pa neli vikaat kolku i da gresime Isus ke ni prosteva i non stop dur se kaeme isus ke ni prosteva, epa ete tamu go procitav toa a i po postapkite na hristijanite, onie koi tvrdat deka se hristijani vikaat prostevaj, mora da se gresi, a ustvari toa im e izgovor samo da gresat postojano i samo da im se prosteva, epa si igraat so Isus, toj ako rekol prosteno vi e ne znaci cel zivot samo da gresime i da se kaeme, tuku da se preporodime i da ne gresime i da bideme sovrseni kako sto e sovrsen nasiot Otec na nebesata.
Да,токму така.Но не знам зошто ти велиш дека ние велиме дека мора да се греши.Не е точно,не мора,а не ни треба,но заради нашата падната природа,сме склони кон гревот.Токму поради тоа треба да принесуваме плодови на покајание.Кога некој се кае,и се исповеда,се чисти од гревовите.Човекот и цел живот ќе се исповеда,зошто греши,што се вика,во секоја секунда(преку помисла,немора да е збор или дело).Тоа што тој греши,не значи дека си дал слобода заради Милоста Божја да го врши истото.Тој е склон кон тоа како и секое човечко битие,но тука е разликата што тој веќе и ќе поседува способност да го идентификува гревот,а самата љубов кон Бога,ќе предизвика покајание.Исто како кога ќе го повредиш срцето на оној кој го сакаш,па подоцна се каеш.Така и верникот,во чие срце е Бог,плаче кога ќе Го повреди Животот во него.А,бидејќи Бог знае се и гледа се,ќе прости,бидејќи љубовта значи и прошка.Чудесна е Неговата милост и трпение.
А,оние кои ти велиш дека грешат,знаејќи дека Бог простува,не се верници.Верникот не постапува така.Бог го гледа трудот и го наградува.А,оние што спијат,и се осеќаат спокојно,знаејќи дека Бог проштева,тие се оние кои не се трудат.Нив крадецот ќе ги начека на спиење.....