Google Chrome (официјална тема)

  • Креатор на темата Креатор на темата teneke
  • Време на започнување Време на започнување
Јаз користам 5 ама мислам дека е бета :) и искрено најдобар е а најлош ми е мозила :/
 
еве сега проверив и сум имал 4-ка а не сум знаел (не памтам дали ми се има апдејтирано)

chromen.jpg



ФАЛА

Сам се апдејтира, немаш гајле, нема замарања или слични глупости. :)
 
Сам се апдејтира, немаш гајле, нема замарања или слични глупости. :)

Тоа е негативно за мене, сакам да ме праша од x причини. Можеби немам лимит па бавно ќе или можеби ја сакам старата верзија.
 
Тоа е негативно за мене, сакам да ме праша од x причини. Можеби немам лимит па бавно ќе или можеби ја сакам старата верзија.

Е добро, баш тој мегабајт ќе ти го надмине лимитот? :)

Од првичната верзија досега, секоја промена можела да се исклучи/модифицира. Не е ова на принцип "големи промени на кои треба да се навикнеш", туку онакви мали, ама битни промени. Те сфаќам, да беше на Mozilla или Opera и мене ќе ме нервираше, они менуваат доста од верзија во верзија, али овде верувај дека нема зашто да сакаш постара верзија. :D
 
4-ката е закон, поддржува екстензии, кој супер се вклопуваат во browser-от, а и други ситнурии има.
 
А дали сте го виделе автоматскиот преведувач на страници од Google Translate? Пишуваш кои јазици да ти ги преведува, а кои не, и кога посетуваш страница на некој јазик кој не го знаеш ти го преведува на англиски.
 
Мозила со 1 таб отворен ми зема 150 мб , а Хром само 30 мб од рамот :toe:
 
Мозила со 1 таб отворен ми зема 150 мб , а Хром само 30 мб од рамот :toe:

Ај крени на десетина јазичиња (не празни, со страници) па да видиме кој троши повеќе. Мозилата од многу почнува ама бавно расти. Хромот од малку почнува ама многу побрзо расти.

Значи не е некоја вистинска мерка колку зафаќа само на едно јазиче.
 
Користам Хром извесно време и немам намера да се вратам на Мозила:sekss:
 
А дали сте го виделе автоматскиот преведувач на страници од Google Translate? Пишуваш кои јазици да ти ги преведува, а кои не, и кога посетуваш страница на некој јазик кој не го знаеш ти го преведува на англиски.

сме го виделе, иам букирано и тоа и твитерот и википедија и оркутот и мерачот...

Користам Хром извесно време и немам намера да се вратам на Мозила:sekss:

така беше и со мене... откога се префрлив од Експлорер на Мозила пред 3-4 год. мислев дека го најдов идеалниот броусер, али пред година дена хромот ги надмина моите очекувања.. пософистициран,побрз,почист.
 
Chrome rules
Закон е пребарувачот, само ме нервира има еден bug Confirm Form ... ама ќе го средат и тоа кај да е, инаку за брзина е одличен немам зборови.
 
За да инсталираш google chrome треба претходно да ја избришиш мозилата ?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom