условите за зачленување во НАТО и ЕУ.

Единствената разлика помеѓу тогаш и сега е што оние непопустливи „државотворни“ лидери никој не ги обвини дека ја водат земјата во меѓународна изолација. Тоа тогаш се нарекуваше мудра политика. За разлика од сегашната која стана опасна, белоруско–кубанска. Денес „модерниот“ СДСМ тврди дека Груевски ѝ објавил војна на меѓународната заедница и дека земјата ја води во изолација. Кој е изговорот со кој се правда оваа коперниканска промена во ставот на СДСМ? Тој е секако „принципиелен“. Времето не било исто!? Тогаш било оправдано, денес не.

Си дозволувам феноменот време со кој така плиткоумно се маневрира за лични потреби да го толкувам поинаку, повикувајќи се на теоријата на релативитетот. Имено, времето кога Македонија се испречи на патот на принципиелната ЕУ, 1992 година, беше многу попогодно за промена на името од ова време денешно. Тогаш светот беше униполарен. САД станаа единствен господар на светот. ЕУ како американски сојузник и егзекутор на американските интереси беше исклучително моќна алатка. Русија беше здробена, грогирана по падот на комунизмот, а Кина на патот на промените за кои сите беа убедени дека нема да успеат. Денес, по 15 години, реалноста е сосема поинаква. САД веќе не се единствениот светски господар. Кина, Индија, Бразил се светски економски велесили. Русија е консолидирана богата држава со свои интереси кои е решена да ги брани. ЕУ е нефункционална внатрешно блокирана скапаница која се дави во сопствената неспособност политички да се дефинира и постави како функционален државен конгломерат. Се дави во сопствената непринципиелност. Денес, на пример, ембаргото кое толку сериозно ѝ го наметнуваше на Македонија и од кое се плашат нашите „државотворци“ од 1992 година, Брисел го трансформира во трагикомични повремени иницијативи за бојкотирање на спортски настани или фестивали на лесни ноти од типот на Евросонг. И токму сега, кога светот е поголем од САД и ЕУ, кога имате и избор и алтернативи, македонските политичари му се навртеа на времето со свои дилетантски толкувања. Нè плашат со изолација токму сега кога на сите страни има отворени коридори и за комуникација и за терање економија.

Точно тоа сакам да потенцирам: И во Македонија како и во Брисел принципите царуваат. Притоа принцип над сите други принципи е дека не е важно кој каква политика застапува или води, важно е кој смее да биде непринципиелен. Само во тој случај ќе најдете логика во денешното безобразно поведение на довчерашните изолационисти–патриоти од СДСМ.

Во светската политика, светот се делеше на добри и лоши земји. Добрите беа западните, а лошите се источните. Тоа време заврши во 1989 година, само што на нашиве немаше кој да им јави. Денес, секој обид да се оживеат идеолошките стереотипи на студената војна завршуваат како доказ за ментален и политички хаос, оти, денес само уште во главите на остарените кремљолози во Вашингтон (како Бжежински) и на дезориентираните „реформирани“ комунисти во СДСМ, светот се дели на слободарски запад и мрачен исток. Кога тие велат дека ЕУ е идеал и сон за демократија, претпоставувам дека знаат оти само уште неколку членки на ЕУ и денес имаат колонии во изворна смисла на зборот.

Ме чуди што нашите посветени локални „Европејци“ кои гинат за европските вредности, не најдоа време како пратеници во Европскиот парламент, во Советот на Европа или во ОБСЕ да ги тестираат своите возвишени принципи, поставувајќи го барем прашањето на колонијализмот, кога веќе им се чинело дегутантно балкански да го истакнат македонскиот проблем.

Оттука, не е проблемот во тоа што Груевски сега им рекол „доста е веќе!“ на Солана, Баросо и Рен, ами кај домашните следбеници на коминтерновската шема кои бараат од нас да заболиме од Алцхајмерова болест како наш единствен избор.
 
Во погорниот мој коментар заборавив да го наведам Универзитетот како расадник за кадрите во минатите 60 години. Како го заборавив така читајќи го денешниот Утрински ме потсети:

,,Прво, инсистираше на помалку од сто километри од главниот град, во кој е концентрацијата на високообразовни институции, да отвори универзитет во Штип кој од глава до петици е чисто партиски проект. И успеа во тоа.,,

Па зарем новинаркава не знае дека Тетово е на 30 километри од главниот град, а Штип на 100, а воедно до Битола има 180? Или нешто што важи за Тетово не смее да важи за Штип? Каква убава шупла обланда од цитат.

И во истата реченица потврдува дека Универзитетот е партиски.
Па зарем минатите 60 години за професори по Универзитетите во Скопје и Битола беа поставувани непартиски кадри?
Не сме знаеле Бога ти, дека професорите ни се ,,непартиски,, кој од кој по непартиски кадар.
Земи го пример Правен во Скопје и ќе ти биде јасно дека се све сами стручњаци, со исклучоци.

Таа е таа една иста матрица на размислување.
 
Прво за ,,интелектуалецот,, Љ.Ф. човекот кој денес јаде бурек по медиумите за ситуацијата во која се наоѓа нашата земја, а кој во нејзиното 17 годнишно постоење како независна држава министер беше 7 години.
Тоа е скоро половина.
И во неговите напади тој себе си се изклучува од одговорност. Како да бил некој нем посматрач, а не министер 7 години.
Па што работел во неговото министерување за да не сме во таква ситуација?
Како министер за внатрешни да ги апсеше кримосите од тоа време немаше да бидеме на ова дереџе.
За аналитичарот и тинк танкот Денко, исто важи ова. Ин он не беше некој водоводџија тоа време туку министар па баш за по-надворешни.
Еве ја познатата комунистичка теорија. Токму поради нивното владеење изминатите 60-тина години.
Повторно ќе го повторам прашањето:Каде е старата олигархија и кој ја создаде? Онаа кој остави армија од 300.000 луѓе на улица. Онаа поради која сме на ова дереџе.
Токму затоа премиерот треба да се пресмета со неа. Доколку не се пресмета ништо работа.

Па зар само тие мислат дека се инетлектуална елита? Само неВладиниот Владимир, Орданот, Дане Тале, Фрчолината, Ѓунерче, Давитков, Денко, уф колку ли ги има а неможе да ми текнат. Само тие мислат дека се новинари, Тричолината, Герополос, Еролче, безброј...
Зарем според нив неможе друг за себе да вели дека е интелектуалец и новинар? Само тие можат за себе тоа да го велат-друг:Никако!

Ова е нешто слично на она со судството.
Како судството ни се партизирало. Па поБогу не сме знаеле дека до сега ни беше непартиско!
Од каде сме знаеле дека Ленка била непартиски кадар нумеро уно...проста маса ништо не си дива. Она е професионалец. Друг професионалец не смее да има?

Тоа беа Маркизите, Дјуковите, Војводите, Ерловите, Марк-Грофовите и обичните Грофови на комунизмот. Тоа беше црвената буржоазија. Освен тие и нивните потомци со плава крв други не смеат така да се нарекуваат ниту пак да биднат.

Потполно си во право за гореспоменатите личности што никако не им дава оправдување на новите потомци со плава крв секогаш да изнаоѓаат “рачки“ дека тие не можеле ништо да сторат,да извршат департизација на судството,да ја намалат мега администрацијата во која и тие имаат итоа како голем удел,или пак “не дај боже“ да покренат некаква кривична или барем прекршочна постапка против црвената боржуазија.Им пречи ли некој во тоа или и самите се свесни за тоа дека немало да бидат таму каде што се ако не им беа Ленка,Фрчле или Мрчле стартна основа која ги пушти да ѕирнат на политичкиот пиедестал за да можат по некоја година и тие да се качат на истиот само сега префарбани во портокалово,затоа што црвеното и не било никогаш нивна боја,па секогаш имале по некоја “жолта“ црта која мора да им остане тука некаде за “не дај боже“.:toe:
 
Прво за ,,интелектуалецот,, Љ.Ф. човекот кој денес јаде бурек по медиумите за ситуацијата во која се наоѓа нашата земја, а кој во нејзиното 17 годнишно постоење како независна држава министер беше 7 години.
Тоа е скоро половина.
И во неговите напади тој себе си се изклучува од одговорност. Како да бил некој нем посматрач, а не министер 7 години.
Па што работел во неговото министерување за да не сме во таква ситуација?
Како министер за внатрешни да ги апсеше кримосите од тоа време немаше да бидеме на ова дереџе.

За аналитичарот и тинк танкот Денко, исто важи ова. Ин он не беше некој водоводџија тоа време туку министар па баш за по-надворешни.

Па зар само тие мислат дека се инетлектуална елита? Само неВладиниот Владимир, Орданот, Дане Тале, Фрчолината, Ѓунерче, Давитков, Денко, уф колку ли ги има а неможе да ми текнат. Само тие мислат дека се новинари, Тричолината, Герополос, Еролче, безброј...
Зарем според нив неможе друг за себе да вели дека е интелектуалец и новинар? Само тие можат за себе тоа да го велат-друг:Никако!

Тоа беа Маркизите, Дјуковите, Војводите, Ерловите, Марк-Грофовите и обичните Грофови на комунизмот. Тоа беше црвената буржоазија. Освен тие и нивните потомци со плава крв други не смеат така да се нарекуваат ниту пак да биднат.

Сашко....икрено да ти кажам, два пати веќе ја читам твојата реплика, и никако да најдам причина поради која би ти реплицирал.
Во твојот текст, освен фаќање за ситни баналности и терање на дискусијата во спротивна насока од целта ....и не гледам нешто друго.
Значи ти 90% од твојата реплика си потрошил на фрчко, Малевски и Ризаов.
Е сеа...Јас не би влетувал во дискусии од типот фрчко педер, Перо комуњар....или пак они се светци.
Ете не мора Ерол да го читаш.
Имаш моја реплика.
Фати се за неа.
Дај еднаш да дискутираме без секој да ја тера водата накај својата воденица.

Имаш прецизна тема која гласи:
Дали во Македониоја се создава нова олигархија.
Да или не.
И зошто да....а зошто не.
Толку ли е тешко тоа.
Никој не тврди како што си напишал, дека не постои стара олигархија.

Еве ја познатата комунистичка теорија. Токму поради нивното владеење изминатите 60-тина години.
Повторно ќе го повторам прашањето:Каде е старата олигархија и кој ја создаде? Онаа кој остави армија од 300.000 луѓе на улица. Онаа поради која сме на ова дереџе.
Токму затоа премиерот треба да се пресмета со неа. Доколку не се пресмета ништо работа.

Ова е нешто слично на она со судството.
Како судството ни се партизирало. Па поБогу не сме знаеле дека до сега ни беше непартиско!
Од каде сме знаеле дека Ленка била непартиски кадар нумеро уно...проста маса ништо не си дива. Она е професионалец. Друг професионалец не смее да има?
Значи одговорот на ова ти е јасно и прецизно напишан во мојата реплика на која ти си реплицирал.
Јас и се сомневам дали имаш прочитано.
Еве го одговорот.

Што всушност гледаме денес ?
Создавање на нова олигархија, под изговор на борбата против старата олигархија.
За да се спроведе тоа, треба да се има контрола врз судството, и институциите на системот.
Што прави денес ДПМНЕ.
Наместо да департизира...продолжува со партизација, невидена досега, која слободно може да се нарече вулгарна препартизација.
Наместо еден Штерјо, сака да направи друг Штерјо.
Наместо да и се даде шанса на интелигенцијата...
Се дава шанса на партиски потрчковци, братучеди, жени, сестри шуровци и швалерки.

Наместо да се отворат случаите на исчезнатите фирми, кои беа гиганти едно време и да се лоцира одговорноста...
Се отвараат случаи на добростоечки фирми кои успешно работат, и придонесуваат за економијата и невработеноста во Македонија, со единствена цел.
Превласт во истите.
Пропаднатите...и не се толку интересни.
Затоа што немаат капитал.
Затоа што од нив, и неможе да се ќари нешто.

Знаеш ли колку фирми поседува ДПМНЕ ?
Додуше под притисок на уставниот суд, си ги распределија на истакнатите членови, па така мислат дека ќе ја прикријат трагата на нивниот криминал.
И.
Каде гледаш ти решителна борба против корупцијата, криминалот и олигархијата ?
Во апсењето на неколкумина кои се рангираат во ситна боранија.
Па тоа е само мачкање очи пред наротот....ништо друго.

Ова што се случува денес, е борба за ПРЕВЛАСТ.
А превласта може да им донесе добро само на партиите и нивните блиски.
Никако на Македонија и на Македонскиот народ.

Ете да поедноставам, дискусијата ќе ја сведам на неколку прашања.

1. НА кого освен на Грција му одговара ситуацијата статус кво со името.
2. Зошто наместо да се департизира судството, дупло повеќе се партизира, и дали тоа оди во прилог на државните интереси.
3. Зошто наместо стручни непартиски и проверени кадри, на битни места се ставаат партиски јуришници.
4. Зошто Јово да биде Претседател на Врховниот Суд, само затоа што е кум на Трајко. Дали тој функцијата ја заслужува повеќе од Цаца Николовска ?
5. Зошто, доколку борбата против олигархијата е бескомпромисна, не се отвараат предмети на пропаднатите фирми кои веќе и не работат, за да се лоцира одговорноста.
6. Колку партиски имот поседува ВМРО ДПМНЕ, и дали тоа не е народен имот.
7. Дали Македонија ќе добие нешто со превласта во олигархијата, и наместо едни, ќе бидат само други олигарси.
8. Дали власта мисли дека народот сеуште јаде корења и пие нафта, па не гледа што се случува околу него.
9. Дали ти, или некој друг, може аргументирано да ми одговори на овие прашања, изоставувајќи ја добропознатата теза и одбрана............и СДСМ правеа така.
 
Нормално дека секоја партија на власт си создава своја олигархија,во спротивно таа воопшто не би ни била на власт.И колку за потсетување секоја јака држава си ја контролира домашната еконимија
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom