Јас исто мислам и тврдам...
и исто така потпишувам со двете раце,дека Македонија навистина веќе нема време за нечкање и чекање.
Знам дека е тешко,знам дека е недопустливо...
знам дека го дира во генетскиот код секој еден од нас...
ама времето истекува.
И или ќе решиме до крајот на годинава сами,или ќе ни реши некој друг.
Значи,непристојниот предлог би изгледал отприлике вака:
-Или држава Северна Македонија,населена од луѓе кои што се нарекуваат македонци но без право на историјата.
-или нема таква држава.
Па ти аго... бирај што ти драго.
Само што има последователност од факти.
1.Времето работи за сите,само не и за нас.Секој нов испуштен ден не се враќа.
2.Многу е тешко да се промени целокупната светска историја на барање на 1.5 милиони луѓе од двомилионска држава.Ама наспроти тоа,многу е лесно да се уништи една таква мала држава.
3.Дур ние размислуваме и се нечкаме... ги испуштаме сите битни и животоважни случувања во нашиот регион.А никако не сме спремни ниту пак сме во можност ние да го диктираме темпото.
Времето... не гази.
Ова е само финишот на една последователна специјална војна во продолжение на скоро 20 год.,во која што јасно се гледаат правите `причинители` на тоа што не снајде.
Грција е само... површинскиот,јавниот играч.
Англија,Франција и Германија имаат сосем други интереси,во кои што не влегува Македонија таква каква што ние ја посакуваме.
Значи...
или ќе се откажеме (делумно) од историјата...
или ние ќе станеме дел од историјата.

Чајре?