За во другите места незнам ама кај нас одлично е со компјутерите има компјутер за секого имаше кражби некои ама тоа е тоа ,а да и уклучени се од октомври месец:helou:
A што точно правите на компјутерите, освен играње Mame !?!?!
Идејата на Владата ми се виде одлична на почеток, но сепак на крај се покажа премногу избрзана и многу лошо спроведена.
Џабе е компјутер за секое дете ако немаш наставна програма барем по неколку предмети за работа со компјутер. На пример интерактивна настава по англиски јазик, македонски енциклопедии по биологија, физика, хемија кои би се вметнале во наставниот план и со тоа би се подобрил квалитетот на наставата. За таква работа немам слушнато досега, освен некои лични иницијативи на професорите кои одржуваат по некој час колку да не пропаднат компјутерите.
Министерството за образование мора да излезе со нова наставна програма и задачи кои би се реализирале на компјутер.
Ако не го направи тоа, тогаш овој проект е сигурно осуден на пропаст.
Исклучок е тука предметот информатика, но за тој предмет се доволни еден или два добро опремени кабинети, а не 100-200 компјутери кои скапуваат или се оставени на милост и немилост на учениците, а да не ја споменувам информатичката неписменост на огромен дел од наставниците кои не знаат ни да вклучат компјутер.