Зошто љубовта преминува во омраза?

Член од
27 август 2008
Мислења
17
Поени од реакции
1
Во никој случај не треба да мразиме, затоа што во стравот лежи омразата и обратно, треба да си покажеме на себеси дека не сме толку ниски.
 
А

Александра Д.

Гостин
Има теми со слична содржина во Љ и С, но тука за нешто друго сакам да продискутираме.
Читајќи ја темата за пораки до бившите партнери, забележав дека се преретки луѓето кои немаат лоши мисли и пораки за нив.
Поради тоа, еве да прашам, зошто љубовта преминува во омраза?
Зошто кај тие што мразат, се јавува тоа чувство за некого со кого некогаш самите биле во врска? Како може да се мрази некој кој некогаш ни бил се`, со кого сме поминале убаво време, со кого сме се смееле, со кого сме шетале, со кого сме делеле нешто повеќе од кафе-муабет?
Кои се причините за тоа?
Колку и како треба да не повреди некој за да еден ден го сакаме, а веќе наредниот го мразиме?
Дали е тоа навистина во ред?
Дали со тоа, можеби потсвесно самите се мразиме, што сме биле со погрешен човек, што сме дозволиле да не повреди или остави?

Кого и зошто мразиме откако престануваме да сакаме?:pipi:
Јас мислам дека подобро е да се каже ЉУБОМОРА која изгледа како озраза(а љубомората е тенко повржана со љубовта). Го мразиме фактот дека е со друг/а и на него/неа и ги кажува убавите зборови што некогаш ти ги посветувал тебе-им љубомориме. Мислам и дека го/ја „мразат“ и поради мислењето на другите, да се докажат дека веќе не му/и е потребна и дека „можат“ без истиот. Мислам дека е нормално кога ќе раскинеме да ни е бар малку жал, но сепак да го/ја мразиме..и не ми изгледа како за нормален човек. Не знам како некои можат да ги мразат бившите затоа што некогаш биле со нив. Според мене секој кој одвоил време да ми каже дека ме сака, дека сака да е со мене во тој момент не заслужува утре кога ќе е готово да го мразам. Како кога издвоил бар една секунда за мене? Јас тоа многу го ценам како и луѓето кои сакале да се со мене..:pipi:
 

Jin

Член од
17 февруари 2008
Мислења
419
Поени од реакции
20
Е па вака сеа љубовта преминува во омраза затоа што љубов НЕМА!!
 

dedanoe

As sum A ss um
Член од
3 ноември 2008
Мислења
312
Поени од реакции
7
Љубоф е нагон со кој итаме кон исцелување со тао шо ни недостига и ни фали. Омраза е нагон со кој го отфрламе тао шо е вишок. Таман е само урамнотеженоста на Светиот Глобален Неподвижен Баланс. љубофта е сина капка во црвениот океан како шо омразата е црвена капка во синиот океан. Љубофта преоѓа во омраза како шо вербата преоѓа во сомнеж затоа шо итајќи со љубоф кон состојбата ТАМАН прелетуваш од другата страна јер кога ќе го доспееш тоа имаш максимум тенденција да излеташ од другата страна (тоа се објаснува со динамиката на лостови или според физиката пред деданое: кај математичките нишала кинетичката енергија се претвора во потенцијална и обратно). али зато народот вели „ко се бие тај се воли а ко се воли тај се сакати“ :uvo: Не ме нарекувај Бог оти јас сум сал обичен гад!!
 

Дивајн

блаблабла
Член од
3 април 2005
Мислења
15.748
Поени од реакции
1.855
Е па вака сеа љубовта преминува во омраза затоа што љубов НЕМА!!
Како може љубовта да премине во омраза затоа што ја нема? Нели нема логика? Сакаше да кажеш нешто па лошо се изрази или?
 
Член од
25 март 2007
Мислења
204
Поени од реакции
14
Љубовта преминува во омраза затоа што полесно е да преболиш некој што го мразиш, отколку да преболиш некој што го сакаш.
 
Член од
16 септември 2008
Мислења
45
Поени од реакции
0
Со самото раскинување или разделување доваѓа до лутина на двата пола па затоа се мразат или чуствувааат омраза еден на друг. Барем јас така мислам!
 

Мишелинка

расол
Член од
19 мај 2006
Мислења
3.449
Поени од реакции
385
Во мојот случај секогаш се работи за тоа што се плашам да прекинам да чувствувам, или едноставно имам потраба да чувствувам било што. Затоа имам фејкано и омраза и љубов, за да ми биде полесно и да сум помирна...
Зашто најчесто се случува така што ми е совршено сеедно и сум безволна и неинспирирана... Тогаш си вршам автосугестија дека сакам или мразам некого, за да бидам исполнета. Колку и да звучи ова ретардирано...
А кога вистински сакам... Не проаѓа тоа во омраза. Поверојатно ми е само да си пројде или да е засенето од љубовта кон некој друг..
 
Член од
6 ноември 2007
Мислења
848
Поени од реакции
44
Омразата не произлегува од љубовта,туку од измамените надежи..
Во оваа мисла е скоцкано тоа што јас имам да го кажам на оваа тема..Мислам дека е доволно вистинита..
 

Quark

brr,brr...zbrc
Член од
12 март 2008
Мислења
3.489
Поени од реакции
156
Поради тоа, еве да прашам, зошто љубовта преминува во омраза?
Зошто кај тие што мразат, се јавува тоа чувство за некого со кого некогаш самите биле во врска?
Zatoa sto nemalo ljubov.
Zalazuvanje bilo.... ima i takvi koi do grob se zalazuvaat.
Ne sekoj ja ima iskuseno ljubovta, iako sekoj od nas misli deka ja iskusil.
Ljubovta e privilegija, ne sekoj ja ima taa sreka vo zivotot da ja ima taa privilegija :toe:
 

*princess*

..SiMpLy GorGeOuS..
Член од
17 февруари 2008
Мислења
747
Поени од реакции
21
Затоа што токму тој кој ни е најблизок најмногу би можел да не повреди.. Но како и да е,, ова е само моја гледана отстрана констатација затоа што досега кон никого не сум почувствувала омраза и мислам дека нема потреба од такви нешта..Дури на некој начин ни самата не можам, да ги разберам другите кои така се однесуваат,, но јас мислам дека таа омраза е само надворешна,, колку да се истакне пред другите,,тоа најчесто е резултат на гордоста,, за кога ќе изгубиме некого да не се покажеме како слаби и скршени туку напротив..така да,, таа омраза мислам дека претставува само оправдување,, но длабоко во себе личноста сеуште ако веќе го чувствувала,, ќе ја чувствува и понатаму љубовта иако потисната и веројатно ќе страда поради неа се додека не успее да ја преболи..А омразата како таква е резултат на огорченоста која таа личност веројатно ја почувствувала спрема оној кој ја повредил истата,, па затоа е најлесно да се каже...А вистински да љубовта премине во омраза,, значи надвор од случајов кој го опишав,, мислам дека е многу ретко,,дури и невозможно,, и ако веќе се случи тогаш според мене тука не ни постоела вистинска љубов.:pipi:
 
Член од
23 март 2008
Мислења
685
Поени од реакции
165
Najverojatno zosto ljubovta pemnogu boli ,i posle tolku patenje i bolka sledna emocija e omrazata.
 

ada

Модератор! ок?
Член од
21 август 2006
Мислења
5.706
Поени од реакции
566
Љубовта и омразата се скоро идентични емоции кои лесно се претопуваат една во друга.
И нормално е после разочарување љубовта да премине во омраза.
Лично, луѓето кои најмногу ги сакам, најсилно и ги мразам кога ќе ме разочараат.

Затоа што, спротивноста на љубовта не е омразата, туку рамнодушноста.
Аналогно, не може да мразиш некој кој што не ти значи.
 

Дивајн

блаблабла
Член од
3 април 2005
Мислења
15.748
Поени од реакции
1.855
Љубовта и омразата се скоро идентични емоции кои лесно се претопуваат една во друга.
И нормално е после разочарување љубовта да премине во омраза.
Лично, луѓето кои најмногу ги сакам, најсилно и ги мразам кога ќе ме разочараат.

Затоа што, спротивноста на љубовта не е омразата, туку рамнодушноста.
Аналогно, не може да мразиш некој кој што не ти значи.
Логично изгледа кога се чита, но сепак мене не ми е јасно тоа. Не сум почувствувала омраза никогаш. Секогаш после раскинувањата сум чувствувала болка, носталгија, разочараност но никогаш омраза. Баш поради тоа што и омразата е многу силна емоција, не ми е јасно како може да се чувствува за некој што сме го сакале. Многу појасно ми е да се мразиме, но самите ние, затоа што сеуште чувствуваме љубов кон партнерот. Нали?:raz:
 
Член од
9 февруари 2008
Мислења
542
Поени од реакции
15
воопшто не мислам така, јас барем не ги мразам тие со кои сум била зосто некогас сум ги сакала...за другите незнам зависи од лицноста и проблемите кои настанале за да они се скараат...лично јас не чуствувам омраза си ги гледам онака како другари и се надевам и тие
 

Kajgana Shop

На врв Bottom