Зошто не сте религиозни и зошто не верувате во Господ?

  • Креатор на темата Креатор на темата Zeng
  • Време на започнување Време на започнување
Ае,време е безмислените филозофирања да престанат.

Како ќе убедите атеиста во нешто,ако му зборите со такви идеалистички работи како постот над мене?
Он тоа го мрази,и дискусијата ќе заземе лош правец.

Да видиме некои факти.
Атеистите мислат дека имаат сфатено нешто повеќе,попаметни се од верниците.
Јас од друга страна,тврдам дека воопшто не постапуваат логички.

Да,Господ најверојатно не постои,како ни сите други работи кои доаѓаат во тој случај.
Но,секогаш е тука шансата да постои.

Зашто тогаш,некој би искажувал јавно дека не верува?

Некаква придобивка од тоа,нема.
Освен нели,кул во друштво,комплицирано ќе изгледа.
Но сепак,тоа е минорно.

Од друга страна,да ја согледаме можната загуба.
Ако Господ по некоја случајност постои,тогаш веројатно он би бил многу,многу лут на вас,ради такви изјави.

И кога нема ќар,колку и да е нереално,зашто ризикувате да горите во пеколот?:pipi:

Принципи,ставови?
Не,инат.:wink:
 
Господ можеби постои, но не таков Господ кој бара да му се молиме и да го светиме неговото име.
Јас верувам во создавател на вселената, нешто мора да има над се!
Ама пак да верувам дека ќе горам во пеколот или слично тоа е апсурдно! Дали се вратил некој од таму па да каже, вака беше, онака беше?
НЕ!
Муабетот ми е дека постои виша сила, но некој што тоа го употребил за да манипулира со простата раја што ја има во изобилство не ми е јасно.
И за тоа јас не сум крив:toe:
 
Ае,време е безмислените филозофирања да престанат.
Атеистите мислат дека имаат сфатено нешто повеќе,попаметни се од верниците.
Освен нели,кул во друштво,комплицирано ќе изгледа.
Но сепак,тоа е минорно.

Не ми е цел да се правам попаметен од другите, ниту го мислам тоа, затоа што лично знам јаки верници кои се многу поинтелигентни од мене, да тргнам од сестра ми. Ако некој смета дека се обидувам да го потценам зошто е верник, се извинувам за погрешно оставениот впечаток:smir:. А за тоа дека сум кул во друштво или слично, па ние во друштво не ни имаме правено разговор на таа тема... Едноставно тоа е мој став, и ЈАВНО го кажувам, затоа што има некои кои се плашат да го направат тоа. Зошто? Незнам...
 
vazno postoeskite religii nemaat vrska so bog, toj e daleku od ona sto lugeto go izmislile za nego, deka mora vaka da se molime ili poinaku vaka da go tolkuvame ili poinaku.
 
Идолопоклоничките и паганските народи ги измислуваат своите богови-идоли. Христијанскиот Бог е онаков како и колку што Он смета дека треба да им се открие на своите-за да поверуват во Него со доволен број „докази„, без потреба од нивно измислување. Бог се јави во човечки облик преку Исуса Христа, Синот Божји и човечки. Пообра објава на Бога пред луѓето-здравје....
 
Да видиме некои факти.
Атеистите мислат дека имаат сфатено нешто повеќе,попаметни се од верниците.
Јас од друга страна,тврдам дека воопшто не постапуваат логички.
Зошто би било нелогички да не веруваш во нешто што не го гледаш?
Зошто би било нелогички да не веруваш во нешто што не можеш да го восприемаш со ниедно сетило?
Зошто кога никако не можеш ни да го опишеш?
Зошто кога увидуваш дека на крај краева се` се сведува на Твоите одлуки и дела?

Не мислиме дека сме попаметни од верниците. Уствари, јас ги почитувам, веројатно духовно се поисполнети.
Едноставно, како атеисти, не веруваме дека ни треба надежта дека виша сила постои, ниту очекувањето дека се потпреме на истата кога ќе се зезнат работите.
 
Не е нелогички да не верувате.

Нелогички е тоа што упорно сакате јавно го искажувате така остро,на било кој начин.
Што цел имате од тоа?

Нелогички е бидејќи има ризик (без разлика колку и да е нереален,сепак постои),а нема никаква добивка.
Јас немам логика да тврдам дека Господ не постои.
Ако стварно не постои,тоа е како да тврдам дека водата врие на 100 степени.
Ако пак постои,само ќе го накурчам максимално.

Е затоа,пишав и нелогички :wink:
 
Зошто кога увидуваш дека на крај краева се` се сведува на Твоите одлуки и дела?

Епа алал нека ти е, бинго. Ние, и САМО ние, си ја креираме својата судбина, а паралелно со тоа го формираме и обликот на нашите последици... Ниту некој друг, ниту некоја виша сила...
 
Господ можеби постои, но не таков Господ кој бара да му се молиме и да го светиме неговото име.
Јас верувам во создавател на вселената, нешто мора да има над се!
Ама пак да верувам дека ќе горам во пеколот или слично тоа е апсурдно! Дали се вратил некој од таму па да каже, вака беше, онака беше?
НЕ!
Муабетот ми е дека постои виша сила, но некој што тоа го употребил за да манипулира со простата раја што ја има во изобилство не ми е јасно.
И за тоа јас не сум крив:toe:
Се сложувам со ова комплетно.
Идолопоклоничките и паганските народи ги измислуваат своите богови-идоли. Христијанскиот Бог е онаков како и колку што Он смета дека треба да им се открие на своите-за да поверуват во Него со доволен број „докази„, без потреба од нивно измислување. Бог се јави во човечки облик преку Исуса Христа, Синот Божји и човечки. Пообра објава на Бога пред луѓето-здравје....
Само Христијаните ќе одат во рајот. Ако има еден рај и еден пекол, кој ќе оди каде од следбениците на религии ?? Дали христијанинот ќе оди во рај, а мусиманот во пекол само заради религијата што ја одбрале ?
 
Напишано од Chombe_United
Господ можеби постои, но не таков Господ кој бара да му се молиме и да го светиме неговото име.
Озбилно...не ќе да е така..

Славете Го Господа, повикувајте Му го Името; навестувајте ги сред народите Неговите дела!
Славете Го Господа зашто е добар, зашто е вечна Неговата љубов.
„Славете Го Бога на свечени собранија, славете Го Бога,
Славете Го небесниот Бог, зашто Неговата милост е довека!

Има уште..ама ја разбра поентата..
 
Се сложувам со ова комплетно.

Само Христијаните ќе одат во рајот. Ако има еден рај и еден пекол, кој ќе оди каде од следбениците на религии ?? Дали христијанинот ќе оди во рај, а мусиманот во пекол само заради религијата што ја одбрале ?

Кон болтуваното:
-највероватно. Затоа и постои изборот, разбираш....
 
Озбилно...не ќе да е така..

Славете Го Господа, повикувајте Му го Името; навестувајте ги сред народите Неговите дела!
Славете Го Господа зашто е добар, зашто е вечна Неговата љубов.
„Славете Го Бога на свечени собранија, славете Го Бога,
Славете Го небесниот Бог, зашто Неговата милост е довека!

Има уште..ама ја разбра поентата..
Тешко тебе:tapp:
 
Се сложувам со ова комплетно.

Само Христијаните ќе одат во рајот. Ако има еден рај и еден пекол, кој ќе оди каде од следбениците на религии ?? Дали христијанинот ќе оди во рај, а мусиманот во пекол само заради религијата што ја одбрале ?

Најважно е да се покајат за гревовите, ако вистински се покаеш за гревовите што си ги направил во животот ќе одиш во рајот ако не во пеколот каде што има ,,крцкање со забите,,
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom