Како што информираа од МВР расправијата започнала пред семејната продавница на Јовановски. Додека ја растоварале робата децата кои си играле во дворот со камења мавале кон дуќанот. Јовановски им рекол да се оддалечат од местото. Децата заминале дома и се пожалиле кај нивните родители.
Тогаш пред нивната продавница „Баже Комерц“ започнала расправија меѓу родителите на децата и таткото и синот Јовановски. Откако увиделе дека односите се заоструваат Благоја и синот се повлекле во продавницата.
Во тој момент еден од родителите на децата кои мавале со камења од пиштол испукал неколку куршуми. 18 годишниот Александар е пренесен во Ургентниот центар, врз него е извршена хируршка интервенција. Сместен е на Клиниката за интензивна нега и е во животна опаснот. Неговиот татко е во Градската болница
Според неофицијални информации, кон членовите на семејството Јовановски пукал извесен Муртезани.
Соседите велат дека Благоја Јовановски бил многу мирен човек, и секогаш им помагал на посиромашните, да не мора да платат веднаш за купениот производ, туку тогаш кога ќе имаат пари.
Полициски екипи извршиле увид во куќата на осомничениот Муртезани. Тој не бил дома. Истрагата продолжува.
Пренесено од Кирилица.
www.kirilica.com.mk
Се работи за живот на обичниот човек.
Човекот што имаше продавница за жито во Арачиново беше убиен во својата продавница поради тоа што несакал куќата да ја продаде.
Истото се случи и со овие луѓе на кои од некои "добрососеди" Албанци им било кажано дека мора да ја затворат продавницата и да се иселат од тука.
Зошто тоа е територија која хиените ја имале веќе обележано.
Немојте само да ми зборите за изолиран случај дека е .
Тоа ти е политика на геноцид кој само ја поместува границата од Тетово кон Скопје, Куманово, Велес, Битола, Охрид итн....