Зошто љубовта преминува во омраза?

  • Креатор на темата Креатор на темата Дивајн
  • Време на започнување Време на започнување
И баш тој некој којшто ни бил се, со кој сме делеле се, на кој сме му кажувале се, кој ни кажувал се, со кој сме се смееле и плачеле... кога после се тоа баш тој некој којшто неизмерно сме го сакале и за кој многу нешта сме ризикувале, кој сме го сметале како дел од нас и не сме составале ниту една реченица без да помислиме на него...кога баш тој некој од многубројната толпа за нас незначајни битија ќе се најде да не изневери, разочара и повреди, кога во само една минута ќе го уништи сето она за коешто вие толку многу сте ризикувале, толку многу сте сонувале, толку многу сте се труделе и бореле и на самиот крај ќе го уништи нештото за коешто сте живееле, во само една единствена минута, мислите дека би можеле да продолжите да го сакате? Или пак би можеле да останете рамнодушни кон таа особа?

-Јас не можам. Ако некого искрено сум сакала не би можела подоцна да останам рамнодушна кон него, можам да глумам само рамнодушност, ама искрено секогаш или ќе го сакам или ќе го мразам. А бидејќи не можам да останам рамнодушна, а не можам ни да сакам некој кој толку ме повредил едноставно не ми преостанува ништо друго туку да го мразам...Но,таа омраза е далеку од вистинска омраза, зашто како и да е, ако сме сакале од срце никогаш нема да можеме да го мразиме тој некој којшто сме го сакале па колку и да не повредил...

п.с. Зборувам за бивши кој вистински сме го сакале а не бивши како бивши...
Не верувам дека некој ги мрази бившите како бивши кон кој не осеќале ништо, но можеби грешам.
..:)
Се согласувам со постот на The Goddess.Кога некој со кој сме го поминувале целото време,со кој сме делеле и добро и лошо,на кој сме му верувале одеднаш ќе ги изневери нашите очекувања,ќе не повреди на било кој начин тогаш љубовта преминува во омраза.Пред тоа силно сме сакале и тоа наеднаш се претвора во силна омраза.Уствари не можиш преку ноќ некој да замразиш или засакаш.Едноставно љубовта ја потиснуваш длабоко во себе и на површина останува само разочараноста,повредената суета и слично.
 
Не сфаќам како може да мразиш некој, што до вчера ти бил се?! Мислам дека ова не е можно. Доколку навистина мразиш некој, а до вчера си го „сакал“, тогаш сметам дека не се работело да права љубов. Зашто без разлика на се, без разлика на тоа колку те повредил, или колку пати те изневерил...не може да се мрази саканиот од една едноставна причина, правата љубов, секогаш е подготвена за прошка. Можеби да не можеш на моменти да го поднесеш...ама омраза? Мразење или омраза, како сакате...е тежок збор.
 
не можи некој да е со некого да го сака...збораме за вистинска љубов...и ако згреши нешто или ако изневерил....можи само да му се лутиш а да мразиш нема шанси....па шо сака нека има напраено....а љубовта простува...
 
Because there is a thin line between love and hate :]

Кој тоа вика? Некој писател. И сите тоа го имаат прифатено како драво за готово. Се согласувам со капетан, дури и да згреши нешто тој или таа, ако се работи за вистинска љубов, ќе му се налутиш извесно време, но и да сакаш нема да можеш да го замразиш. Зашто како што веќе кажав, љубовта секогаш е подготвена да прости!
 
Мислам дека може многу брзо да се замрази некој што се си му дал во животот, што си потрошил подолго време и внимание, а тој да те искористи и повреди на низок начин
 
Затоа што едноставно некој запознал повеќе од тебе...Те гледа на сосема поинаков начин, и при крај на една врска знаеш дека некој зема нешто од тебе, и тоа тебе те нервира и повредува...
 
Кој тоа вика? Некој писател. И сите тоа го имаат прифатено како драво за готово. Се согласувам со капетан, дури и да згреши нешто тој или таа, ако се работи за вистинска љубов, ќе му се налутиш извесно време, но и да сакаш нема да можеш да го замразиш. Зашто како што веќе кажав, љубовта секогаш е подготвена да прости!

Праведни се твоите зборови, вистинската љубов се извинува и се простува. Во нејзе нема место за прекор.
 
Не сфаќам како може да мразиш некој, што до вчера ти бил се?! Мислам дека ова не е можно. Доколку навистина мразиш некој, а до вчера си го „сакал“, тогаш сметам дека не се работело да права љубов. Зашто без разлика на се, без разлика на тоа колку те повредил, или колку пати те изневерил...не може да се мрази саканиот од една едноставна причина, правата љубов, секогаш е подготвена за прошка. Можеби да не можеш на моменти да го поднесеш...ама омраза? Мразење или омраза, како сакате...е тежок збор.

Зошто да не? Ако ти си го посветил/а целото твое време, внимание, си изгубил/а многу други работи само заради него/неа, си го дал/а "животот" за него/неа и на крај тој/таа многу тешко те повредил/а, зошто љубовта да не премине во омраза... (ама сепак се зависи од лицата вмешани во случајот, нели?)
 
Љубовта не преминува во омраза, љубовта е најчистото нешто кое излегува и од најгрешниот човек. А за тоа како може да се мрази некој кој некогаш ни бил се`, со кого сме поминале убаво време, со кого сме се смееле, со кого сме шетале, со кого сме делеле нешто повеќе од кафе-муабет.. одговорот е едноставнен, затоа што дошол момент кога сме сфатиле дека тој човек не е онаа личност која сме мислеле дека е.. и ние сме се смееле и шетале и делеле со некој кој не постои со некој кој сме го идеализирале со некој кој сме мислеле дека е она вистинското кон кое копнееме и во еден момент сме сфатиле дека не е. Тогаш сме гневни бесни разочарани повредени, некогаш се мразиме себе што не сме го виделе на време вистинското лице на тој човек а некогаш мразиме бидејки се осекаме измамени изиграни.. едноставно е се посветуваш на некој целосно, се предваш вистински.. го прифакаш со сите негови маани го љубиш искрено, веруваш дека она што е мегу вас е чисто и вистинско и доага момент кога баш тој човек кој до вчера бил твоето се ти покажува дека твоето се.. била само една маска.. бидејки тој што си го љубел никогаш не би те повредил, никогаш не би те оставил и што е најбитно никогаш не би бил рамнодушен према тебе. Мразиме само бидејки сфакаме дека сме граделе нешто што веке го нема со личност која всушност не постои...
 
Праведни се твоите зборови, вистинската љубов се извинува и се простува. Во нејзе нема место за прекор.

Да Кат ама да дозволиш ти на крај да излезеш таа што понатаму не може да живее во живот полн со сомнежи и страдања? Што ќе бидеш разочарана од целот машки свет? Што ќе бидеш искористена?
 
Да Кат ама да дозволиш ти на крај да излезеш таа што понатаму не може да живее во живот полн со сомнежи и страдања? Што ќе бидеш разочарана од целот машки свет? Што ќе бидеш искористена?

Вистинската љубов е таква ив. совршена љубов е таа, како што зборува Апостол Павле во Неговото послание до Коринтјаните. Прочитај го да видиш колку е најубаво :)
 
Мојот 300ти пост сакам да биде току на оваа тема...
Па да видиме, да се надоврзам на рпетходно што имав кажано...
Не дека е некоја си омраза, едноставно кривица затоа што знаеш дека некој/а таму некаде со друг/а, ќе го прави она што ти со го сакал/а, и ќе го користи за понатамошна сатисфкација и привлекување на нови шартнери мислејќи дека она што го сакаш ти го сакаат сите...
Едноставно почнуваш да веруваш дека твојата интима е искористена и дека на тој начин цел свет те спознава индиректно...
 
Праведни се твоите зборови, вистинската љубов се извинува и се простува. Во нејзе нема место за прекор.


Дали ти имаш некој што вистински го љубиш? и ако го имаш дали не си го прекорила за нешто??
 
Вистинската љубов е таква ив. совршена љубов е таа, како што зборува Апостол Павле во Неговото послание до Коринтјаните. Прочитај го да видиш колку е најубаво :)

Жал ми е Кат ама во ова не можеме да се сложиме:uvo:
 
Жал ми е Кат ама во ова не можеме да се сложиме:uvo:
На тебе си е тоа како си осеќаш. во секое срце има различни чувства :)

Дали ти имаш некој што вистински го љубиш? и ако го имаш дали не си го прекорила за нешто??

Зборови од љубов и милост никогаш не може да се прекор.

секое ти добро.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom