Другари...
ајде да се објасниме.
Сметам дека нема потреба поединечно да му реплицирам на секој еден од вас,самиов текст ќе биде соодветна реплика на сите.
Не,јас не сум се сменил.
Не,јас не сум земал пари.Јас сум дал (и тоа добра сума) пари.За име на Господ,кој па на мене ќе ми дава пари по ова прашање?
Кој фактор сум јас?
Што битно може да сменам,каква моќ имам за да влечам потези?

Пари... не се даваат туку-така.
Пари земал и константно зима некој друг.
Него... да одиме ние од почеток.
Живееме во држава која што е крстосница на балканот.Имаме 2 мил. жители.Жителите не се компактно население,ниту национално,ниту верски.Населението е воглавном сиромашно и неуко.
Најжално од се,научено да слуша и да трпи.
Без изразена национална свест.
Таа се јавува само во моментите кога сакаш да му земеш нешто.
Ова се ФАКТИ.
Сега,во изминативе шест месеци имав најразновидни контакти со начитани и паметни луѓе. (и со многу дебили исто така,ама нив баш и нејќум да ги спомнувам во овој пост).
Кога еден од нив го прашав зошто овие погорниве реченици се факт во Македонија,он лаконски ми одговори дека така било и е во секоја една нова држава.
Јас дрско му одговорив:
-Македонија не е нова држава.
-Без спорење,со смеење ми врати.Ние сме нова држава која што има нација во изградба,и сосем нормално ни е потребно време за да се изгради националното чувство и став.
-Колку е тоа време според вас,г-н професоре?
-40-50 год.,само што треба напорна и правилна работа во текот на истите.
Сега за сега... запамтете ги само бројките,40-50 год.
Ќе се осврнам на правилна работа.
Во Македонија,правилна работа би значело почит и припадност кон државата.Не можеш,т.е ќе правиш контра ефект ако на било кој од другите национални групи кои што живеат во Македонија пробаш на било каков начин да му наметнеш дека е македонец.
Сега,државата е апарат кој што воглавном зима и поставува црвена граница помеѓу дозволените и недозволените активности.
Сте се прашале ли колку правилна и долготрајна работа е потребна за да некој почне да го сака оној репресивниот апарат кој што му кажува што смее да прави а што не,му зима данок,го казнува...итн....итн.?
Колку силно треба да се разграничи држава од партија и власт?
Па тоа е животен проект,кој што треба да го водат мнооогу луѓе.
А ние имаме одсутност на такви.
Тие што ги имаме и што со право можат да се наречат експерти,се скриени некаде во нивните кабинети и се живи исплашени пред наездата на смрдливи селани со бели чорапи.
Дел пак,од квалификуваниот кадар по ова прашање...
е купен.
Да,да... купен.И тоа за добри пари.
И они (пошто они се битни,се играчи на некој начин и нивниот став колку и да ве иритира секогаш е чуен и пренесен во јавноста) шират демагогии и разводнуваат `материја`,плашат и се закануваат, кажуваат и раскажуваат црни сценарија,подбуцнуваат и караат народ.Оти тоа решиле да им биде работа,и се платени за тоа.
И покрај сите овие,постои народ.Македонски народ.
Таков на кој што му е дојадено од несреќи и зулуми,војни и предавства.
Таков кој што го лаже секоја една наредна влада.
Таков кој што поистоветува влада со држава.
Таков кој што е стутулен и исплашен,и само чека да го спопади некоја наредна несреќа.
Сиромашен,беден народ.
(дедо ми кога ми се караше оти не слушам,после полемики кога ќе му се досадев со давање аргументи викаше- ти имаш право да слушаш. Не си независен. Купи си ја независноста,доходувај сам,па тогаш прави што мислиш дека е добро.До тогаш имаш право да слушаш и немој многу-многу да ми мудруваш.Јасно?)
Што мислите... по истата квалификација,колку проценти од населението во Македонија е независно?
Ова е само дел од објаснението за нашата внатрешна ситуација.
За надворешната,ќе објаснам малку сликовито.
Оној стариот кум (од истоимениот филм) одкога свика состанок со газдите на останатите кланови,во колата кажа:
-Тарталиа is a pimp.
It was ... all the time.
Do you think that Tartalia was going to come after Sonie?
Да,да драги мои.
Така е и во нашиов случај.
Грчка е обичен кловн во друштвото во Европа,други се тие што ни ебат матер и ги влечат конците.
А имено тоа рошавите енглези,педерастичните французи и ладните германци.Секоја една од овие (колку и да нејќум мора да го искористам овој збор) сили,влече композиција од држави кои што го следат и преку нив го наоѓаат нивниот интерес.
И Македонија не е во ниедна од овие композиции.
И затоа баш... треба да размислиме дека постои реална можност да не збришат од картата на земјата.
Милион и пол?
What a fuck... не е проблем.Ништи ги.Никому ништо.
И онака се useless motherfuckers from the fucken balkan./
И постои една Грција.
Една шовинистичка земја,изградена на туѓа територија која што има формирано грчка нација меинли од туѓ народ,која што е оштрицата на сечилото,таа што на хартија ни прави проблем.
А ние... ниту само против нив не можеме да се тепаме.
По население... 5:1.
По пари... пак 5:1.
по стратешко значење... пак не тепаат.
по армија... пак не тепаат во секој момент.
И најважно,по политичко знаење и моќ,ги тепаат ова нашиве приучени апаратчици (од било која екипа) у секој момент.
Знаете како изгледа ова нашево?
Како да си седнал на покер маса,имаш 220 чипа (220милиони се девизните резерви на Македонија),имаш џандар и тројка (лоша комбинација) и чекаш да искочат уште барем два џандара на масата.
Од спротива имаш играч кој што има 10.000 чипа,и во секој момент може да му се јави на пријател и да побара уште.
(башка прљав играч,вади кецови од рукав,бележи карти...)
И како бе ќе го победиш?

Време е не јас...
време е тоа нашите курви од политичари (кои што земале пари) да престанат да го лажат народот и да му кажат чисто и јасно:
Или-или.
И да го сочуваат народот и да почнат да формираат вистинска држава.
Доста лажеа и мачкаа очи.
Нека учат од Филип Македонски!!!
Нека направат сила... за да можат да рипаат после тоа.
Вака... ние не сме ништо повеќе од едни обични провинциалски циркузанти.
И јас одбивам да бидам дел од тој циркус.Нејќум више.
Доста е.
Јас мора да бидам дел од тим што ПОБЕДУВА.