Млади фудбалски таленти- Македонци!
Дел од млади фудбалски надежи кој настапуваат во европски лиги а имаат потекло од Македонија. Поради условно кажано незаинтересираноста од ФФМ, голем дел од Македонските таленти родени во Австралија, Шведска, Германија сеуште немаат добиено покана за настап барем во младинските категории во Македонската репрезентација.Во време кога светските репрезентативни велесили водат војна буквално за секој талент кој има можност да настапува за нивната репрезентација, нашата фудбалска федерација ни со прст не мрднала кога се работи за „убедување“ на фудбалерите со потекло од Македонија да настапуваат за нашата селекција.
Алекс Качаниклиќ
Роден: 13.08.1991
Позиција: Средина
Клуб: Ливерпул
Иако е роден во Шведска, корените на неговите родители се од Македонското село Брезда. Кариерата ја започна во Хелсинборг, за во 2007 година да се пресели во трофејниот Ливерпул. Во Англија, поточно во Ливерпул откако ги мина сите младински категории, тренерите забележаа огромен потенцијал кај Качаниклиќ. Сега тој е префрлен во првиот младински тим на Ливерпул каде бележи одлични настапи. На 22-ти мај годинава настапи во ФА Куп финалето за У-18 играчи. На преполниот Емирати, пред 60.000 гледачи Качаниклиќ постигна прекрасен гол со волеј.Досега има настапувано за младинските категории на шведската репрезентација, но дотолку ФФМ направи напори, би можеле да го премислат Алекс да настапува за македонската репрезентација.
Самир Фазли
Роден: 22.04.1991
Позиција: Напаѓач
Клуб: Херенвен
Фазли својот талент го покажа во Македонската лига поточно во новиот шампион Македонија Ѓорче Петров, каде големите фудбалски клубови веднаш го препознаа неговиот талент. На свои 16 години Фазли беше на проба во голем број европски клубови за на крајот, одкако наполни 18години да се пресели во холандскиот Херенвен за сума од 200.000евра. Во Херенвен Фазли ќе го има од помош и Македонскиот репрезентативец Горан Попов, кој исто така е член на холандскиот тим. Веке имаше настапи за младинските категории во македонската репрезентација, па се очекува наскоро да го предводи нападот на сениорскиот национален тим.
Виктор Ангелов
Роден: 1994година
Позиција: Напаѓач
Клуб: Борусија Дортмунд
Виктор Ангелов на само 14 години од редовите на Работнички замина на фудбалско усовршување и докажување во редовите на германскиот бундеслигаш Борусија Дортмунд. Желбата на „милионерите“ да го ангажираат талентираниот фудбалер од младинскиот погон на Работнички е исполнета по повеќемесечни разговори со родителите и неговиот матичен клуб. Скаутите на „милионерите“ кај Ангелов открија потенцијал за време на неговиот престој како гостин во Дортмунд пред една година, по што веднаш му понудија преселба во нивните редови. Македонската фудбалска надеж Ангелов, во Германија е заминат веднаш по новогодишните празници во 2008година со своите родители, а Борусија, покрај финансиската сигурност, им обезбедува услови за школување, престој и фудбалски напредок.
Роберт Стамболџиев
Роден: 1990година
Клуб: Бристол Сити, Англија
Позиција: Лево крило/напаѓач
Роберт е 18 годишен фудбалер роден во Австралија. Татко му потекнува од Битола, додека неговиот чичко во минатото играл на ФК Пелистер. Неговата кариера започна во Македонско-австралискиот клуб Престон Македонија, од каде направи трансфер во Брисол Сити. Иако е роден во Австралија, во интервју има изјавено доколку му биде понудено да игра за Македонија, со гордост би прифатил.Се чека само на фудбалската федерација на Македонија да го направи првиот чекор во обидот да го добиеме овој носомнен талент.
Дарко Тофилоски
Роден: 13.01.1986
Клуб: Шафхаузен
Позиција: Голман
Дарко е еден од најталентираните млади Македонски голмани. Своите квалитети ги потврди во македонското првенство во дресот на прилепска Победа. По пробите во голем број европски клубови, направи трансфер во Шафхаузен. Веке има настапувано за младинските селекции на националниот тим на Македонија.
Никола Петковски
Роден: 1991
Клуб: Малме, Шведска
Позиција: Напаѓач
Англискиот премиерлигаш Ливерпул е силно заинтересиран за услугите на младиот Македонски фудбалер. Петковски заедно со уште еден наш фудбалер кој сега е во кадетскиот тим на Ливерпул, Александар Качаниклиќ пред една година беа дел од кампот на Ливерпул по што веднаш произлегол интересот, меѓутоа Малме, сепак, не дозволил заминување и на Петковски.
"Никола е цврст, агресивен напаѓач кој шутира подеднакво со двете нозе. Му претстои извонредна иднина, но сигурен сум дека сега е прерано да премине во некој поголем клуб. Треба постепено да го гради својот квалитет", вели за шведските медиуми, спортскиот директор на Малме, Стефан Тапер.
Зад името на Никола Петковски, кој игра во самиот напад, досега во рамките на неговите настапи во пионерските и кадетските лиги во Шведска запишани се вкупно 223 гола на 232 натпревари.
"
За мене Македонија е единствената земја за која би настапувал и чиј дрес со гордост би го носел", е ставот на 17-годишниот Петковски
Петер Цветановски
Роден: 23.07.1989
Клуб: Борусија Менхенгладбах
Позиција: Лев бек
Австралијанецот со Македонско потекло, Пеце Цветановски се пресели во втората германска лига во екипата на Борусија Менхенгладбах, со голема желба да се докаже на европската сцена и да заигра за Македонија еден ден.
Петер Цветановски е роден на 23.07.1989 година во Канбера Австралија. На 18 годишна возраст, тој веќе има одиграно натпревар за репрезентацијата на Австралија до 20 години. Цветановски игра на позиција страничен бек, а со овој трансфер смета дека има големи шанси да се покаже на европската сцена, и пред Македонските тренери, со што би заиграл и за националниот тим.
Австралиските фудбалски работници, овој млад играч го споредуваат со легендарниот Роберто Карлос. Како што велат тие, Цветановски поседува голема брзина, одлична техника, и одлично се снаоѓа на двете страни од теренот. Притоа еднакво добро шутира со двете нозе.
Марко Павлов
Роден: 26.03.1988
Позиција: Среден ред
Клуб: Реал Бетис
20 годишниот талент од Реал Бетис е син на екс-фудбалерот на Вардар Драган Павлов - Гега. Роден е на Исланд и до сеа има повеќе од 30 настапи за младите репрезентации на оваа островска земја. Во Бетис го викаат новиот Чави.
Павлов по големото медиумско влијание кое го привлече во Македонија, веке има настапено за У-21 селекцијата на Македонија поточно на пријателскиот натпревар против Албанија кој Македонските надежи го загубија со 3-0.
„ Прво сакам да кажам дека иако имам исландски пасош и мајка Србинка, јас се чувствувам како Македонец. Сакам да играм за Македонија и подготвен сум да го облечам Македонскиот дрес. “
„Речиси секое лето доаѓам во Скопје. Според можностите, ги следев игрите на македонската репрезентација. Поради татко ми навивам за Вардар и посакувам тој успешно да се претставува во европските купови. Исто така, желба ми е македонската репрезентација да игра на некое големо натпреварување. Од репрезентативците најмногу го следам Горан Пандев, односно неговите игри во Лацио. Тој е одличен фудбалер со извонредна техника...“- изјави Павлов.
Драган Георгиев
Роден: 16.12.1990
Позиција: Напаѓач
Клуб: Турново
Еден од малкумината големи таленти кои останаа да играат во Македонија и покрај интересот од големи европски клубови. Пред окулу една година, тимот на Манчестер Сити се заинтересира да го доведе напаѓачот на Турново во своите редови. Кога Хари Реднап беше менаџер на Портсмут, исто така испрати факс на адреса на Турново, со покана за Георгиев да отиде во Англија на проба, но поради репрезентативни обврски, Георгиев ја одби таа можност.
Георгиев ги има поминато речиси сите младински категории во Македонската репрезентација.