Започнаа “психичките бомбардирања“ за Северна Македонија!

F

FilipMacedon

Гостин
Не гледам причина за да се откажеме,едноставно сум бил патриот и во полоши политички денови,овој притисок би требал да биде боза
 

Стрелец

El Mariachi
Член од
23 јануари 2005
Мислења
910
Поени од реакции
10
Секој Македонец треба да е свесен дека името ако го изгуби, губи се`.
Дали Северна Кореја изгуби се' поради тоа што има географска одредница во името? Дали знаеш дека Корејците во Северна Кореја се и натаму Корејци и го говорат корејскиот јазик... Сметаш ли дека изгубиле се'?
И ќе те замолам без лекции за патриотизам и без навреди... Обиди се да дебатираш цивилизирано и коректно... Прашањето ми е чисто реторичко и се надевам на зрела и објективна дискусија!

сеуште живее од паразитизмот кој го создаде прво Отоманската па потоа југословенската хегемонија.
Каде ги имаш овде 'сместено' Пиринска и Егејска Македонија? Во отоманската или во југословенската хегемонија? Или предлагаш да ги избришеме тие два дела од нашата историја? Не ме сфаќај погрешно, ама постојано да се плука по се' српско и југословенско, а да се поштедуваат грчкото и (особено) бугарското не ми изгледа чесно!
 
Член од
9 ноември 2007
Мислења
9.327
Поени од реакции
1.334
Владо Поповски и Љубомир Фрчковски се само две од позвучните имињана на “експерти“ кој мислат дека предлогот Северна Македонија би бил шанса која никако не треба да ја пропуштиме во следниве месец-два.Што мислите вие за овој “непристоен предлог“?
На времето на такви експерти (за друга работа тогаш, но идејата е слична...да се попушти и повлече) им се честиташе "среќна нова 49"
 

Solid

Зона на самракот
Член од
26 август 2007
Мислења
7.177
Поени од реакции
4.133
Кореја се подели на Северна и Јужна после војна,а не под притисок на некоја друга земја.:nenene:
 

Стрелец

El Mariachi
Член од
23 јануари 2005
Мислења
910
Поени од реакции
10
Кореја се подели на Северна и Јужна после војна,а не под притисок на некоја друга земја.:nenene:
Не зборуваме за начинот на сменување на името, туку дадов коментар на тезата дека ставањето на една придавка (карикирано кажано) значи губење на се'... Значи дадов пример кој што ја негира таа теза... А такви примери има уште МНОГУ ДРУГИ во светот!
Ниту една држава не изгубила се' со ставање на придавка пред своето име (горна, северна, јужна, ваква, онаква...)!
Јас знам дека многу патриотски делува изјава дека 'ако треба и корења ќе јадам, ама името не го давам', само не знам колку е во пракса умен таквиот пристап!

Инаку, нема дилеми дека Македонија е доведена во ситуација нешто да изгуби... Ни крива, ни должна... И што и да се случи, со не знам какви се' дарови да не утешат заради промена на името, ќе остане горчина кај сите што ја сакаме Македонија поради тоа што не' доведоа пред свршен чин... Единствено ме теши надежта дека во иднина (после 10, 30, или 50 години) можеби ќе се создадат услови Македонија да го бара (и добие) тоа што природно и' припаѓа!
 

demmian

Попиванов
Член од
9 јули 2008
Мислења
1.613
Поени од реакции
53
Каде ги имаш овде 'сместено' Пиринска и Егејска Македонија? Во отоманската или во југословенската хегемонија? Или предлагаш да ги избришеме тие два дела од нашата историја? Не ме сфаќај погрешно, ама постојано да се плука по се' српско и југословенско, а да се поштедуваат грчкото и (особено) бугарското не ми изгледа чесно!
И ти ли се фаќаш за таа јадица дека секој еден Македонец мора да биде наклонет кон србизмот и носталгичар по југословенството?А,во спротивно,доколку не ги исполнува горенаведените критериуми,веднаш му се лепи епитетот,,бугараш,,или „бугарофил“.За грчкото не си во право,нема да најдеш жив Македонец кој да има симпатии кон Грција(освен ако финансиски не е поткрепуван од нив).Југословенството беше утопија,која заврши како сон.
 

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.499
Дали Северна Кореја изгуби се' поради тоа што има географска одредница во името? Дали знаеш дека Корејците во Северна Кореја се и натаму Корејци и го говорат корејскиот јазик... Сметаш ли дека изгубиле се'?
И ќе те замолам без лекции за патриотизам и без навреди... Обиди се да дебатираш цивилизирано и коректно... Прашањето ми е чисто реторичко и се надевам на зрела и објективна дискусија!
Иако не заслужуваш одговор, само размисли од неверојатно глупавиот пример погоре, дали ние на југ граничиме со државата Јужна Македонија?


Доколку НИЕ прифатиме да сме СеверноМакедонци, а Грците го задржат правото на користење “Македонци“, тогаш кој губи? Кои ќе бидат македонци?

Македонската историја,јазик,традиција им припаѓа на оние кои се декларираат како Македонци, а не поинаку.

Со тоа само ќе им дозволиме на Грците непречено ЛЕГАЛНО одземање на сето она со кое што сме се индентификувале во минатото.

СевернитеМакедонци нема да имаат право на ништо поврзано со целокупното значење на “Македонија“.
 
Член од
14 март 2008
Мислења
574
Поени од реакции
14
Дали контрашиве сакаат од лично убедување да си го сменат името, или се продаваат за пари... низ целиот форум се тегнат лиги од нивните разлигавени муцки, колку и да внимавам, стапнувам на лајна...
 

Стрелец

El Mariachi
Член од
23 јануари 2005
Мислења
910
Поени од реакции
10
И ти ли се фаќаш за таа јадица дека секој еден Македонец мора да биде наклонет кон србизмот и носталгичар по југословенството?А,во спротивно,доколку не ги исполнува горенаведените критериуми,веднаш му се лепи епитетот,,бугараш,,или „бугарофил“.
Многу погрешно си ме сфатил... Пробај уште еднаш!

Иако како докажан безрбетник не заслужуваш одговор
Овде нема да ти одговорам на начин на кој што заслужуваш (ниту на тој што напишал после тебе), затоа што еден од администраторите неодамна кажа дека за упатување на навреди не е битно кој прв почнал, но очекувам да реагираат навремено и принципиелно... Особено поради тоа што ова многу често ти се случува!

СевернитеМакедонци нема да имаат право на ништо поврзано со целокупното значење на “Македонија“.
Тоа зависи каков договор би се постигнал... Доколку се постигне договор во меѓународна комуникација да треба да ставиме придавка (на пример: Северна), а притоа во Обединетите Нации бидеме заведени како Македонци со признат македонски јазик, значи онака како што веќе дадоа согласност Црвенковски (јавно) и Груевски (тајно), во тој случај не може да биде точно тоа што си го напишал!
 
Член од
19 јули 2006
Мислења
3.157
Поени од реакции
129
Не зборуваме за начинот на сменување на името, туку дадов коментар на тезата дека ставањето на една придавка (карикирано кажано) значи губење на се'... Значи дадов пример кој што ја негира таа теза... А такви примери има уште МНОГУ ДРУГИ во светот!
Ниту една држава не изгубила се' со ставање на придавка пред своето име (горна, северна, јужна, ваква, онаква...)!
Јас знам дека многу патриотски делува изјава дека 'ако треба и корења ќе јадам, ама името не го давам', само не знам колку е во пракса умен таквиот пристап!
Правиш една погрешна теза. Би било точно тоа што го тврдиш под услов да е придавката доброволна. Нема земја во историја што морала на овој начин нешто да промени во сопствено име. Кореја се ист народ без претензии еден спрема друг но и тие се викаат Северно и Јужно Корејци.

Освен тоа и тебе ти е многу добро познато дека името е само врв на брегот за некои подруги работи поврзани со Егејска Македонија. Не си од вчера па да си наивен дека Атина не знае што прави и дека е заради наша корист што упорно инсистираат на географска одредница.

Освен тоа некои работи што се лиферуваат во медиумите се бајка.

Нацијата секогаш го носи името на земјата! Ако си официјално North Macedonia името на нацијата секаде ќе биде North Macedonians-Северни Македонци.

Кратенката ќе се смени од МКД во РСМ или СМ а на англиски NOM или NMK.

Атина на секаде и во секоја прилика ќе ги потенцира разликите што сега и званично ќе биде многу полесно да го прави.

Ќе има и други промени за кои сега не би дискутирал.

А и од принцип би рекол НЕ!
 

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.499
Овде нема да ти одговорам на начин на кој што заслужуваш (ниту на тој што напишал после тебе), затоа што еден од администраторите неодамна кажа дека за упатување на навреди не е битно кој прв почнал, но очекувам да реагираат навремено и принципиелно... Особено поради тоа што ова многу често ти се случува!
Со твоите “принципиелни“ ставови ЗА промена на името, сигурен сум дека ќе ги наведеш на принципиелна реакција.

Особено поради тоа што ова многу често ти се случува
 

Стрелец

El Mariachi
Член од
23 јануари 2005
Мислења
910
Поени од реакции
10
Нацијата секогаш го носи името на земјата! Ако си официјално North Macedonia името на нацијата секаде ќе биде North Macedonians-Северни Македонци.
Во таков случај се согласувам со твојот став... Само што не верувам дека било кој политичар во Македонија ќе се согласи да стави потпис на договор со кој што својот народ ќе го преименува во Северномакедонци, или дека ќе се согласи нашиот јазик да стане северномакедонски јазик!
 

Славјански

Антички Словен
Член од
2 мај 2008
Мислења
5.644
Поени од реакции
1.346
Семката да му се сотре, до 7 колено бел ден да не виде тој кој ќе чепне во името Македонија.
Неможе државата која го изврши најголемиот геноцид во Европа после втората светска војна да биде кум на името на мојата држава.
Ако треба ќе се гине, ако немаш идеали, биди педер, травестит, анархист, крши глаа, бркај работа, што сакаш прави, остани не нас на ова парче земја да си бидиме со нашиот идеал Македонија на Македонците.
 
Член од
19 јули 2006
Мислења
3.157
Поени од реакции
129
Во таков случај се согласувам со твојот став... Само што не верувам дека било кој политичар во Македонија ќе се согласи да стави потпис на договор со кој што својот народ ќе го преименува во Северномакедонци, или дека ќе се согласи нашиот јазик да стане северномакедонски јазик!
Стрелец, во што сакаш ти гарантирам дека Атина никогаш нема да се сложи на Северна Македонија ако и името на нацијата не биде исто!!! И со Грци што сум зборел истото ми го кажале. Како ќе им кажеш во ОН името ми е вакво ама вие ќе ме викате поинаку?

Тоа би бил договор за пакет во кој името ќе биде само една точка.

Дали ќе се најде политичар, не си наивен и не ја потценувај моќта на парите и на грчките острови! Ќе се најде но да се молиме да не биде во влада и да не може да одлучува (не алудирам на Груевски).

Пополека се кристализира атинското лоби во МК а во следниве месеци ќе биде се појако.

Ќе правиме муабет и во иднина.
 

ogledalo

провинцијалец
Член од
12 мај 2008
Мислења
3.198
Поени од реакции
174
Дали Северна Кореја изгуби се' поради тоа што има географска одредница во името? Дали знаеш дека Корејците во Северна Кореја се и натаму Корејци и го говорат корејскиот јазик... Сметаш ли дека изгубиле се'?
И ќе те замолам без лекции за патриотизам и без навреди... Обиди се да дебатираш цивилизирано и коректно... Прашањето ми е чисто реторичко и се надевам на зрела и објективна дискусија!


Каде ги имаш овде 'сместено' Пиринска и Егејска Македонија? Во отоманската или во југословенската хегемонија? Или предлагаш да ги избришеме тие два дела од нашата историја? Не ме сфаќај погрешно, ама постојано да се плука по се' српско и југословенско, а да се поштедуваат грчкото и (особено) бугарското не ми изгледа чесно!

batka malku da ne zabega?

ednata e republika korea a drugata demokratska narodna republika kore, nit juzna nit severna ne im se oficijalni iminja tuku sinonimi.

od dvete strani zivee isti narod koj ideoloski i politicki e odelen. istiot korejski narod i na jug i na sever si ja slavi istorijata i zaednickite koreni i si go neguvaat istiot jazik.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom