Јанкулоска: Законот за следење на комуникации е уште една алатка за поефикасна борба против корупцијата
Скопје, 10 септември (МИА) - Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска смета дека со постоењето на Законот за следење на комуникации органите за спроведување на законите добиваат силен инструмент за борба против криминалот и корупцијата.
- Со постоењето на еден ваков прецизен закон, полицијата, судовите, обвинителите и сите оние кои работат на планот на борбата против корупцијата и криминалот добиваат уште една алатка за поефикасна борба против корупцијата и криминалот. Најважно е што овој закон предвидува строги и прецизни контролни механизми за негова примена, што е гаранција за почитување на човековите слободи и права, рече Јанкулоска на прес-конференција одговарајќи на новинарско прашање во врска со измените во Законот.
Таа истакна дека Законот за следење на комуникации е резултат на една широка дебата во која биле вклучени сите институции кои постапуваат на полето на борбата против криминалот и корупцијата.
- Законот за следење на комуникациите е закон што се носеше во една максимално транспарентна процедура и не случајно ваквите закони се носат со двотретинско мнозинство. Измените се направени врз основа на консултации со истакнати експерти од меѓународната заедница, подвлече Јанкулоска.
Според неа, полицијата не смее да ги следи комуникациите по сопствено наоѓање, односно не смее да ги применува овие мерки во ниту еден случај, доколку за тоа нема наредба од истражен судија. - Суштината на измените е во тоа што попрецизно се одредуваат кривичните дела за кои истражниот судија може да издаде наредба за следење на комуникациите, рече Јанкулоска.
Во однос на тврдењата дека Законот од 2006-та предвидувал употреба на посебните мерки само во случаи на основано сомнение, а сега се прошируваат и на оние случаи кога има и основ за сомнение, министерката вели дека измените се однесуваат единствено на прилагодувањата кон Законот за кривична постапка кој како системски закон, предложен од Министерството за правда, беше донесен со двотретинско мнозинство.
- Законот за кривична постапка предвидува во кои случаи може да се употребуваат посебни истражни мерки, вклучувајќи го и следењето на комуникациите, односно предвидува дека истражниот судија може да издаде наредба кога постојат основи за сомнение за кривични дела кои се подготвуваат, кои се во фаза на извршување или веќе се извршени, а се набројани во Законот, појасни Јанкулоска.
Во врска со информациите пласирани во медиумите дека измените во законот не предвидуваат уништување на материјалите добиени со следење на комуникациите, министерката рече дека тоа се дезинформации и оти точно се дефинирани условите кога судот издава таква наредба, односно во рок од 15 дена по правосилноста на пресудата.
P.S.Najvazno od se e deka spored demek ministerkata za vnatresni toa kje bide alatka za...(ja mislam dupenje na narodot), a nam ednostavno da ni bide zal sto porano ne bil donesen zakonot za sledenje na komunaciite...glupaca. Poedinci vo nivnite postovi velat deka od zakonot se plasat samo poedinci koi imaat nesto da skrijat...ne e vo toa poentata