- Член од
- 30 ноември 2007
- Мислења
- 408
- Поени од реакции
- 30
Халили: Македонија да се вика „Македонија – Илирида“
Албанското национално движење – Илирида на Невзат Халили побара во општините со мнозинство Албанци, прв јазик да биде албанскиот па потоа македонскиот.
Тој побара и промена на името на државата во „Македонија – Илирида“.
Албанското национално движење – Илирида предлага идното име на Македонија да биде „Македонија – Илирида“. Според претседателот на движењето, Невзат Халили, со такво име државата наскоро ќе се идентификува како рамноправна унија на Македонците и на Албанците.
„Албанците не можат да останат заложник на македонската тврдоглавост“ рече Халили, коментирајќи го спротивставувањето на државните институции околу менување на името и интегрирањето на земјата во НАТО и во ЕУ.
„Повеќето од анкетираните Македонци, заедно со институциите се против можните промени на името, без разлика дали Македонија ќе биде членка на НАТО или на ЕУ. Ако носителите на републичките функции во Македонија и македонскиот народ се против овие интеграции, никој не може да ги принуди Албанците да бидат жртва на македонската тврдоглавост“ смета Халили.
Халили побара и вклучувањето на институциите на Република Илирида во процесот на разговорите за името. Тој истовремено ги повика сите градоначалници Албанци да почнат да го применуваат како прв официјален јазик, албанскиот јазик, а потоа македонскиот.
“Ние бараме албанскиот јазик во сите општини каде градоначалници се Албанци, како што јас знам такви се 23, во службена употреба да го стават албанскиот јазик како прв јазик, македонскиот како втор јазик, а англискиот како трет јазик“ вели Халили.
Од албанското движење – Илирида се бара поддршка и разбирање од сите политички субјекти на Албанците во земјава, било да се на власт или во опозиција околу нивните барања, бидејќи тие, според нив, се однесуваат на интегрирањето на земјава и на Албанците од Македонија во ЕУ и во НАТО.