ФлоуБТ
Потпис: Clever Bastard
- Член од
- 17 февруари 2008
- Мислења
- 1.582
- Поени од реакции
- 66
- Возраст
- 37

По повод денот на независноста на Републикa Македонија на
најголемиот плоштад во Мелбурн подигнати се 8 македонски државни знамиња. Сето тоа е во организација на Советот на Македонската заедница од Викторија кој заедно со неколку стотини Mакедонци денеска ги подигнале знамињата.
Задоволството е поголемо ако се знае дека ова е за прв пат во Австралија да се подигне Македонското знаме на официјално место.
Присутните со песни и ора го привлекле вниманието на лицата кои поминале на плоштадот. Многумина од нив застанувале и го честитале нашиот празник.
Знамињата на јарболите ќе останат целиот празничен ден.
Еве неколку дополнителни слики, шо ги најдов на еден форум.







