Од тие игри погоре 3 ќе ги има и за ПЦ. А кој од нив јас би сакал да ги играм? Ниедна, евентуално една и таа излегува за ПЦ.
Ај да ја свртиме топката. Да ѕирниме на другата старана од месечината.
Колку игри има на Steam. Последно што видов имаше околу 1300 наслови. Колку вкупно игри има на Xbox 360 - 700 и кусур, а на ПС3 има 600 и нешто. И сега кај има најмногу?
На Steam секој втор ден има неколку нови игри, некогаш една некогаш повеќе! Да ги додадеме Impule, D2D и што правиме.
Во никој случај не е црно како што велиш.
Какви багови бре? Ако има багови ги има на сите платформи. Пример: Fallout New Vegas. Тие смешните багови ги имаше сегде. И пази, на ПЦ развивачот на играта ќе извади пач и завршена работа, на XBOX развивачот ќе извади пач и ќе ти го наплати. Да, на XBOX надградбите се наплаќаат, освен првата. Ако сакаш втора треба да си доплатиш. Таква била политиката на Microsoft.
Тоа што го викаш багови, најверојатно мислиш на лоши портирања од конзола на ПЦ. Ама тоа не се багови, тоа се графика со слаби текстури и помалку детални модели, глупи контроли, камера која се движи како што не треба. Тоа не се багови, туку се несредување на ваквите работи посебно за секоја платформа. За среќа се случило кај релатвно мал број на игри и тоа игри кои и на конзолите не биле нешто посебно.
А да, чекај. Имам забележано многу се имаш жалено на кракнати верзии од ПЦ игриве. И затоа сега вака ми пишуваш. Ами сега купи ја играта и нема да имаш никакви багови, немој сега со краковите прикаски.